Kajgana Song Contest #335 - Најдобрата македонска андерграунд ПОП песна

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Ќерка му на Драган Каранфиловски - Бојс, една од членките на XXL :D Песниште..
 
Нема никаква логика Сашо Спасовски да е ундергроунд, песната ден денес ја пуштат по радио.
И не му е само таа песна хит, само толку памтите.
Не ги гаси свеќите, животе сладок си, имаше уште некоја не ми текнува.

Фората е што сите тука сме на слична возраст и тој период кога биле актуелни Сашо, Арчи и останати денес непознати пејачи, ние сме слушале музика на ист начин па на нас сите ни се познати и ретко кој би се квалификувал за темава.
Ама ако стварно идеш по улица и прашуваш кој е Сашо, Арчи или Ѓорги Крстевски ќе имаш многу зачудени фаци.
Според мене идеалниот наслов на темава треба да е нешто како underrated наместо underground.
Во секој случај топ тема. Ми освежи многу меморија.
 
По мене, песниве кои би требало да влезат тука, се песните од периодот од 1997 ма - 1998 ма до некаде 2004 та. Ова го знам пошто тогаш (1998 ма) ВМРО беа на власт и одеше кампањата "Купувајте македонски производи". Па све тоа се поклопи со една друга кампања - Слушај 100% македонска музика. Имаше и шоуа посветени на исклучиво македонска поп музика кај што ќоро и сакато продефилираа, ко на пример емисијата на Угро на А1 100%. Се сеќавам дека се почна од песнава


дури и се сеќавам дека беше промовирана на шоуто на Викса тогаш, Булевар на А1.

Почнаа да го викаат Дејан Миличевич од Србија да им снима, за тоа време, квалитетни спотови. Па мислам дека секој со кеш у државава што сакаше да биде вртен по телевизии, снимаше спот со Дејан Миличевич и имаше auto-tune песна, пошто врска немаа од пеење. И тоа беше обично некоја денс песна, со рапување и некој женски вокал што го пее рефренот. Ги штанцаа ко на assembly line, иако 99% беше тешко ѓубре. Али тој период се појавија и ликови ко Тоше Проески, Врчак, Нокаут, ДНК и сл. Само Каролина мислам ги шие сите во стаж, од рани 90 ти пее забавна/поп музика.
 
Хмммм , незнам дали оваа песна ги исполнува условите на тремава , оти сепак Интервали беа прилично популарни пред 30+ години кај одредена група на слушатели ама мислам дека генерацијава шо има под 30 години појма нема кои се .

П.С. @Sussaro , алал да ти е шо ти текна за словенката од Пинаколада , ко бев тинејџер ми беше ептен секси :icon_lol:

 
95 посто од песниве стаени ги знае пола накај цела Македонија, цела да е. Тешко и дека реално и би била исполнета ваква тема, ама убава дискусија има ко што спомнавте веќе (y)
Него, у главно пишав за предлог симболично да има после тоа и тема за Ози, заслужува човекот има генерации уништено ама и збогатено со неговото влијание на планетава :roker:
 
Фората е што сите тука сме на слична возраст и тој период кога биле актуелни Сашо, Арчи и останати денес непознати пејачи, ние сме слушале музика на ист начин па на нас сите ни се познати и ретко кој би се квалификувал за темава.
Ама ако стварно идеш по улица и прашуваш кој е Сашо, Арчи или Ѓорги Крстевски ќе имаш многу зачудени фаци.
Според мене идеалниот наслов на темава треба да е нешто како underrated наместо underground.
Во секој случај топ тема. Ми освежи многу меморија.
Сашо Пијам и Млад да ги прашаш сите што имаат над 25год ќе ја знаат, сигурен сум.

Младите не ги интересира ништо, не истражуваат затоа не знаат ништо постаро. Што искочи на тик ток тоа.
За разлика нашата генерација истражуваше. Знаеше и за Синан Сакач и за Ганс енд Розес и за Пинк Флојд иако овие се далеку пред нашето време.
 
 
Веќе е ставена оваа.

95 посто од песниве стаени ги знае пола накај цела Македонија, цела да е. Тешко и дека реално и би била исполнета ваква тема, ама убава дискусија има ко што спомнавте веќе (y)
Него, у главно пишав за предлог симболично да има после тоа и тема за Ози, заслужува човекот има генерации уништено ама и збогатено со неговото влијание на планетава :roker:
За Ози може да отвориме тема секако, да го испоштоваме. Не верувам дека победникот од овој сонг контест ќе биде металец.

@Sussaro ќе пројде ова?

 
Веќе е ставена оваа.


За Ози може да отвориме тема секако, да го испоштоваме. Не верувам дека победникот од овој сонг контест ќе биде металец.

@Sussaro ќе пројде ова?


Може. Да не ве тагнувам, Името твое, Сашо-Пијан и Млад и Нокаут не. За Сашо се мислев ама ете како што гледам и другите викаат дека не е за тука. Името твое и Нокаут се со 800 и 900 илјади прегледи.
 
@Толе Паша
Може. Да не ве тагнувам, Името твое, Сашо-Пијан и Млад и Нокаут не. За Сашо се мислев ама ете како што гледам и другите викаат дека не е за тука. Името твое и Нокаут се со 800 и 900 илјади прегледи.
Тие што останаа без песни соберете нешто од Маја Гроздановска Панчева. Врие победа таму.

@Sussaro ќе отвориш тема за Ози? Со early days, sabbath and after sabbath, solo Ozzy and the last performance. Ќе ја полниме темата со интервјуа, кавери, лајвови, лична продукција, кој како од членовите навлегол во металот и металот постанал негова крв.
 
Се надевам ова може. @Sussaro ?



Или нешто од ова:



Можат третата и четвртата. Првата во 10 скопски локали да влеземе во 12 ќе ја чуеме. Таа на Ефто не е од познатите, ама е Ефто. Третата ми беше мене во потесен избор ако никој друг не ја стави. Ама и сто песни да се постираат, пак ќе најдам некоја затоа оставив предност за другите.
 
Очигледно треба посебно такмичење на тема "прва половина на 90'те, туѓ срам ме јаде"!

И кога ќе се сетам на ликови како Ристо Бомбата, сега ме фаќа срам, ми иде да се поттурам со пепел :yid:
Па Куку Леле (pun intended :rolleyes:)
а-ууу кои с*ања се снимале и пуштале по ТВ и радио...

Дното на поп-музиката во Македонија, кое мислам никој и никогаш нема да го достигне!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom