"Различните бугарски наративи за ликот и делото на Мисирков се потврда дека бугарската наука и историографија фингирајќи лажни и противречни историски наративи целосно го има изгубено компасот. А особено тогаш, кога сака да си ги присвои македонските национални особености. Во недостиг од аргументи, бугарската фабрика за историски фалсификати во јавноста пласира тези што самите си противречат, се анулираат и се ништат. Во една таква состојба на историска дезориентација на бугарската пропаганда, можеме да прочитаме дека Мисирков не само што е Бугарин (!?) туку истовремено е „бугарски патриот“, а и „бугарски предавник“. Со овие тези, дел од бугарските квазинаучници и историчари влегуваат самите во стравотни контрадикторности и прават деконструкција на сопствените шовинистички конструкции за македонскиот јазик или историја. А во последниов случај за нашиот Мисирков, пакет лаги три во едно: Бугарин – патриот – предавник!? Овој пат, кујните во Софија се надминаа себеси…"
Извор: Целиот текст од Нова Македонија
Извор: Целиот текст од Нова Македонија