Политиките на Бугарија кон Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
"Различните бугарски наративи за ликот и делото на Мисирков се потврда дека бугарската наука и историографија фингирајќи лажни и противречни историски наративи целосно го има изгубено компасот. А особено тогаш, кога сака да си ги присвои македонските национални особености. Во недостиг од аргументи, бугарската фабрика за историски фалсификати во јавноста пласира тези што самите си противречат, се анулираат и се ништат. Во една таква состојба на историска дезориентација на бугарската пропаганда, можеме да прочитаме дека Мисирков не само што е Бугарин (!?) туку истовремено е „бугарски патриот“, а и „бугарски предавник“. Со овие тези, дел од бугарските квазинаучници и историчари влегуваат самите во стравотни контрадикторности и прават деконструкција на сопствените шовинистички конструкции за македонскиот јазик или историја. А во последниов случај за нашиот Мисирков, пакет лаги три во едно: Бугарин – патриот – предавник!? Овој пат, кујните во Софија се надминаа себеси…"

Извор: Целиот текст од Нова Македонија
 
Авторот на оваа статија ниту има претстава за историјата како наука, ниту има доволно прочитано бугарски материјали за Красте Петков Мисирков, ниту на самиот Мисирков, ниту има основно чувство за тоа што е нормално, а што не.

Мисирков имал различни периоди во својот живот во кои имал различни позиции. Во еден случај тој се појавува како бугарски патриот, во друг како предавник на бугарската кауза на која претходно служел. Секако, само човек што чита може да го знае ова.
 
Го знаеме тоа - човек што чита, чита, чита, еден ден ќе се разбуди како Бугарин. :pos: :pos: :pos:
Ако прочиташ што напишал Красте Петков Мисирков, можеби ќе дојдеш до овој заклучок, ако го прочиташ Далибор Станковиќ можеби ќе дојдеш до заклучок дека си Србин. Она што го чита човек е многу важно за неговиот развој, за неговото чувство за светот и за себе.
 
Штета што Аспарух веројатно не пишувал. Да пишувал, ќе сте останеле на корените, немаше да се "будите како Бугари". :pos: :pos: :pos:
 
Роден сум во Бугарија, како Бугарин, нема шанси да сум се "разбудил како Бугарин". Ова може да им се случи само на луѓе кои се родени како дел од други народности, а потоа дошле до заклучок дека се Бугари.
 
Ако прочиташ што напишал Красте Петков Мисирков, можеби ќе дојдеш до овој заклучок
Ако прочиташ што Бугарите напишале дека Крсте Петков Мисирков напишал... Ќе дојдеш до бугарски заклучок.

Ако читаш очигледна пропаганда за перење мозок... Ќе ти го исперат мозокот. И ќе веруваш дека си припадник на турски народ иако твојот јазик, твојата култура и обичаи, твоите антрополошки и генетски карактеристики, и сѐ друго - ти нема ни допирни точки со турскиот јазик, култура и обичаи, па и турските генетски карактеристики.
Во психологија ова се нарекува идентификациона дисфорија. Фактот дека цел еден народ страда од тоа, наспроти очигледните факти и реалноста, ни кажува за патологијата наречена Бугарија.
Автоматски споено мислење:

Роден сум во Бугарија, како Бугарин, нема шанси да сум се "разбудил како Бугарин". Ова може да им се случи само на луѓе кои се родени како дел од други народности, а потоа дошле до заклучок дека се Бугари.
Како твоите претци. Ним им го испрале мозокот, или едноставно ги присилиле. Сеедно резултат е ист, а ти едноставно си се родил во таква ситуација. Исто како да си се родел на Марс, ќе се чуствуваше како Марсовец. Само тоа што сега си возрасен и можеш да читаш, да процесираш факти и аргументи, но сеуште одбираш да се заглупуваш со верување дека си припадник на турски народи... Тоа кажува многу за твојата лична способност да се соочиш со реалноста. Но некои луѓе едноставно претпочитаат да се самозалажуваат, така е полесно нели?
 
Јас читам што напишал самиот Мисирков - има многу статии, има мемоари, памфлети итн. Инаку, читам сè, вклучително и пропаганда, како на пример статијата на Станковиќ - чисто од љубопитност.

Дали е тоа така, или дали тие отсекогаш имале бугарски идентитет, нема начин да знаеш - веројатно можам да знам подобро од теб за моите предци. Ако сум роден на Марс, нормално е да се чувствувам како Марсовец. Роден си во Македонија и се чувствуваш како Македонец - исто нормално. Роден сум во Бугарија, се чувствувам како Бугарин. Сега навистина сум возрасен и имам прочитано доволно литература за да можам да судам. За разлика од многу Македонци, сепак, јас читам секаква литература, вклучително и онаа од вашата земја, што ми помага објективно да судам. Така, лесно можам да кажам дека она што го напишал Станковиќ е еднострано и пропагандно, веројатно создадено со антибугарски цели. Да не спомнувам дека има невистини во статијата. Дали јас се лажам себеси читајќи го Мисирков или ти се лажеш себеси нечитајќи го него е интересна теза, нели?

Немам што да бранам. Никој на меѓународно ниво не го оспорува мојот јазик, мојата нација, мојата етничка припадност, односно имам слобода објективно да анализирам работите, а не со цел да барам докази во прилог на мојата теза.

Ајде да направиме една вежба. Санковиќ тврди:
"Јасни се националните позиции на Крсте Петков Мисирков, тој е Македонец и како Македонец гледа на нештата. За Мисирков македонскиот народ беше нешто одделно од соседни народи и затоа ја пропагираше идејата за целосно одделување на македонските интереси од бугарските, грчките или од српските – велат нашите соговорници."
Мисирков тврди:
...Наоѓајки се, заедно со сите мои сонародници, македонските Бугари, пред тешко претчувство за поробување на мојата татковина од Србите и Грците...
...Ние, македонските Бугари, не му веруваме многу на звучниот збор "општословенски интереси"...
...јас сум бугарски националист и би сакал цела Македонија да биде бугарска...
...Ние, македонските Бугари, кои во текот на последните 35 години гледавме само руски конзули-гробокопачи на бугарската нација во Македонија, би сакале Русија и нам, барем сега, да ни помогне да се спасиме од српското ропство...

Ајде сега, неутрално кажи ми дали Станковиќ е во право или Мисирков е во право во однос на себе? Дали Станковиќ е објективен?
 
Последно уредено:
Роден сум во Бугарија, како Бугарин, нема шанси да сум се "разбудил како Бугарин". Ова може да им се случи само на луѓе кои се родени како дел од други народности, а потоа дошле до заклучок дека се Бугари.

И имаш слична физиономија и генотип, а го зборуваш и истиот бугарски јазик како Аспарух и неговите од кланот Дуло и нивните сродни бугарски кланови, нели?

Штета што Аспарух веројатно не пишувал. Да пишувал, ќе сте останеле на корените, немаше да се "будите како Бугари". :pos: :pos: :pos:

Во време кога според хаплотипи и фенотипи точно можам да ти кажам дали неговиотот прадедо бил јапонски морнар што го оставил своето генетско наследство во утробата на неговата прабаба од Бургас или пак дали неговиот прадедо за жена си купил некоја мавританска робинка, тој застанал во времето пред 150 години и се повикува на некои пропагандни памфлетчиња од XIX век.

Инаку, неговиот пропагандист Раковски и за Србите од Шумадија и селата околу Белград тврдел дека се Бугари и дека зборуваат бугарски. Па ти самиот заклучи си со какви соговорници си имаш работа.

1756289360434.png
1756289412574.png
 
Последно уредено:
Јас читам што напишал самиот Мисирков - има многу статии, има мемоари, памфлети итн.
На ова ти се заснова тезата?
Дека бугарските се точните верзии од нешто наводно напишано од Крсте Мисирков? Дека тоа е навистина напишано од човек кој целиот живот се сметал себе си за Македонец, но ете правата вистина е скриена во некој текст што го има само во бугарските архиви? Или српски архиви? Власниците на тие архиви треба да бидат земени како репер за потеклото на таков документ - иако имаат интерес да поседуваат нешто такво дури и да е фалсификувано?

Што ако утре во српските архиви се најде документ каде цар Борис напишал некое писмо каде се идентификува како Србин, или ете Хрват? Тоа ќе биде репер за ти да признаеш дека и ти си Србин/Хрват? Ме разбираш ли воопшто што ти кажувам? Или не се ни обидуваш?
Автоматски споено мислење:

Зошто сите умствени гимнастики со некакви српски писанија од некој Санковиќ или некои други?
Ајде биди коректен и одоговори ми на едноставно прашање: Што има турско во вашата/нашата сродна култура? Колку обичаи се слични со тие од турската култура? Што има слично со турскиот во твојот фенотип (физичкиот изглед, надворешноста)? Што има слично со турската генетика? Пошто тоа е утврдено со ДНК анализи од останките во некрополите, а потмците на тие дамнешни Бугари и ден денес живеат во Русија. Фактите се познати, и со нив немате докажлива сродност вие луѓето кои живеете во државата која денес се нарекува Бугарија.

Се обидувам да те соочам со реалноста дека вие таму сте слични прво најмногу со нас а потоа и со другите соседи, ама не и со турски народи какви што дефакто и дејуре биле/се Бугарите од дамнина со кои вие погрешно се идентификувате. И тука е најголемата иронија, вие што погрешно се идентификувате со турски народ - вие нам ни го солите умот дека и ние сме турски народ? Можеш ли воопшто да ја видиш иронијата, и какви глупости спречуваат зближување меѓу два роднински народи? Чукнете си ја малку главата.
 
Горенаведените цитати се од книга објавена со Државниот архив на Република Македонија. Ако прочиташ малку повеќе од она што го напишал Мисирков, ќе видиш дека тој не се самоидентификувал како Македонец во текот на целиот свој живот. Ако некој го тврди ова, тогаш не знае ни 1% од работите што ги напишал Мисирков.

Совршено разбирам што сакаш да кажеш. Велиш дека "ако нешто не ми се допаѓа, тоа е лажно/фалсификат". Сум сретнал/а со оваа логика дури и меѓу наводно професионални историчари од Република Македонија.

Затоа што токму неговата (на Далибор Станковиќ) статија цитира твојот сограѓанин.

Има многу турски работи во нашата култура. 5 века отоманско владеење е доволно време за да се усвојат работи од една култура. Голем дел од нашите архаични зборови се од турско потекло. Како се чувствувал Красте Петков Мисирков и како јас се чувствувам нема никаква врска со никаква ДНК.

Вие во Вардарска Македонија имате повеќе турско влијание, од чисто објективни причини, но во последните 100 години имате и огромно српско влијание, покрај тоа малку грчко од југ и малку албанско од запад. Кај нас турското влијание е помало, но имаме и руско влијание, малку грчко, малку романско на север и малку српско на северозапад.

Всушност, се идентификуваме со 3 древни народи: прабугари, траки и словени, при што најзначајниот елемент е словенскиот, тракискиот речиси и да не постои, а прабугарскиот е повеќе како народ кој ја создал државата. Современите Бугари се идентификуваат 99% со Словените, во однос на јазикот, културата, традициите итн.
 
Бугарската историја за Македонија е нешто налик бугарското сирење - полно со имитирачки состојки.
Додека бугарското државјанство дадено на над 99% од сите македоници досега е нешто како бугарското сирење - т.н. „брзозреечко (тоа што брзо созрева)“.
 
Не постои таков производ наречен „бугарско сирење“. Кај нас се произведуваат стотици видови сирење со различен квалитет - има по нешто за секого, но ако има имитирачки производ, тогаш тоа не е сирење, туку "имитирачки производ" - така е во ЕУ, не знам како е во вашата земја. Во нашата земја, дури постои ограничување на содржината на вода во сирењето за да се нарече сирење. Затоа, чувај ја омразата за себе.
 
Толку е квалитетно што дури го извезувате, нели? Еве по нов закон сирење ќе се нарекува и она што...:

https://aktivnipotrebiteli.bg/стати...-Активни-потребители:-„ЗА“-б'лгарското-сирене
"Традиционалната технологија води до производство на сирење со содржина на вода од 54% (за кравјо млеко), колку што е напишано во Правилникот за производство на сирење. Кога беше изготвена сегашната регулатива, под притисок на производителите, границата на дозволената содржина на вода беше зголемена на 60%, што го сфативме како неизбежен компромис. Но, ако сега се спроведе ново зголемување на водата до предложените 65%, тоа ќе доведе до целосна промена во технологијата за производство на сирење."

Од оние што извадија Бугарски пасош сите заминаа за Германија, не ѓи кривам, зарем тутун да сееја во Македонија,... но неможе никој да ме убеди дека тие се де-факто Бугари, освен што де-јуре се пишаа како такви во Бугарија, беа и си останаа Македонци.

И неможе да ме убеди некој дека само во Софија се знае историската вистина, демек во Скопје и Белград се говори лага, сепак и Софија има претенции за оваа земја Македонска, за народот незнам, но за земјата си има претенции, и последователно историјата којашто излегува од Софија е искривена заради остварување на целите Бугарија на седум мориња...
 
Никој не тврди дека се де факто Бугари. Ако имате бугарски пасош, сте бугарски државјанин, т.е. Бугарин по националност. Останатото е самоопределување (етничка група).

Никој не тврди дека сè што доаѓа од „Скопје“ е лага, уште повеќе од „Белград“. Напротив, вашиот сограѓанин мисли дека сè што доаѓа од Бугарија е лага. Јас немам такви екстремни идеи, бидејќи тие се граничат со шовинизам. Бугарија нема никакви претензии кон државата Северна Македонија и тоа е јасно декларирано. Треба да прочитате малку повеќе за тоа што всушност пишуваат современите бугарски историчари за да извлечете свој заклучок. Инаку, зборуваш „напамет“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom