Kajgana Song Contest #335 - Најдобрата македонска андерграунд ПОП песна

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.230
Поени од реакции
26.385
Знам обично да отворам тема која е субјективна без строги правила или некоја со правила. Оваа ќе биде една мешана затоа што така наложуваат условите, бидејќи се работи за една од моите најомилени музички теми - Македонската Андерграунд Поп Сцена, за која нескромно се сметам за експерт.

Мал вовед во темата.

Овакви бендови и песни ги имало уште кога Македонија била дел од СФРЈ, ги имаше и во периодот од 90тите, но врвот го достигнаа крајот на 90ти и прва декада на 2000 кога секој што имаше кеш стануваше пејач и снимаше спот, а Глигор Копров и Огнен Недекловски се намлатија со пари. За жал во денешно време ги има се помалку и помалку. Значи дечки бираме македонска поп песна за која 80-90% од испитаници на улица нема да имаат појма која е. Не бараме тука Калипои, Тоше, Каролина, Ламбе, Некст Тај, па ни Магија, 2 Бона, Елена Ристевска, Ластовица, Куку Леле, Владо Јаневски, Дарио и слично. Бараме пејач/пејачка/бенд и песна што ако му ја спомнете на другар или ќе ве погледне бледо и ќе мисли дека го заебавате или ќе каже: Да бееееее, леле кај ти текна на таа.

Е сега постои тука сива зона каде што некој од изведувачите не можеме да кажеме дека се популарни ама па од друга страна не се ни тотално анонимуси. Ако се појави такво нешто ќе го решаваме отом-потом со активна дискусија каде што членовите ќе дадат мислење дали вреди да се нарече андерграунд или сепак е доволно позната за да не припаѓа на темава.

Ако барате инспирација и насока може да ја ѕирнете темава:


и што се дискутирало таму, иако не мора да се ограничите на тоа. Се што сметате дека е македонски андергаунд поп хит, ама стварно да е андеграунд ставете. Мислам дека беше доволно објаснување, ја сфативте поентата. Јас имам толку многу за ставање што прво ќе ви дадам предност на вас, па ако нешто што сметам дека е вредно испуштите ќе ставам јас.
 
Underground Pop? Не е малку контрадикторно? Или е underground или е поп.
 
Pop е од Popular :D
Знам, aма ипак има поп артисти кои не праиф мејнстрим музику за заработку,концерти,спотови,славу илимити комерцијала.
Поеф поп за сфој мерак и су познати на андерграунд сцену и ск ти ке ме прашаш кои на пример и ја ке ти кажу појма неам хахаха.

Еве например овија погоре хаха.

Види, и ти си упрао и ја сам упрао.
: D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom