Дали минималната плата треба да биде иста во сите општини?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.613
Поени од реакции
35.900
Возраст
41
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во моментов минималната плата во Македонија е иста без разлика дали живеете во Скопје или во мало село каде трошоците за живот се значително пониски.

Некои велат дека тоа е фер, бидејќи сите треба да имаат еднаква основа за живот.

Други пак сметаат дека платата треба да се прилагоди на локалните услови и цени.

Што мислите за ова?
 
Треба на секаде низ Македонија минималната плата да биде иста.Во спротивно во Скопје ќе имате уште поголем прилив на провинцијалци па ќе се жалите на истите.
 
Разбирам што сакаш да кажеш - ако платата е пониска во помалите градови, повеќе луѓе ќе бараат работа во Скопје.

Но, од друга страна, трошоците за живот во Скопје и во помалите места не се исти. Така да, повисока минимална плата не значи автоматски и поудобен живот.

Прашањето е дали е пофер сите да имаат иста минимална плата или таа да се прилагоди на локалните услови, а со тоа и да се балансира и приливот на луѓе.
 
Не е фер да сите имаат иста минимална плата, во градовите од внатрешноста треба да биде поголема. Така ќе се намали миграцијата кон Скопје, ќе се развиваат и другите градови и ќе бидат на некој начин „субвенционирани“ што имаат полоши услови за живот.
 
Интересно размислување. Како сметаш дека ќе реагираат работодавците на ова? Еве на пример во угостителство: Ем имаат помали приходи (пошто цените се пониски), ем ќе треба да одвојат повеќе за плати :)
 
Иронично го пишав ова :D инаку нема логика бидејки генерално бизнисите во внатрешноста се помалку економски способни да дадат поголеми плати. Инаку не мислам дека трошоците за живот во другите градови се многу помали, ете на пример за стан во Скопје од колега дознав дека плаќа 2000 денари за парното (а парното пука од топлина) додека мене ми требаат 10000+ да згреам како што треба. За секоја посериозна медицинска услуга пак одење Скопје дополнителни трошоци, ако имаш деца студенти тука пак ќе ти дојдат најголемите трошоци за сместување патување додека тие што си се таму во Скопје ќе заштедат некој денар по тие ставки
 
А што е толку поефтино во другите градови освен угостителство?

Енергенси, храна и пијалоци се иста цена сегде. Цените во КАМ, Тинекс сегде се исти.
За кирија не споредуваме зошто ретко кој е надвор од Скопје плаќа кирија каде што живее.

Разликата е само во кафичи, кафани, ресторани, пекари. Тука е осетлива разликата. Ама па никој не ги тера Скопјани да не готват.
 
Минималната да, дефинитивно, и така тоа е проклет минимум за преживување.
 
А што е толку поефтино во другите градови освен угостителство?

Енергенси, храна и пијалоци се иста цена сегде. Цените во КАМ, Тинекс сегде се исти.
За кирија не споредуваме зошто ретко кој е надвор од Скопје плаќа кирија каде што живее.

Разликата е само во кафичи, кафани, ресторани, пекари. Тука е осетлива разликата. Ама па никој не ги тера Скопјани да не готват.
Ни во пекарите нема разлика! Во Велес бурекот со сирење е 80ден! Колку е во Ск?! 90 преку сила!
Оние кујнине што продаваат готвени јадења, иста цена малтене!
Леб, намирници, маркети веќе спомна, иста цена и во Ск и во Чашка!

Само кафаните се разлика, ама и тоа зависи каде и што! Има кафани у Велес што се поскапи од кафани во Скопје и обратно...
 
А ако ја земеме обратно работата односно размислувањето... ако ви е малку во Скопје таа минимална што не одите си тие пари да жевеете во некое село на 100-150 километри од Скопје. Најдете таму работа за која пак мора да ве платат исто колку што ве плаќаат во Скопје и живот ќе живеете таму со истите пари.
 
Ни во пекарите нема разлика! Во Велес бурекот со сирење е 80ден! Колку е во Ск?! 90 преку сила!
Оние кујнине што продаваат готвени јадења, иста цена малтене!
Леб, намирници, маркети веќе спомна, иста цена и во Ск и во Чашка!

Само кафаните се разлика, ама и тоа зависи каде и што! Има кафани у Велес што се поскапи од кафани во Скопје и обратно...
Вчера јадев бурек со месо, вртен бурек во Прилеп е 90 денари. Четвртина 80-85. Пица за човек во "мејнстрејм" ресторан ти е 300-350 денарс.
Готвено јадење порција чини 190 денари.
А остана ли уште некој да работи за минимална? ПА скроз најбејзик работа како редач на жици по фабриките да работиш, Кромберг, Гентерм, Дрекслмајер не верувам испод 30к да си.
 
Не зборуваме сега кој и како ја заработува таа плата..

На друго циља Асид.

А во Ск немаш чистачка испод 40 бона, ама тоа е друг муабет..
 
комуњарите сакаа 500 евра плата одамна, еве им сега 500 имаат али не може да покрие народот трошкови со нив. :kafence:
 
Треба на секаде низ Македонија минималната плата да биде иста.Во спротивно во Скопје ќе имате уште поголем прилив на провинцијалци па ќе се жалите на истите.

samo budala bi se selel za minimalec, doagaat za poveke.

jas sum da e sekade isto, ist trud ista plata ama toa ne funkcionira taka ni na svetsko nivo
 
Back
На врв Bottom