Serie A 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?

  • Вкупно гласачи
    73
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако Интер не земе ништо а Милан го освои купот би требало да се рачуна дека Милан имал подобра сезона
А пример ако Милан испадне од лига, освои куп, а Интер остане без ниедна титула, поуспешна сезона имал Милан?

Не ви ја разбирам логиката, да е таа титула што би ја освоил Милан ЛШ, Интер потфрлил во битка за Скудетото, а Милан завршил 9-то место на табела, тогаш ајде и држи вода дека би имале поуспешна сезона, ама вака никако. Не може куп и 9-то место на табела да е подобро од битка за Скудето до крај (значи 1 или 2 место), 1/2 финале или финале ЛШ и 1/2 финале куп.

А на страна што Милан има уште еден меч за играње за да освои титула, не знам зошто низ нетов се тераат муабети како веќе да го имаат освоено купот. Болоња не е ни малце наивен противник, си знаеме ние хехе.
 
Ако Интер не земе ништо а Милан го освои купот би требало да се рачуна дека Милан имал подобра сезона...

Е тоа што фановите денес поише се замараат од клубовите кој играч колку кошта и колку пари се прави у ЛШ тоа е друго.

Така да 2ро место без трофеј вреди парично повеќе него "мики маус" купови, али ова е лошо за фудбалот а не позитивно.

Оди пред 30 години направи го мубетов дека 2ро место е појако и ќе те гледаат како умоболен али за жал модерниот фудбалот е бизнис и се е сведено на пари.

Чист фудбал остана по Англија у тоа ниските лиги, мада и таму веќе се е на пари.
По оваа логика Интер имал топ сезони 2021/2022 и 2022/2023 зашто ги освои и купот и суперкупот и двете сезони по ред, втората дури стигна и финале ЛШ. Ја не мислам дека тоа е доволна компензација за искоцкано скудето у првата, а втората сезона дури не бевме ни у игра за скудето (никој друг не беше додуша) зашто Наполи освои уште во февруари. Дури и финале ЛШ не го сметам за компензација на скудето, да земевме да, ќе го сметав и за повеќе од компензација.

И тоа праиме муабет за Интер кој тие две сезони пак бил топ4 и играл ЛШ следна година. Ова не се титули ама треба како клуб да се има некој стандард кај завршуваш дома, 9-то место за Милан не е добар стандард, нема излез кон Европа, освен преку самиот куп.
 
А пример ако Милан испадне од лига, освои куп, а Интер остане без ниедна титула, поуспешна сезона имал Милан?

Не ви ја разбирам логиката, да е таа титула што би ја освоил Милан ЛШ, Интер потфрлил во битка за Скудетото, а Милан завршил 9-то место на табела, тогаш ајде и држи вода дека би имале поуспешна сезона, ама вака никако. Не може куп и 9-то место на табела да е подобро од битка за Скудето до крај (значи 1 или 2 место), 1/2 финале или финале ЛШ и 1/2 финале куп.

А на страна што Милан има уште еден меч за играње за да освои титула, не знам зошто низ нетов се тераат муабети како веќе да го имаат освоено купот. Болоња не е ни малце наивен противник, си знаеме ние хехе.
Еве и ние игравме полуфинале у ЛШ лани/преклани ама мене ништо не ми значи.

Дури и ЛШ финале ништо не значи освен ако не го освоиш, бар за една голема екипа, не зборам за екипи од ранг на Шатјор или Фенербахче.

И финалето у куп ништо не значи док не го освоиш.

Муабетот е дека ЛШ ги изврте работите со тоа што бара топ 4 пласман, претходно се знаело дека само шампион иде у ЛШ и важело правило или си прв на табела или си небитен.

Ако си небитен втора варијанта е купот, или друго европско натпреварување, а вака за жал топ4 пласман се смета за успешна сезона иако ако размислиш врска нема.
Автоматски споено мислење:

По оваа логика Интер имал топ сезони 2021/2022 и 2022/2023 зашто ги освои и купот и суперкупот и двете сезони по ред, втората дури стигна и финале ЛШ. Ја не мислам дека тоа е доволна компензација за искоцкано скудето у првата, а втората сезона дури не бевме ни у игра за скудето (никој друг не беше додуша) зашто Наполи освои уште во февруари. Дури и финале ЛШ не го сметам за компензација на скудето, да земевме да, ќе го сметав и за повеќе од компензација.

И тоа праиме муабет за Интер кој тие две сезони пак бил топ4 и играл ЛШ следна година. Ова не се титули ама треба како клуб да се има некој стандард кај завршуваш дома, 9-то место за Милан не е добар стандард, нема излез кон Европа, освен преку самиот куп.
9то место за Милан никако неможе да биде добра сезона али муабетот ми е да не постоеше топ4 пласман за ЛШ, а тимот освои друг трофеј или па и 2 купа, таква сезона неможе да се смета за лоша.

Би се сметала дури и за добра.

Али без топ4 секоја сезона е катастрофа, не дека тоа е некој успех или трофеј, туку чисто ради пари.
 
Последно уредено:
Првите две сезони кога Инзаги ги доминираше купот и суперкупот само се збореше дека бил мики маус куп и што ти ја знам. Сега стана многу важен фактор.

Кога играат Милан и Интер не мики маус, туку и ципирипи куп да е, пак ќе биде важно кој поминал, освоил. Во тој случај расне значењето.

Е сега, друго е кога има градација, кога еден ќе освои куп, а друг ќе го поништи купот со освено нац првенството или ЛШ.

А сосема трето е што Милан има катастрофална сезона, па и вакви победи не носат некое големо задоволство, ниту па ќе ја променат перцепцијата за оваа сезона.

Како што моментално кај вас е поголем стравот дека може се да изгубите до крај, во две-три недели да останете без ни еден трофеј, па овој пораз од градски ривал само ви ја зголемува нервозата.
Автоматски споено мислење:

Најорганизирана екипа сме и овие две три утакмици неуспех се само резултат на замор.

За ова те демантира целата сезона. Не е ова само последица на замор, затоа што и не се случило само сега. Со овие Милан и Болоња веќе имавте проблеми сезонава, како и со секој тим во горниот дел од табелата, освен со Аталанта.

Интер оваа сезона, иако стигна подалеку во ЛШ, е полош од оној ланскиот.
 
Последно уредено:
Јас не го потценувам купот, и ти кажав, сакав да го освоиме. Ама кога сме во позиција за уште две титули многу побитни, не е огромен неуспех што сме испаднале во купот. Особено ако се види колку се инвестираше во овој тим сезонава и што веќе Инзаги го има освоено два пати во последните 4 сезони.
Да го испуштат скудетото ќе биде неуспех ама и тоа нема да го сокрие фактот дека моментално сме бољи тим од Милан. А ете и самиот ти го кажуваш тоа. Најорганизирана екипа сме и овие две три утакмици неуспех се само резултат на замор.
И ова што викам Интер е бољи екипа не мислам на играчи туку повеќе како клуб. Милан има одлични поединци особено за лигава ама лошо е воден последниве две сезони. Особено па откако носот им стана пали-гаси во клубот.
Не е никако огромен неуспех што идпаднале од купот, али ќе биде ако останат со 0 титули. И не е само 2/3 утакмици, многу е послаб Интер од пред година, две. Факт е дека паметно работат и не се расфрлаат со пари, али и тоа има цена зошто треба да избркаат 5/6 играчи минимум што нема кој да ѓи купи. Од друга страна го имаш Наполи со полу саката екипа и има поволна позиција за титула. Сепак од екипа што се бори на 3 фронта да останеш на нула е ужас ситуација
 
9то место за Милан никако неможе да биде добра сезона али муабетот ми е да не постоеше топ4 пласман за ЛШ, а тимот освои друг трофеј или па и 2 купа, таква сезона неможе да се смета за лоша.

Би се сметала дури и за добра.

Али без топ4 секоја сезона е катастрофа, не дека тоа е некој успех или трофеј, туку чисто ради пари.

Тоа е веќе друг муабет, ама овој формат на излез во ЛШ/Лига Европа е веќе одамна во пракса и прв во лига да игра ЛШ а втор во Лига Европа (тогаш беше Уефа Куп) е напуштено пред колку, скоро 30 години. Тогаш дури и Уефа куп беше многу попрестижно од денешна Лига Европа зашто од најдобрите лиги освојуваа второпласирани од претходната сезона, а денес и 4-то пласирани играат ЛШ. Ама тој формат не постои од лукративни причини и сега ние може да се преправаме дека топ4 е небитно, ама тоа нема да ги смени фактите. Да, тапа е да не земеш ниеден трофеј, ама подобро притоа барем да обезбедиш ЛШ, тоа колку толку гарантира останување на најдобри играчи, привлекување нови добри играчи (зашто секој од нив сака да игра во ЛШ), стабилност во клубот, компетитивна наредна сезона итн.

Може да се каже дека денес првиот е шампион, а од второ до четврто место е сеедно, е сега има разлика од 2-4 место со од 5 место надоле.
 
За ова те демантира целата сезона. Не е ова само последица на замор, затоа што и не се случило само сега. Со овие Милан и Болоња веќе имавте проблеми сезонава, како и со секој тим во горниот дел од табелата, освен со Аталанта.

Интер оваа сезона, иако стигна подалеку во ЛШ, е полош од оној ланскиот.

Токму така. Ние и со полоша сезона од ланската до вчера бевме во игра за триплета. Тоа само го потврдува она што го кажав претходно.
Одредени засилувања не се погодија, повреди на клучни играчи во клучен период, лош период за резултатска криза и сето ова допринесува за моменталното тресење дали ќе иаме воопшто титула.
Тие утакмиците со подобрите екипи освен утакмиците со Милан и на Наполи и Јуве по едно полувреме, никаде не бевме послабата екипа. Ако правиме колаж од промашени 100% шанси сезонава, ќе се фати видео од пола час. Наполи еден натпревар ни се извлече заради првиот промашен пенал на Чаланоглу откако е во Интер а втората во последни минути се вадеа. Ова е дел од среќата која ја немаме сезонава.
А и нормално е да се има киксови особено кога замени ти се Тареми, Арнаутовиќ и Кореа заедно со Дармијан на десно и играме на секои три дена. Осум утакмици во 25 дена не се мала работа. Друга работа е што и Наполи има сезона над очекувањата па сега разговараме на оваа тема. Реалноста е таа, Интер е моментално единствената екипа во Италија која се одваја од другите и ова е заслуга на Инзаги и Марота. Најмалце потрошија од конкурентите и пак се при врвот. Потребни се нормални трошења за оваа екипа да биде комфортна во Април и да не се замара со лигата па да може да брка ЛШ и Куп ама тоа е сиромаштија, а не оние во ПЛ што се жалат што нема да потрошат 250 милиони сезонава туку 180. Не барам јас 200 милиони во еден трансфер ама еден ко Хакими да можеме да си го дозволиме друга ќе биде приказната.
 
Тие утакмиците со подобрите екипи освен утакмиците со Милан и на Наполи и Јуве по едно полувреме, никаде не бевме послабата екипа. Ако правиме колаж од промашени 100% шанси сезонава, ќе се фати видео од пола час. Наполи еден натпревар ни се извлече заради првиот промашен пенал на Чаланоглу откако е во Интер а втората во последни минути се вадеа. Ова е дел од среќата која ја немаме сезонава.

Па ова е еден од главните проблеми. Сите ни се вадат во последните моменти. Тоа не е среќа за противникот, туку сериозен проблем за нас.
 
А пример ако Милан испадне од лига, освои куп, а Интер остане без ниедна титула, поуспешна сезона имал Милан?

Не ви ја разбирам логиката, да е таа титула што би ја освоил Милан ЛШ, Интер потфрлил во битка за Скудетото, а Милан завршил 9-то место на табела, тогаш ајде и држи вода дека би имале поуспешна сезона, ама вака никако. Не може куп и 9-то место на табела да е подобро од битка за Скудето до крај (значи 1 или 2 место), 1/2 финале или финале ЛШ и 1/2 финале куп.

А на страна што Милан има уште еден меч за играње за да освои титула, не знам зошто низ нетов се тераат муабети како веќе да го имаат освоено купот. Болоња не е ни малце наивен противник, си знаеме ние хехе.
Одиш во екстреми, али сеедно доколку освои 2 титули Милан а Интер 0, Милан ќе има подобра сезона, ќе праат парада низ град со 2 титули и ќе се радуваат навивачите, Интер нема. Според твоево гледиште на работите Арсенал е најдобар тим во Англија зошто цело време е во топ4 и игра во ЛШ
 
@Stefan-kobe

Ако ние освоиме 0 титули, Милан освои 1, ние имаме полоша сезона. Не дека Милан имал нешто многу успешна, ама сигурно треба да сме помалку задоволни од нивните фанови.
Не ви ја разбирам поентава со тоа 2ро место? Тоа може да биде репер за ''блиску сме'' до успехот, а не за успех. Искрено спрема тимовиве кои што ги имаме, тешка бламажа ќе биде за мене да останиме без титула, макар Милан и во 6та лига испаднал, блам сезона ќе биде за мене ова. Пред се мислам за Сериа А, купот секако не не затнуваше, јак кур што ќе сме освоеле.
 
Одиш во екстреми, али сеедно доколку освои 2 титули Милан а Интер 0, Милан ќе има подобра сезона, ќе праат парада низ град со 2 титули и ќе се радуваат навивачите, Интер нема. Според твоево гледиште на работите Арсенал е најдобар тим во Англија зошто цело време е во топ4 и игра во ЛШ
По оваа логика Интер требаше да излезат секоја од минативе 4 години и не паради него да мавтаат со курот сред Милано, секоја од тие сезони освојуваа или скудето, или купови и суперкупови, или и двете во комбинација, вкупно имаат 7 трофеи во 4 сезони.
 
Одиш во екстреми, али сеедно доколку освои 2 титули Милан а Интер 0, Милан ќе има подобра сезона, ќе праат парада низ град со 2 титули и ќе се радуваат навивачите, Интер нема. Според твоево гледиште на работите Арсенал е најдобар тим во Англија зошто цело време е во топ4 и игра во ЛШ
Е како бе сеедно, ќе испаднат од лига ама подобра сезона ќе имаат зашо освоиле куп? Океј нека биде така, ама според мене не е.

Како жити се ги поврза работите со Арсенал да ми је знати. Еве ај, Манчестер Јунајтед ако освоеше ФА куп, а на табела си е на тоа место каде што е сега, поуспешна сезона има од Арсенал кој е второ место и игра 1/2 финале ЛШ? Јас мислам не, ама како сакаш не ти се мешам.

@Ацо,

Ако си го гледам само мојот двор и ако не освоиме ниедна титула нормално дека сезоната ко фан ќе ја означам ко неуспешна. Гледајќи од аспект на тоа пред да почне сезоната целта на Интер беше Скудето и се освен тоа е неуспех. Меѓутоа, ако земеме да споредуваме со сезоната на Милан нашата ќе биде поуспешна по секој можен параметар освен купот секако. Еве и да освои Милан куп, нема да игра ЛШ следна сезона, губи огромни пари, автоматски не е толку атрактивна дестинација за нови квалитетни играчи итн итн да не набројувам се знае на што мислам. А да не зборам ако не го освојат купот, тогаш по секој ебен параметар ќе имаме појака сезона од нив, небитно дали сме освоиле трофеј или не.
 
Миланезите само се тешат, курот ќе си го исечат да беа на местото на Интер во битка за титулата каде што се зависи од Интер и во полуфинале и можна битка за ЛШ.

Сеа што Инзаги и Интер умреа кога најмалку требаше (зборам за лигата) тоа е друго.

Поразот од Милан е само фрустрирачки што играчите на Интер изгледаа очајно, исто и со Болоња.

Инаку Интер сезонава ќе се изалапа пари од ЛШ и тој другиот куп каде на секој учесник од Европа му се гарантирани 50 милиони евра мислам.

Не дека клубот ќе види аир од тоа следна сезона и наместо добар и млад напаѓач ќе се донесе големиот Чиро Имоболе за без пари, да се пензионера достоинствено со два гола од пенал во цела сезона.
 
Интер има потежок распоред од Наполи во лигата а во ЛШ игра со Барселона така да шо знам, можи на крај Милан повеќе да се радува од вас :)
 
Истите људи (минус еден што напушти форум) што праеа смешки на сметка на Јувенташите и она Пирло има играно финале на ЛШ, сеа спинуваат као еј второ место и полуфинале у ЛШ е топ :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom