- Член од
- 7 февруари 2021
- Мислења
- 315
- Поени од реакции
- 884
И јас да бев обезбедување ако имало насоки од газдата да има толеранција кон малолетници ќе сум пуштал. Не е кривично дело, во тие гужви не ни знаеш кој е малолетник а кој не, може да ти приложи и туѓа лична карта итн, на крај тоа е најмалку битно... Нештово ќе се случело со или без малолетници. Бројот на жртви/повредени ќе беше помал, ама и 1 да загине или се повреди е огромна штета бидејќи ова не е војна туку е викенд журка каде што сите излегле да си поминат убаво.
Денот бил обична сабота, и за газдата, келнерите, обезбедувањето, гостите, родителите, градоначалникот, полицијата, инспекторите. Екосистемот функционирал, мислам од 2012 кога е активен клубот па се до денес. Со многу забава без посериозни инциденти. Никој ни на крај памет не би помислил дека вакво нешто ќе се случи и дека вината е баш во него.
Ете се случи најлошото. Болката е голема, нормално има гнев и бараме кон кого да се насочи. Бараме виновник а виновници сме буквално сите. Кој повеќе кој помалце. Ова е несреќен случај. Сплет на околности. Не дека бранам некого, само ја гледам реалната слика.