Имам некое претчувство дека Конте ќе го претвори Хојлунд во машина, и ќе искине во Италија како Мектоминеј. Воопшто не би ме чудело да е во тим на сезоната, највероватно ќе зависи и од формата на ропакот Глупаку колку ќе игра Хојлунд.
За Аморим не знам што да мислам веќе искрено. Од една страна, нема ни цела година откако е тука и секој менаџер (според мене) заслужува барем 2 цели сезони пред да се каже дека е дефинитивно до него проблемот, или барем дека тој е дел од проблемот. Си има проблеми со ѓубриња како Рашфорд, Ентони, Санчо, Гарначо. Само 4 играчи му имаат купено, можеби ќе е друго кога ќе си направи свој тим.
Од друга страна, за мене најважен индикатор за тоа колку е добар или колку може да биде добар еден менаџер, е тоа колку фудбалери се подобрени под него што веќе биле во клубот. Не ми текнува на ниту едно име за оваа нецела година, напротив, повеќето се уште полоши од што беа. Далот на пример, мислев дека го допре дното многу одамна, тој решил и подрум да копа накај Австралија.
Од трета страна, да се серам на мртвата 3421 формација. Воопшто не ја сакам и мислам дека не е добра формација за врвен, атрактивен, успешен фудбал. Освен Конте што изгази со Челзи една сезона во ПЛ и Тухел што освои турнир исто со Челзи, никој нема ништо посебно направено со оваа формација, или барем мене не ми текнува. На прсти се бројат и менаџерите што ја користат, па носејќи играчи за оваа формација е голем ризик, и ако го отпуштат Аморим пак ќе сме во ситуација пола од тимот да не одговара на новиот менаџер. Освен ако тој нов менаџер не е Нуно Еспирито Санто или Постекоглу, што некој ги спомна претходно.
Рано е да му се суди, ама знаците не се воопшто ветувачки. Ако денот по утрото се познава...