Не сакам да се летам одма со заклучоци, само ова што денес го видовме од новите играчи е стварно разочарувачки.
Ние уствари најголема дупка сме на лево крило, овој Кеита џабе што е таква атлета кога нема никаква техника, на секој влез нешто цупка во место пред да скокне, малиот Брестовац со метро ипол висина паради му прави.
На десен бек Митровиќ може да го изделкаме до пролет, млад е само 20 години, се гледа и дека гори од желба за докажување.
Со такви предиспозиции и јачина на шут има доста простор за напредок.
Марчиниак со движењата ми делува како класичен македонски десен бек, тотално безопасен во напад, главно додавач за другите бекови, нема скок шут, нема игра еден на еден, секој напад само во лева страна напаѓа, мислиш Томи или Велковски ги гледаш.
Пикерот Јанковски исто катастрофа.
Голманот Валах и Боно слабо денес, само за нив двајца верувам дека можат многу повеќе, статистиката од претходните клубови и искуството што го имаат стекнато ветува подобри партии.
Може само им треба малку време за адаптација и влегување во форма.