Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Слабо годинава се постираат фискални сметки од Охрид, шо е работава? :icon_mrgr:
Пошто сегде е поскапо и се нема изговор да се плука и на памет да се збори.

Во Скопје гиро 360 ми наплаќаат во Охрид 240 мислам беше.
Топка сладолед 100 денари платив во Скопје вчера, во Охрид во чаршија 80 беше пред еден месец.
Бурек до 100ка во Скопје, Охрид 70.

Е сега тие што се жалат дека Мк е скапо одат во грција и таму у шок се пошто све е кренато, па си ќутат. Експресо на прв крак 5 евра, гиро 12 евра. Смештај ретко испод 100 евра од ден.
 
Николовски на телевизија спомна кејот несмее да се реновира ради Унеско исто така Марината?

Стварно е банално тоа реално. Бекатонките се стари а и бродовите кадешто доаѓаат е нечисто и старо. Незнаев дека уствари забрана има од Унеско да се модернизира ова.
 
Николоски малце да поводи сметка какви се не дозволи за градење дадоа и неговото ресорно министерство, и побратимот Пецакоски, па потоа да продава пуфки.

1755692860371.png

Има бе пилот во авионов?? Минатата недела бев Љубаништа во кампот, 300 денари паркинг, а дур стигниш до таму колата најверојатно и на тотален ремонт ќе ти завршит.
Некој работи се прајслес, за се останато постои мастеркард.
 
Николоски малце да поводи сметка какви се не дозволи за градење дадоа и неговото ресорно министерство, и побратимот Пецакоски, па потоа да продава пуфки.

Прегледај го приврзокот 453513

Има бе пилот во авионов?? Минатата недела бев Љубаништа во кампот, 300 денари паркинг, а дур стигниш до таму колата најверојатно и на тотален ремонт ќе ти завршит.
Некој работи се прајслес, за се останато постои мастеркард.
Ме цитираш а не ми одговараш тоа што го пишувам. Стварно ли несмее кејот и тоа кај марината да се реновира?
 
Ме цитираш а не ми одговараш тоа што го пишувам. Стварно ли несмее кејот и тоа кај марината да се реновира?
Не знам. Многу објекти кои не беа дозволени, се реновираа, некои се срушија и се изградија нови на нивно место.
Кејот нема потреба да се реновира, кога ќе се види целосната слика за Охрид, би рекла дека кејот е најмал проблем.
 
Патот за Св Наум го реновираја но не го проширија со оправдување дека ќе се уништела флората и фауната во заштитно подрачје, но за дивоградби кога се легализираат и променуваат урбанистички планови како тој за хотелот на Мијалков на чија локација имаше и пожар(бидејќи беше забрането сеча на боровата шума) тогаш ни флора ни фауна ни Унеско не се прашвит. Нефи на кеј што ги изгради двете куќи си го узурпира тротоарот пред едната за паркинг пред другата тераса за кафич и сите институции се глуви и неупатени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom