Kajgana Song Contest #335 - Најдобрата македонска андерграунд ПОП песна

Можат третата и четвртата. Првата во 10 скопски локали да влеземе во 12 ќе ја чуеме. Таа на Ефто не е од познатите, ама е Ефто. Третата ми беше мене во потесен избор ако никој друг не ја стави. Ама и сто песни да се постираат, пак ќе најдам некоја затоа оставив предност за другите.
Е па ајде тогаш нека иде О Биле Билјано од мене, а ти можеш да си ја ставиш од Октавијан ако сакаш.
Автоматски споено мислење:

Инаку и оваа ја заборавив, и оваа веројатно можеше да влезе во конкуренција, ама ај, да не менувам сега, ќе останам со О Биле, Билјано.

Не се секирај бирај било која напротив ми правиш услуга што повеќе песни има што ги сакам во конкуренција толку подобро. Јас имам барем 10 што би ги ставил сега. И Слуга и Цар и Летна Шема се топ избор избери си што ти душа сака.
 
Очигледно треба посебно такмичење на тема "прва половина на 90'те, туѓ срам ме јаде"!

И кога ќе се сетам на ликови како Ристо Бомбата, сега ме фаќа срам, ми иде да се поттурам со пепел :yid:
Па Куку Леле (pun intended :rolleyes:)
а-ууу кои с*ања се снимале и пуштале по ТВ и радио...

Дното на поп-музиката во Македонија, кое мислам никој и никогаш нема да го достигне!
Не е ништо тоа во споредба со ова злодело:

Си останувам на првата песна ама ми текна на Цоко кога го прочитав ова.
 
Не, не, ќе останам со О Биле Билјано, сепак. Таа песна ме потсеќа на убави денови и многу ми е позитивен типот со маица со Гарфилд на сред Макфест. :pos:

Почнаа сами да излегуваат на YT, инаку. Еве и оваа се појави, многу ја сакав кога излезе, некаде крај на 90-ти беше чинам:

А на темата - не знам колку сте упатени, ама имаме ние и прилично активна инди поп сцена (иако кај нас речиси се е инди, нема некои изведувачи зад кои стојат големи продукции, освен можеби Каролина денес и Тоше некогаш, ама сепак, ова ептен се разликува и по звук од mainstream поп-от денес кај нас). Пример за некои изведувачи вака на кои ми текнува од прва: Дина Јашари, Миа Перевска (на Пере од Нокаут малата), Тамара Стојковска, Yon Idy, плус во таа категорија можат да влезат и Дупер, Пијан Славеј, па дури и Funk Shui до некаде. Од изведувачите кои не живеат во Македонија и пејат на англиски, ама пак во некој indie pop правец ми текнува на Јова Радеска и Боби Андонов - и двајцата релативно познати надвор, а ретко кој ги знае тука.
 
Хмммм , незнам дали оваа песна ги исполнува условите на тремава , оти сепак Интервали беа прилично популарни пред 30+ години кај одредена група на слушатели ама мислам дека генерацијава шо има под 30 години појма нема кои се .

П.С. @Sussaro , алал да ти е шо ти текна за словенката од Пинаколада , ко бев тинејџер ми беше ептен секси :icon_lol:

Инаку свири во филхармонија на разни перкусии, а случајно мене вибрафон ми е најверојатно омилен музички инструмент. И мене ми беше многу убава и уште ми е. И ден денешен во позрели години е права кукла, едноставно извира некоја елегантна, женствена и мила енергија од Мојца.

1753380927709.png

1753380994314.png

Можам и да ја слушам и да ја гледам со саати. :love::love::love::love::love:

Иначе Интервали баш со таа песна ми беше исто во потесен избор драго ми е што ја стави ти за да не ја мислам.

Не, не, ќе останам со О Биле Билјано, сепак. Таа песна ме потсеќа на убави денови и многу ми е позитивен типот со маица со Гарфилд на сред Макфест. :pos:

Почнаа сами да излегуваат на YT, инаку. Еве и оваа се појави, многу ја сакав кога излезе, некаде крај на 90-ти беше чинам:

А на темата - не знам колку сте упатени, ама имаме ние и прилично активна инди поп сцена (иако кај нас речиси се е инди, нема некои изведувачи зад кои стојат големи продукции, освен можеби Каролина денес и Тоше некогаш, ама сепак, ова ептен се разликува и по звук од mainstream поп-от денес кај нас). Пример за некои изведувачи вака на кои ми текнува од прва: Дина Јашари, Миа Перевска (на Пере од Нокаут малата), Тамара Стојковска, Yon Idy, плус во таа категорија можат да влезат и Дупер, Пијан Славеј, па дури и Funk Shui до некаде. Од изведувачите кои не живеат во Македонија и пејат на англиски, ама пак во некој indie pop правец ми текнува на Јова Радеска и Боби Андонов - и двајцата релативно познати надвор, а ретко кој ги знае тука.

Дина Јашари ми е срцка и ја обожавам, ја имам гледано може 10 пати што како самостојни концерти што во рамки на некои фестивали.
 
Дина Јашари ми е срцка и ја обожавам, ја имам гледано може 10 пати што како самостојни концерти што во рамки на некои фестивали.
Дина е златно девојче! Многу талентирана и прекрасен вокал. Штета што не е попозната, но кога ќе размислам, може и подобро што не е. Ако не си ги слушал другите што ги спомнав погоре, ѕирни ги. Мене и Јон ми е врв! Дечкото стварно има талент и ако му се поклопат коцките, мислам дека може да догура далеку и во светски рамки. Годинава беше еден од тимот композитори на песната што ја претставуваше Грузија на Евровизија. Оваа ми е омилена мене:

А да, го боцнав еднаш puno дека не се само тоа нивниот арапски турбофолк туку дека имаат и добро, јас Blood Red му ја сакам. Миа Перевска ја слушав у кафана пред некој викенд, Фанк Шуи неколку пати на концерт, Дупер не сум ги гледал ама им ги знам песните, Пијан Славеј исто неколку пати сум го гледал а овие Рада, Боби и Тамара не ги знам ќе ги проверам.
 
А да, го боцнав еднаш puno дека не се само тоа нивниот арапски турбофолк туку дека имаат и добро, јас Blood Red му ја сакам.
А што е најинтересно, тие поим немаат дека имаат нешто добро. А и да го слушнат, нема ни да сфатат колку е добар, така што - останува тоа дека Јон си е наш. :pos:

Јова имаше една соработка со Cyrillic пред некоја година, сигурно си ја слушнал - You Put Me Down, ја умреа од вртење кај нас, ако не се лажам, на Антена 5 дури и ја избраа за хит на годината (за прв пат во историјата песна од македонски изведувачи им беше хит на годината). Ама тоа е далеку од тоа што го прави соло, во Велика Британија. Еве нешто нејзино од таму, ако те интересира - КЛИК

Боби Андонов е детенцето што во 2000-тите ја пееше Прати ми СМС на детскиот Евросонг. Не следам тоа, ако не сум грешка мислам дека се уште е највисоко пласиран наш претставник таму. Тој живееше во Австралија, си имаше релативно успешна кариера таму, ама прочитав дека сега е во САД и последните песни и спотови кои ги објавува се од таму. Еве една од поновите: КЛИК Од него оваа ми е омилена, може најмногу заради спотот, ептен е „секси“ :pos: https://www.youtube.com/watch?v=8t_LPI7rvEI&list=RD8t_LPI7rvEI&start_radio=1&ab_channel=BOBIANDONOV

Тамара има 2-3 песнички само направени, ама тој е стилот, како Дина и Миа.
 
Очигледно треба посебно такмичење на тема "прва половина на 90'те, туѓ срам ме јаде"!

И кога ќе се сетам на ликови како Ристо Бомбата, сега ме фаќа срам, ми иде да се поттурам со пепел :yid:
Па Куку Леле (pun intended :rolleyes:)
а-ууу кои с*ања се снимале и пуштале по ТВ и радио...

Дното на поп-музиката во Македонија, кое мислам никој и никогаш нема да го достигне!
So mu falese be na Risto Bombata. Ako ne se lazam najpovekje kaseti ima prodaeno i toa legalno. Za napraeni kopiii i presnimvanja ic da ne zborame.
P.s bonus traka
 
Последно уредено:
@Sussaro , знам дека Мојца свири тимпани во Филхармонија , и навистина е сеуште многу убава баш ко шо велиш кукла е. Иначе некој ги спомна Ристо Бомбата во негативен контекст . Не дека сум прилепчанец ама Ристо и Тенијата направија револуција во тогашната мак музика . Правеа заебантска музика во стилот на Рамбо Амадеус , и ко шо рече и чкембаров погоре продаваа рекорден број легални албуми . Иначе Кристијан Габроски пред да ги направи Ристо Бомбата и кучешка тенија пееше во бенд кој свиреше алтернативен рок нешто во стил на The Cult , ама тоа време кај нас ( крај на осумдесети ) слабо имаше публика за таков вид музика . И поради тоа реши да направи бенд со кој ќе заработи некој динар ;)
 
Подоцна имаше Кристијан и нормални песни:

Тука па баш му отиде надоле кариерата. Толку беше јако устсновен како Ристо Бомбата, што публиката не прифаќаше ниедна друга верзија од него.
Добар и продуктивен музичар во секој случај.
 
Тука па баш му отиде надоле кариерата. Толку беше јако устсновен како Ристо Бомбата, што публиката не прифаќаше ниедна друга верзија од него.
Добар и продуктивен музичар во секој случај.

Да не се заборави мегахитот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom