Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Мастантуоно го следиме веќе 2 години, интензивно. Само што мислам дека некој од шпанските гиганти нема да го испушти така лесно, евентуално ПСЖ заради Кампос. 38 милиони фунти клаузула.

Се подгреваат пак шпекулациите за Едерсон од Аталанта. Преговараме со Ле Авр за некое детиште, Енцо Кана Бијик. Би ишол на калење во Лозана.

Како шлаг на торта, веројатно ке го имаме Амад, макар делумно за вториот меч со Билбао.


 

Братот паклени стражар пред нирвана. :D
 
Ако Ѓокереш има клаузула зошто се глупираме со Делап и Осимем, може ли некој да објасни?
 
Ако Ѓокереш има клаузула зошто се глупираме со Делап и Осимем, може ли некој да објасни?
Имаше зимата информации дека дечкото не бил заинтересиран за кај нас.
 
Ако Ѓокереш има клаузула зошто се глупираме со Делап и Осимем, може ли некој да објасни?

Ѓокереш сака да игра во ЛШ. Ние технички се уште не сме во ЛШ. Плус гледано, има далеку подобро средени екипи кои веднаш ке му овозможат да се натпреварува за најголемите трофеи, на пример Арсенал. Плус Лондон и Манчестер не се споредуваат како места за живеење.

Од друга страна, голгетери што бушат во Португалија ги снемува кога ке потпишат за голем клуб. Дарвин Њуњез ке го продаваат летово, иако истоварија 100 милиони за истиот, Тареми во Интер не постои иако бушеше во Португалија. Генерално, може да е мачка во вреќа трансфер.
 
Мислам дека чека да види дали ке сме во ЛШ наредната сезона.

 
Pre bi za Kunja nego Gjok. Me fakja strav deka ke fejlne, ko shto pisha Viduk pogore.
Iako generalno sve shto dojde fejlna vo timov, ama aj da ne gubime nadezh.
Куња ќе ни биде 10ка нема прв шпиц да игра.
Иначе аргетинчето од Ривер плејт ми удри мерак да го видам у наш дрес.
 
Иначе аргетинчето од Ривер плејт ми удри мерак да го видам у наш дрес.
Зошто бе, златен талент, сакаш да си ја зацрни кариерата?
 
Зошто бе, златен талент, сакаш да си ја зацрни кариерата?
Досега уништивме доста, мака ми е следна година ќе нема на кого да уништиме кариера. :D
 
Кој од овие набројани игра за елитен клуб од рангот на Барса, Реал, Баерн? Бетис, Наполи, Марсеј, Форест. Гринвуд го продадоа од етички причини, не фудбалски. МекТоминеј исто, мораше да порамњаат PSR сметки и мило ми е што супер му иде во Италија, скоро сите играчи што заминаа во Јунајтед, одлично се снајдоа во Италијанскиот фудбал. Смолинг им доминараше едно време, Јанг, Дармијан.

Ентони 2 години не личеше на фудбалер. Еланга, иако е лимитиран играч створен за контра напади, не би имал место кај нас, ако планираме да играме доминантен фудбал.

Од сите нив, Грунвуд има потенцијал да заврши во поголем клуб, и детето што отиде во Бенфика. Ентони, кога Бетис го има ставено на секој можен маркетиншки материјал, не сака да плати 32 милиони фунти.

Од друга страна, имаш и еден куп играчи кои си заминаа од Јунајтед и не постојат повеќе. Рохо, Баји, Матиќ, Марсијал, Фред, Ван Де Бек.
Марсијал бе хахах го заборавив ликов а едно 10години кај нас вечити талент ама сите против него беа
Автоматски споено мислење:

Мислам дека чека да види дали ке сме во ЛШ наредната сезона.

Јас вакви одма би ги помножил со нула, му даваш понуда и сакаш/нејќеш, чао пријатно кој те ебе, исклучоци само за ултра талентирани
 
Те разбирам, ама моментално на пазарот има само 2 етаблирани напаѓачи, Осимен и Ѓокереш. Исак е нереален трансфер. Така да, секој кој бара напаѓач, не би бил во можност да каже, еве ти понуда, прифаќај одма, или кој те рецка. Алтернативите се Матета, Делап, рајко трајко.
 
Имаме добро искуство со играчи од Спортинг. Последно Бруно бушеше таму...
Реално со Ѓокереш, а позади него Куња-Бруно/Амад би изгледале доста опасни.
 
Играч договорен во Април за наредна сезона? WTF?

Треба трансфери повеќе да правиме летово а види ги колку се влечкаат нашите.
Да почнаа од Јуни до крај на Август три дали ќе успеат да направат. :D



 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom