Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Автоматски споено мислење:

26-ГОДИШНИК СО „АУДИ“ УДРИ ВО ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НА ПАРТИЗАНСКА Лицата се пренесени на Клинички со Итна помош

Полицијата приведе 26-годишник кој со патничко возило „ауди“ на булеварот Партизански одреди удри во малолетен пешак и во малолетник кој туркал велосипед, информираше скопската полиција.

„Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. Партизански одреди во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед“, се вели во полицискиот билтен.

Министерството за внатрешни работи информира дека двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

„Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка“, соопшти МВР.
 
Не знам дали да плачам или да се смеам али според вештаците Васил кој ја усмрти Фросина возел 91 км/ч
 
Ke s eodi na supervestacenje
Супер нека иде на супервештачење зашто вака не прават будали, гомното ке полетало а овие си вадат од ракав 91км/ч
Со име и презиме да ги кажат и на клоци да летаат пд работс
 
Супер нека иде на супервештачење зашто вака не прават будали, гомното ке полетало а овие си вадат од ракав 91км/ч
Со име и презиме да ги кажат и на клоци да летаат пд работс
Dzabe e.. ako imas vrski i pari i supervestacenjeto ke go nasteluvas.. Tamu ima 3ca vestaci, dovolno e 2ca da platis..
 
Не знам дали да плачам или да се смеам али според вештаците Васил кој ја усмрти Фросина возел 91 км/ч
Демек 91 км/ч е умерена, пристојна брзина што ќе му ја намали одговорноста на било каков начин? Утврдена е речиси двојно поголема брзина од дозволената, цифрата е застрашувачка и на никаков начин не му иде во прилог на убиецот. Ако е обид за штелување, тогаш е најмизерниот обид досега бидејќи оваа цифра максимално го отежнува делото.
 
Според мене да, очевидци кажуваа дека пребрзо возел
Сигурно има разлика од 91 до 120 пример
Се спомнува дека може да добие максимална казна од 20год ама ете на крај разликата во брзината може да биде пресудна да добие 5год помалку, па ке му намалат и за добро однесување, за каење и оп за помалку од 10год ке си продолжи со животот на слобода
 
Ke s eodi na supervestacenje
Само прво ќе почекаат да се исподесат нови трагедии, уште повеќе да се заборави.
Автоматски споено мислење:

...за помалку од 10год ке си продолжи со животот на слобода
Копилето тешко да лежи и само неколку години... А и тие во некој „отворен затвор“, каде (понекогаш) ќе иде на спиење.
 
И други овде нели пишуваа повеќе возел и од 130..
А што е супервештачење инаку?

не знаев дека имаме нешто такво.
 
И други овде нели пишуваа повеќе возел и од 130..
А што е супервештачење инаку?

не знаев дека имаме нешто такво.
А од каде испадна тоа за 130 освен претпоставки и проценки од очевидци?
 
ви реков дека Пежо нема логика да развие 130 од Ленинова до Силбо. Да беше некоја ламја Ауди А7 вероватно, али ова, тешко.
 
И други овде нели пишуваа повеќе возел и од 130..
А што е супервештачење инаку?

не знаев дека имаме нешто такво.
Кога двете страни ќе приложат свое вештачење, судот може да побара да се направи супер вештачење и кога ќе донесе пресуда ќе го земе предвид како најрелевантно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom