Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Не е одамна затворена, дали има максимум пола година не ми текнува. Знам последно нешто летото 2024та мислам дека јадев.
Не бе човек, грешка си, каква 2024та. Од Тафталиџе сум, не можам да се сетам дали и пред короната затворија дури. Долго пред да затворат не јадевме таму пошто ги расипаа тостовите при крајот на работењето, ама сигурен сум дека е долго време поминато откако затворија. Не можам да се сетам дали одма го претворија во биртијата што е сега или било некое друго место со тостови, али Жан Мари во 2024та не постоело, во рака би се кладел.
 
Крај на 2023та живеев Тафталиџе некој месец и цело време јадев. 2024та од работа јадевме таму. Збориме за Жан Мари на Московска кај тафталиџе пазарчето у тоа лименото до трафиката.
 
Да, да, таа е Жан Мари. Ме зачуди сега, дури пишав и на луѓе. Прва реакција кога прашав памтите кога го затворија Жан Мари им беше тууууу години поминаа, кај ти текна на тоа сега и кога им реков сега зборам со човек што тврди дека лани јадел, нормално добив едно аааа епа не знам јас тоа :facepalm:. Јас мислам дека години се поминати исто така, а уште подолго откако тостот не им личеше на ништо и никој од маало не јадеше таму, баш ќе видам дали некој ќе пише нешто друго во групава :icon_mrgr:.
 
100% јунешко, ама од ушите на кравата. Ја во месара земам кило јунешки врат/плешка шо и да е, и му велам да ми го сомеле. Пред да го стаи за мелење го чисти парчето од жили, поголеми парчиња мрсно и слично, и тоа го фрла во една кофа. Епа тоа собрано во кофата е најдоброто што можеш да го добиеш во тие плескавици. А најверојатно и тоа е измешано со соја, сода бикарбона, лебни трошки и други ствари.
А тек у машината какво месо има, што ќе се измеша со твоето месо...

Во Лептокарија/К3 пред уличката за накај Карев имаше трафики за фаст фуд такоџе, пред да се направи паркингот. Зборам период 2001/2002. Само ја не идев за тостови и сендвичи таму ,него бабето од Ен Мари не пушташе со саати да и седиме позади трафика, на дрвените маси и клупи и да и пиеме кафе од кафематот нејзин. После часови нормално, ако не седевме у Лептокарија некаде.

Инаку за Меџик не знам, сум јадел еднаш хамбургер и не беше ОК, али кога се збори за тостови и Лептокарија, тогаш мора да се спомне 13 ка. Со стаж од 90 ти, цело Лазо и Карев јадеа таму и не ми се верува уште постои и работат

1742332393726.png
 
Да, да, таа е Жан Мари. Ме зачуди сега, дури пишав и на луѓе. Прва реакција кога прашав памтите кога го затворија Жан Мари им беше тууууу години поминаа, кај ти текна на тоа сега и кога им реков сега зборам со човек што тврди дека лани јадел, нормално добив едно аааа епа не знам јас тоа :facepalm:. Јас мислам дека години се поминати исто така, а уште подолго откако тостот не им личеше на ништо и никој од маало не јадеше таму, баш ќе видам дали некој ќе пише нешто друго во групава :icon_mrgr:.
Ма катастрофа беше последните неколку пати и кога не ни текнуваше што да јадеме од таму зимавме. Можам да барам на вибер групата кога колега закачи стомачен или труење од таму за да ти потврдам. Верувај ми Ноември 2023та јадев таму, а и знам лани почетокот зимавме тостови на работа.
 
Да не било од истото место ама друга сендвичара? Еве и јас сум на вибер, 3/4 сме дека одамна е затворено и еден нема поима, само кажа памтам дека имаше сендвичара :LOL:
 
Е тоа има шанси. Ама само тостови продаваа :Д
 
Инаку за Меџик не знам, сум јадел еднаш хамбургер и не беше ОК, али кога се збори за тостови и Лептокарија, тогаш мора да се спомне 13 ка. Со стаж од 90 ти, цело Лазо и Карев јадеа таму и не ми се верува уште постои и работат.Прегледај го приврзокот 446439
Го држат сосема други луѓе, дечки од Карпош 3, но го задржаа името со амин од претходните газди. :)
 
100% јунешко, ама од ушите на кравата. Ја во месара земам кило јунешки врат/плешка шо и да е, и му велам да ми го сомеле. Пред да го стаи за мелење го чисти парчето од жили, поголеми парчиња мрсно и слично, и тоа го фрла во една кофа. Епа тоа собрано во кофата е најдоброто што можеш да го добиеш во тие плескавици. А најверојатно и тоа е измешано со соја, сода бикарбона, лебни трошки и други ствари.
Да да, така е.... "trust me bro"

Колку уши треба да сомелат за да добијат едно кило? Соја, сода и лебни трошки и те како се осеќаат кога ги има во плескавица. Веќе пишав во друг пост дека ако за 1 бургер месото ги кошта 70 денари, а бургерот ти го наплаќаат 300 - пак се во голем ќар и немаат потреба да манипулираат.
Башка сè поголема конкуренција има во Скопје од сендвичари што прават смеш-бургери со чисто јунешки плескавици. На никој не му оди во прилог да забушава.
 
Дали стварно мислиш дека сендвичарите купуваат месо чисто па го мелат за бургери?

Или купуваат готово сомелено, што дел сигурно е и од ушите на кравата?
 
Додека не пише некој што работи во сендвичара од каде и какво им е месото - само ќе си нагаѓаме.

Јас лично сум на мислење дека сендвичарите што продаваат бургери со чисти јунешки плескавици се од исто месо што секој би го купил во месара ако отиде и на месарот му каже "сомели ми јунешко месо".

Се однесувате ко чисто јунешко месо да е богзнае што и ко да не е достапно во секоја можна месара... :tapp:
 
Да да, така е.... "trust me bro"

Колку уши треба да сомелат за да добијат едно кило? Соја, сода и лебни трошки и те како се осеќаат кога ги има во плескавица. Веќе пишав во друг пост дека ако за 1 бургер месото ги кошта 70 денари, а бургерот ти го наплаќаат 300 - пак се во голем ќар и немаат потреба да манипулираат.
Башка сè поголема конкуренција има во Скопје од сендвичари што прават смеш-бургери со чисто јунешки плескавици. На никој не му оди во прилог да забушава.

Ја ти кажувам дека 100% јунешко е широк поим, цела крава е широк поим. Тие парчиња што се убави за мелење се по 800 денара кило и прашање е дали добиваш плескавица од такво месо дури и кај тие што се по 400 денари бургер, а камоли кај 7ца.

Месото во 95% од рестораниве и сендвичариве е со потекло од Бразил. Сувомеснатите што се македонско производство се ако не и 100% бразилско месо. И тоа малку ние што произведуваме најчесто оди за извоз и нешто по Камник, Дистрикт, Воденица тип на ресторани.

Ако мислиш дека по сендвичариве добиваш плескавица направена од внимателно сортирано јуне што пасело некоја словенечка или австриска планина, мислам дека не си у право.

Али убавината во плескавицата е тоа што е смеса и со доволно зачини и увото ќе биде вкусно.
 
Каква црна 7ца бе, изгледа лошо си ме читал.... Зборам за сендвичари што нудат бургери со 100% јунешко месо плескавици. Да, како што пиша, 100% јунешко месо е широк поим, цела крава е широк поим, но и тоа што го пишав е точно, дека ако отидеш во месара и им кажеш "сомелете ми кило јунешко месо", сигурно нема да ти мелат уши, очи, коски и кожи, туку пак ќе биде месо (бут, плешка итн...). Т.е., слично месо какво што нудат во бургерите што ги продаваат со 100% јунешки плескавици.

Квалитетот на месото (т.е. потеклото на кравата/јунецот) е сосема друга тема и нема да навлегувам во тоа.
 
Па не е баш така, дека фали месо, не фали, прав си, но фали мозок кај тие што водат бизнис. Чист пример, види колку е кило мелено од кое било месо, и потоа кажи му смели ми од истото кило, ќе видиш дека цената е различна.
 
Бидејќи е најактивна темава ќе прашам овде. Веќе подолго време во Скопје барам онаква стара школа лебче и плескавица со додатоци од типот кајмак, кромид и буковец. Улична храна што можеш да ја најдеш на секој ќош во Белград на пример. Најблиску нешто до ова ми е Скара Лесковац кај Мајчин Дом и Србите во Охрид на кејот до Нова Ривиера. Смеш и слични фенси бургери секако не јадам. 7ца ми здосади веќе, а и оние школски сендвичари исто така. Ако знае некој вакво место нека пише.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom