Сподели знаење, искуство, мислење..

  • Креатор на темата Креатор на темата substantial-force
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 февруари 2021
Мислења
9
Поени од реакции
2
Возраст
25
Здраво друштво. Изработувам API за букирање на концерти и ми треба ваше мислење која архитектура би ја употребиле за изработка.

На кратко:
Треба да им се овозможи на корисниците да пребаруваат, резервираат и проверуваат статус на билети.
Системот треба да поддржува различни типови на пребарување.
Нема надворешна база – сите податоци ќе се чуваат во меморија.
Бидејќи резервациите се обработуваат подолго време, корисниците ќе треба да ја проверуваат нивната состојба периодично.
Async процесирање (резервациите се завршуваат за 30-60 секунди).
Проширлива архитектура за лесно додавање нови типови на билети во иднина.

Имајте предвид дека ова е мал дел од поголемо решение, па затоа треба да се размислува однапред за идни проширувања и оптимизации.
 
Прво нешто што треба да го размислиш е делот без база. Што ќе се случи ако апликацијата ти crash-не? Ќе ги изгубиш сите податоци. Вакви типови на апликации мора да имаат некаква база за зачувување на податоците. Да не зборам што хоризонталното скалирањето е невозможно ако се одлучиш да чуваш податоци во меморија.

Архитектурата највише зависи од големината/обемот на податоци што ќе треба да се процесираат.
Ако планираш да процесираш 100 барања на саат, тогаш можеш да има една апликација и целата логика да ја ставиш таму.

Ако сакаш да процесираш 100 во секунда, тогаш е најдобро да имаш микросервисна архитектура, каде што ќе имаш еден сервис што ќе прифаќа барања а друг што ќе ги процесира. Комуникацијата меѓу овие два сервиси може да биде менаџирана со користење на брокер (пример Кафка) со цел да си олесниш за проблеми од типот на race conditions, order processing итн.
 
Здраво,

Со Javascript активно работам веќе неколку години.

Сакам моето знање да го проширам и со .NET.

Моментално гледам туторијали за .NET.

Колку што јас знам, .NET се куца во Visual Studio, а javascript во Visual Studio Code.

Меѓутоа, туторијаливе што ги гледам .NET куцаат и во Visual Studio code.

Дали е тоа во ред и дали препорачувате .NET да се куца во Visual Studio code?
 
Лична преференца е што ќе користиш за .NET. Повеќето користиме Visual Studio ради навика и повеќе функционалности, сепак е фул IDE. На крајот од денот кај си попродуктивен тоа избери го
 
Лична преференца е што ќе користиш за .NET. Повеќето користиме Visual Studio ради навика и повеќе функционалности, сепак е фул IDE. На крајот од денот кај си попродуктивен тоа избери го
Ако сега одберам VS Code, можам ли во понатаму во работа да се префрлам во Visual Studio?
 
Ако сега одберам VS Code, можам ли во понатаму во работа да се префрлам во Visual Studio?
Можеш. Нека не те оптеретува развојната околина за почеток. Ако сакаш сериозно да навлезеш во .нет тогаш студиото е за тебе.
 
Ако сега одберам VS Code, можам ли во понатаму во работа да се префрлам во Visual Studio?
Можеш, нормално. Сепак мој совет ти е да почнеш Visual Studio. Совладај .NET па врати се на VSCode. Сепак и незнам/незнаеш дали некогаш ќе развиваш десктоп(WPF, WinForms) или мобилни апликации(MAUI) кај што во VSCode незнам колку можеш да ги работиш али сигирно ќе има сериозни ограничувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom