Kajgana Song Contest #342 - Britpop

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.178
Поени од реакции
40.232
Локација
Скопје
На големо разочарување на @Ska Maniac кој си ги лади (нозете) на некоја плажа во моментов, јас победив на неговиот избор. И тоа во негов стил - со турбо фолк. :pos: Затоа, еве од мене нова тема во која нема да дозволам да се протне песна која нема да ги почитува правилата. :P
___________________________________________________________________
Britpop беше музичко и културно движење од Велика Британија од 90-тите години на минатиот век. Од музички аспект, бритпопот продуцираше весел, позитивен и catchy алтернативен рок кој своите корени и влијанија ги влечеше од британскиот гитарски рок од 60-тите и 70-тите, со текстови поврзани со британскиот национален идентитет кои отвараа прашања за британската култура и општество. Бритпопот се смета за музичка реакција на мрачните лирски теми и звуци со кои беше обременета гранџ сцената отаде барата и shoegaze сцената пред се во Британија, во истото време. Ова движење успеа да го премести британскиот алтернативен рок во mainstream (од таму и името BritPOP за всушност ROCK музика).

Бритпопот најчесто се смета за културен феномен, а не за посебен музички правец, но ако би требало да се дефинира музиката која спаѓа под тој феномен, тогаш вака би звучело:
- тоа се алтернативен рок бендови од британската инди сцена од 90-тите, кои
- наоѓаат инспирација во британската гитарска поп музика од 60-тите,
- во глам рок-от од 70-тите,
- и во инди поп-от од 80-тите.

Бендовите од Манчестер: The Smiths, The Stone Roses и Happy Mondays се сметаат за пионери на бритпоп звукот.

Но, кога се зборува за бритпоп, пред се се мисли на големата четворка бендови: Oasis, Blur, Suede и Pulp. Времето на најголема популарност на овој правец е 1993 - 1997, а кулминацијата ја достигнува во 1995 - 1996. Албумот (What’s the Story) Morning Glory? на Oasis е еден од најуспешните и најпродаваните британски албуми воопшто, што само ја потврдува огромната mainstream популарност на оваа музика.

Кон крајот на 90-тите, бендовите кои свират бритпоп полека почнуваат да се распаѓаат или да преминуваат кон нови жанрови. Од пепелта на можеби најпопуларното музичко и културно движење од 90-тите се раѓаат тин поп-от од почетокот на новиот милениум, но и пост-бритпоп инди рок од бендови како Travis или Coldplay.

Можеби најдобрата дефиниција за бритпоп-от потекнува од Дејвид Албарн, фронтменот на Blur (и подоцна на Gorillaz), кој вели: „Бритпопот е анти-гранџ движење. Ако панкот требаше да се реши од хипиците, тогаш бритпопот е тука за да не ослободи од гранџот“.

Други значајни бритпоп бендови се: Elastica, James, Inspiral Carpets, The Boo Radleys, Ocean Colour Scene, Cast, Sleeper, Supergrass, Menswear и како дел од пост-бритпоп движењето: Radiohead, Travis, Coldplay, Stereophonics, The Verve и др.
_________________________________________________
За да не глумиме адвокати и да бараме влакно во јајцето дали нештото е бритпоп или не е, тука:

се прифаќаат песни од СИТЕ РОК БЕНДОВИ од 90-ТИТЕ од ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (со исклучок на grunge и shoegaze песните кои и глув би познал дека се спротивни од тоа што бритпопот претставува).

Па да почнеме!
 
Знаев дека некој ќе се залета со Travis. И мене ми се најомилени од тој период (крај на 90-ти, почеток на 2000-ти), ама песнава не само што не е бритпоп (за што рековме дека нема да бараме влакно во јајце), туку е од албумот The Invisible Band од 2001. :( За малце. Sorry, бирај друга.
 
Инаку, има околу 10-тина песни кои сите беа неверојатни хитови во тој период. Од тие 10, 2 или 3 мислам дека се издвојуваат и уште од сега знам дека ако некој предложи некоја од нив, таа ќе победи тука. Јас ќе почекам да се испуцате вие, па на крај што ќе остане за мене. И онака во моментов ми текнуваат барем 20 песни кои би ги предложил. :P
 
Е Creep е првата дискутабилна предложена песна тука. Дека не е бритпоп, не е, дефинитивно. Алтернативен рок многу близок до гранџ, а ако не и гранџ. Јас не би ја прифатил тука, зашто е баш спротивно на она што бритпопот претставува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom