- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.075
- Поени од реакции
- 5.073

На пензионерите не им се пишува добро – што ќе ни донесе 2030 година?
Ќе го издржи ли македонскиот пензиски систем ударот на демографијата и економската реалност што ни се насобира пред вратата?
Ќе го издржи ли македонскиот пензиски систем ударот на демографијата и економската реалност што ни се насобира пред вратата? Или можеби само си копаме нова финансиска дупка од која утре ќе нема излез?
Овие дилеми сè почесто кружат меѓу економистите и луѓето што се загрижени за тоа како ќе изгледа Македонија по пет-шест години, кога пензионерите ќе бидат далеку повеќе од оние што го полнат фондот. Се појавија бројки од Институтот за макроекономска анализа, кои не звучат баш утешно: до 2030, пензионерите ќе го надминат прагот од 400.000. Во истиот момент, активните вработени – тие што секој месец од својата плата делат за да се полни пензискиот фонд – ќе бидат сè помалку. И односот, кој во здрава економија треба да биде четворица работници на еден пензионер, кај нас може да падне на едвај 1,3 работник за секој пензионер. Не мириса на добро, нели?
Ај овие генерации пензионерите и ќе истуркаат некако ама ние помладите дали и ќе имаме пензии со оглед на иселувањето !?