Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
С врат, млечен кашкавал,печурки, павлака скоро 300 ден
А во 7ца лабаво 400 и кусур истиот ќе те кошта, а реално многу помал.
Кај може Меџик да се носи со 7ца ,па сите што одат натака со помисла да јадат тост пак завршуваат во 7ца ,тоа е целата работа:).
Го движам тој дел и со работа сум во близина таму гледам како стојат работите.
Еве јас искрено секогаш ама СЕКОГАШ кога и да ми текнело да јадам тост сум одел во Меџик иако се 30 метра оддалечени да бидеме искрени. :) И пак ќе кажам 7ца и Меџик НЕ МОЖЕ да се споредуваат! Тоа ти е исто ко да кажеш 7ца продава поише тостови него ли хамбургери и обратно за Меџик поише хамбургери него ли тостови.
Се надевам ќе ја сфатиш поентата.
Во 7ца поише јадат комбиниран на тост со пилешка прса. :D
 
во 7ца лабаво 400 и кусур истиот ќе те кошта, а реално многу помал.
Друже не го давам Меџик за 7 ца кога се прашање тостовите, направени се по мој вкус а од 7 ка само бургер јадам ништо др ...
 
Океј изгледа само мене ми се тиња тостовите од Меџик.
Едно 2-3 пати имам јадено, секогаш била една жена на смена (со 6 тостери алал да и е како се справува :icon_mrgr: ), и секогаш бил мек како да го потопил Вардар.
За мене барем ако не крцка, тоа не е тост.
Седмица одамна немам јадено, ама го памтам како добар тост.
Од тоа што редовно јадам и се океј се Спицикото и Тинекс ту го.
Секако немаше подобар тост од Ефка ама тоа е за друга тема. Можда и Мари.
 
Добар тост јадев во Манчис, скопски тост се вика.
Иначе Гранд Бургер е добар, не ми е тешко после јадење како во други.
 
Покојно Жан-Мари кај Мајчин дом се смешка од небото додека овде објаснувате за некакви Меџици и Седмици во однос на тостови.

Поезија беа тие тостови, душата ја галеа. Кој бизнис генијалец реши да ја затвори таа сендвичара, алал да му е.
 
Во Меџик е супер тостот ама го избегавам бидејќи вработените фаќаат пари и после тостот и состојките ги фаќаат со истите раце. Хигиена нула
Во 7ца ќе платиш тост поскапо ама хигиената им е супер.
 
Во Меџик е супер тостот ама го избегавам бидејќи вработените фаќаат пари и после тостот и состојките ги фаќаат со истите раце. Хигиена нула
Во 7ца ќе платиш тост поскапо ама хигиената им е супер.
Затоа за Меџик немам слушнато да имало труење, а за 7ца да.
 
Покојно Жан-Мари кај Мајчин дом се смешка од небото додека овде објаснувате за некакви Меџици и Седмици во однос на тостови.

Поезија беа тие тостови, душата ја галеа. Кој бизнис генијалец реши да ја затвори таа сендвичара, алал да му е.
Дефинитивно, од таму ми е рецептот с врат, павлака печурки,или по нивно ЖАН МАРИ ТОСТ ;)
Автоматски споено мислење:

Во Седмица секад има труење кога се менува власт... Мора да има смена на рекет...
Можеби единствена сендвичара што држи хигиена на ниво, сомнежите за рекет се големи ..
 
Дефинитивно, од таму ми е рецептот с врат, павлака печурки,или по нивно ЖАН МАРИ ТОСТ ;)
Автоматски споено мислење:

Про-тип од мене ти е тостерот да е загреан пред да се вметне тостот. Не знам како и зашто ама скроз друг тост е.
Секој тост што го правам во животов го споредувам со буцката што работеше во Жан Мари, виртуоз беше девојчето.
 
Па има Жан Мари сендвичара у Тафталиџе кај пазарчето. И таа е многу одамна.
 
Па има Жан Мари сендвичара у Тафталиџе кај пазарчето. И таа е многу одамна.
Многу одамна е затворена и таа, веројатно истовремено со другата.
Иначе од легендарни тостови во Скопје кои повеќе ги нема, Панда на автобуската во Лептокарија е ненадминлива. Само затворена е скоро 20 години, така да не верувам многу луѓе од тука да ја фатиле.
 
На првата автобуска кај Лептокарија, нешто налик на сендвичарите што беа на времето кај ГТЦ ,Чичко Стоилко,Нино и ред други што ги срушија.Добар тост ама Меџик беше појак :)
 
Единствената нездрава работа во бургер оброк е потенцијално само маслото во кое што се пржи компирот.
- плескавица: во многу сендвичари веќе имаат 100% јунешка плескавица од месо какво што би си го купил од месара, значи здраво
- марула/кромид/домат/кисели краставички: зеленчук, по автоматизам здраво
- лепче: најчесто се од локални пекари што доставуваат за одредена сендвичара и што се многу поздрави од пакуваните лебови на големите пекари
- сосеви: некои се по дефолт нездрави, но кој психопат јаде бургер без сос...
- кашкавал: млечен производ, здрава работа
- помфрит: здрава работа, единствено маслото ако е многу пати препржено може да го направи помфритот нездрав

Или објаснето со една слика:

BURGER+POST.png

PS:
o9pg4xxpl4u71.png

100% јунешко, ама од ушите на кравата. Ја во месара земам кило јунешки врат/плешка шо и да е, и му велам да ми го сомеле. Пред да го стаи за мелење го чисти парчето од жили, поголеми парчиња мрсно и слично, и тоа го фрла во една кофа. Епа тоа собрано во кофата е најдоброто што можеш да го добиеш во тие плескавици. А најверојатно и тоа е измешано со соја, сода бикарбона, лебни трошки и други ствари.
 
Многу одамна е затворена и таа, веројатно истовремено со другата.
Не е одамна затворена, дали има максимум пола година не ми текнува. Знам последно нешто летото 2024та мислам дека јадев. ПОминувам пред месец време и гледам маси и си велам се надоградиле и има внатре за седење. Влетувам внатре и гледам фрижидер со алкохол, ја нема тетката што прави тостови и еден сомнителен лик помеѓу 50 и 60 години што служи. Сега е обид за биртија, тостови немаше ми понуди некој јадења. Иако ги поштувам таквите угостителски установи и се имам запивано во ептен сомнителни биртии сепак ова беше и премногу за мене.

Он топик кога сме кај 7ца, последно време само комбиниран со сланина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom