Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.478
Поени од реакции
4.416
Znaci spored momentalniot zakon maloletnik moze komotno cela vecer da se aka koj znae kade, ama ne smee da kupi alkohol, cigari, da vozi, da odi vo nokni klubovi i da se kleca so polnoletno lice.
Dobro te sfativ ?
Да. Едини лимит е тоа што социјалните служби можат да протумачат како запоставување малолетник, но со едно поминување преку камени мост ке сватиш дека само небото е лимит...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
21.011
Поени од реакции
17.259
Знаеш колку пати ме имаат натерано да се потпишам на нешто што не треба да биде моја надлежност? Во стилот, ајде де ништо страшно, само еден потпис. Па ако е само еден потпис што ти не се потпишеш госпоѓо?!

Исто е и за ова. Сносат одговорност бе човече. Треба да размислуваш за тоа што го работиш и какви последици може да имаат твоите постапки.

Е сега благодарение на газдата нека си одговараат по закон како што треба.
Сега газдите за се што е шкакливо ќе вработуваат овци, па и порано имаше, директори за затвор....
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
2.059
Поени од реакции
3.783
Толку ми е жал за тие деца што се по болниците, загреови се, и сама имам претрпено изгореници на раката и знам каков пекол ми беше тој долг период, лузната ја покрив со тетоважа по цели 10 години, камоли толку големи изгореници низ цело тело, цел ден плачам, цел ден, тој што немал изгореница не знае колку е тоа лошо и најлошо нешто, подобро да умрам одколку повторно да поминувам низ истиот пекол кога поминував тогаш кога се изгорев. Тие деца треба утре да одат да работат, а веќе се инвалиди од сам старт, толку е тоа жалосно и загреови немам зборови.
 
Член од
16 јануари 2025
Мислења
40
Поени од реакции
103


Како МВР планира ова да го изведе?
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.342
Поени од реакции
10.638


Како МВР планира ова да го изведе?
Со чатал ќе ги бутаат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.150
Поени од реакции
68.435
Да надополнам за малолетнициве. Добар дел од нив обезбедувањето не сакало да ги пушта внатре, ама ургирале родителите, за да не му седи детето само надвор. Зборам за дискотеката во Кочани, инфо од прва рака.

Знаеш колку пати ме имаат натерано да се потпишам на нешто што не треба да биде моја надлежност? Во стилот, ајде де ништо страшно, само еден потпис. Па ако е само еден потпис што ти не се потпишеш госпоѓо?!

Исто е и за ова. Сносат одговорност бе човече. Треба да размислуваш за тоа што го работиш и какви последици може да имаат твоите постапки.

Е сега благодарение на газдата нека си одговараат по закон како што треба.
Ех, ти не си свесен каква паразити се овие оштинариве. Знаеш, партијата ке го/ја вработи, оти е неспособен самиот да се снајде, и прво и најосновно, тој/таа не знае кои му се ингеренциите, што треба и не треба да потпишува, што му е опис на работно место, и што е стандардна оперативна процедура. Тој/таа за партија е во состојба да убие, а не пак да потпише нешто сомнително. Горд/а е ако дојде началник и побара нешто да биде потпишано. Не можаш од ваквите да бараш да имаат кичма. Си го дал газот под кирија за мочани 30-40000 денари, ке го влечат по сите партиски собири цел живот, ке трча по гласови, и ке се тресе за сопствената егзистенција секои 4 години ако се смени власта.



Како МВР планира ова да го изведе?
Имаат Тигар антидрон пушка. Може и до DJI да пуштат барање за привремена no fly зона. И ако сакаш да леташ легално, мора да бараш авторизација за полетување од Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Едноставно, нема да ти ја одобрат.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.007
Поени од реакции
8.923
Почнаа тивко притаено да цифкаат скопските газдичиња што малтене на црно работата со тие катакомбите и хангарите без ни минимални услови за едно диско/клуб. Да не било ова да не било она, па никој немал, не важел законот за сите, па за едни мајка за други маќеа. Ајде сиктер таму.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
7.024
Поени од реакции
41.872
Абе дај смирете ја топката малку стварно се претерува со све што се случува на социјалниве мрежи. Јас верувам дека нема човек во државава што не го погоди трагедијава, ама не треба да правиме и од тоа натпревар кој повеќе е потажен. Сите оддадоа почит према децата, буквално и од тие што не очекував. Грција, Бугарија, Србија и еден куп други земји помогнаа со сите свои капацитети, тоа не смее никогаш да им се заборави, ги гледаат таму децата како капка на дланка. Бугарите вчера се собрале преку 100 луѓе да донираат крв. Секаде ќе има поединци кои ќе се ситат на ова, не им давајте на значење, нема потреба да се замериме со никого, а најмалку со тие што први помогнаа. Друга работа што ме нервира е постојаното правење тензии од страна на новинарите и одредени ликови што насетија малку крв и сеа ќе се пресметуваат ради лични причини. Според мене до сега добро тера Панче. Се води истрага и има преку 20-30 луѓе уапсено. Бектеши и дуи го видовме у лисици, кажете ми кога сте виделе некој функционер на дуи во лисици во овие 25 години? Ако денес некој не бил уапсен, не значи дека го амнестирале или го спасуваат. Ова е најголемата трагедија што се случила во државава после земјотресот 63та, сите очи се вперени во нив, мислите дека на некого му е дојдено да спасува некој си градоначалник од Кочани, или ситни инспекторчиња? И да сакаат тоа да го направат нема да можат, бидејќи притисокот од јавноста е огромен. Не паѓајте на фејсбук и твитер статуси од ликови кои пробуваат трагедијава да ја искористат за политички поени. Ќе ја следиме будно истрагата, судењата и све што е поврзано со трагедијава, и при првата грешка или обид за нечие амнестирање ќе се дигнеме тогаш. До тогаш со ладни глави.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.312
Поени од реакции
6.697
Џабе е се поделени сме, еве класичен пример е тој што денес го прозва Тошковски во Кочани, тој човек едно милион пати на фејсбук пишува антимакедонски ставови и се согласува со бугарите, всушност и тој е таков, ако има протести да се тргне со јасни пораки, каде што ќе се бара одговорност а не да бидат злоупотребени од такви лица, наместо ова да биде каде што еднаш нашиот народ ќе се обедини ние дозволуваме некои такви да бидат олицетворение на протестите, па вака го обојуваме протестот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.100
Поени од реакции
6.579
Крајно време е оваа територија за се даде управување на ОН, 34 години црнила, трагедии, траур, тага и иселување.Кога не можеме сами да пробаме со некој друг. Кој е должен да живее во вкава рупетина?
До сега сме имале лулуда среќа што вакви настани се дешаваат ретко. Цела инфраструтура е гнила и пред распад.Таму горе некој не сака, но ниту една љубов на е безусловна.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
254
Поени од реакции
914
Во мое време за да влезеш во дискотека на 15-16 години требаше татко ти да е некој и нешто во градот
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.150
Поени од реакции
68.435
Презимето на таа втората е баш соодветно со коментарот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom