ИТ фирми и пракси во Скопје

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.582
Поени од реакции
27.428
Да, ама па за разлика овој поттрчкото од Бреинстер што ќе изиграва батлер и телефонска секретарица затоа до НАСА ќе догура.
Па овој го правите како да е рол модел за сите ИТ компании.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
208
Поени од реакции
897
Како придобивки и поволности за тимот на убијци, го добивате она што законот го дефинира како минимум, + државни празници.

Затоа што сите заслужуваат добар одмор.

Какви ликови постојат значи :D

Screenshot_1.png
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.929
Поени од реакции
8.581
Овој Иван у Елон Маск филм пошто отворил фирма со непаричен влог, а да е вработен кај друг прв ќе биде да бара римоут, авокадо, пинг понг маса, пица фрајдеј и бесплатен фитнес со онаа апликацијана фиткит за грбави дивелопери. Не ти треба некој си Иван за да ја видиш ситуацијата каква е. Џуниори не требаат више, барем не за 90% од проектите. Жешка тема е Пајтонлари со МЛ али тоа не се учи на курсеви, или ти рамишља бостанот или џабе ти е секаква “академија”. Какво време е дојдено сениори со 5+ години се тестирани и одат на интервју од потенцијални клиенти, во златните времиња продажба и фанкшнл консултант бркаа работа, грбавиот само добива тикет у Џира да почне да мувлосува на тастатура. Се сменија времињата, сега и квазимодо мора да се препотува пред клиентот.
 
Член од
12 март 2025
Мислења
2
Поени од реакции
2
Апсолутно, правам размена на мое време со пари. Ама не дозволувам некој да ме гази и да печали на мој грб, а мене да ме става во незавидни позиции. Јас на потежок начин научив некои работи, новава генерација го има тој но булшит мајндсет од старт.

Ич не ми се свиѓа тој пристап "Како да научиш дете да плива? Фрли го во длабокото".
Пошо јас почнав така. Јуниор, уште на факс, интервјуирам за јава позиција. Ме примаат, доаѓам прв ден на работа, добар ден, ти ќе работиш на Андроид проект. Андроид немав куцнато линија код, екосистемот уопште не го знаев. Да не зборам дека ко почетник имаш imposter syndrome by default, ова ме докрајчи. Секако дека проектот беше аутсорснат, и секако дека пред клиентот бев претставена како да иам 3 години искуство.
Знаеш каков притисок ми ствараше тоа? Ненормален, првите 6 месеци мислам дека секој ден плачев, се оптоварував, се стресирав, повраќав од стрес. Будала. Работев за 300 еур а работодавецот за мене наплаќаше 1500.
И некој ќе рече вреди ова за знаењето. Вреди, ама има и други начини да се постигне ова.
Какви се тие други начини што ги знаеш за да се постигне ова во 2025? Дали си свесна каква е моменталната ситуација на ИТ пазарот, особено за јуниори? Веројатно имаш видено колку апликанти без искуство има и дека 99% од нив не се ни контактирани, бидејќи дури и јуниор позиции ги добиваат оние со барем малку искуство.
А ако стварно си верувала дека газдата прави 1500 евра од тебе, а тебе ти дава 300, зошто не најде решение веднаш, туку плачеше и остана?

Ми излезе огласов па да споделам и тука... Сепак „ИТ“ сектор е.

Каде е границата кога станува збор за „маркетинг“? Што се бара? Графика, веб, анализа...? Последниве 5+ години веќе сите огласи кога имаат маркетинг во насловот се сведуваат на ова.

Се бара Вордпрес, се бара дизајн и графика, видео едитирање, контент/текстови, анализи, рекламирање итн итн итн. Успат да не ни почнуваме што се случува кога работиш во канцеларија со колеги/колешки кои секогаш имаат нешто проблем.

Не ми треба работа ама ќе им аплицирам. Се надевам ќе ми се јави некој само за да им кажам кога ќе ме прашаат за плата, барам 200.000.

Прегледај го приврзокот 445649
Во суштина, малите и средните фирми имаат потреба од маркетинг агенција со вистински специјалисти што ќе го менаџираат нивниот маркетинг со неколку часа работа во различни области. Проблемот е што квалитетни агенции се ретки – или се преполни со аматери кои мислат дека знаат маркетинг од гледање јутјубeри, или пак сериозните работат за странство и нивните цени се недостапни за локалниот пазар.

Точно, ама сѐ во свое време, добра прилика значи и добар момент за прифаќање на истата. Ако ти имаш две деца, тазе кренат кредит за стан и работиш за 1000 евра, замисли да те викнат за неплатена пракса во Твитер, на 10.000 километри од дома, и ти ќе си речеш, кој ве врти, идам јас, ќе грајндам за себе, па кога ќе се вратам ќе се оддолжам.

Некој има болен родител, брат/сестра, маж... Некој има кредити, некој долгови, некој нема амбиција и тоа е тоа. Ама овие што успеале, им се серат од горе на другите што демек ги мрзело да работат. Нивен избор, и тоа е тоа.
Никој не е должен да го прилагоди работното место според твоите лични околности. Ако не можеш ти, секогаш има некој што може. Во тој период можеш да најдеш привремена работа за итните финансиски потреби, па откако ќе ги средиш животните проблеми, да се вратиш на учење.

Ова не важи само за ИТ, туку и за другите академски професии – сите бараат долг период на вложување и учење пред да донесат сериозни приходи. Погледни ги докторите – на почеток заработуваат малку, но подоцна ги уживаат бенефитите. Овие професии имаат висок learning curve, потешко се влегува и станува експерт, но затоа подоцна носат подобра заработка.

Да, ама па за разлика овој поттрчкото од Бреинстер што ќе изиграва батлер и телефонска секретарица затоа до НАСА ќе догура.
Овој очигледно гледал премногу филмови. Вакви позиции навистина постојат, но најчесто како асистентски улоги на успешни индивидуи, каде што мал број луѓе ќе имаат можност драстично да си го сменат животот – не затоа што ќе научат програмирање или занат, туку затоа што ќе дојдат до вистинските контакти, ќе видат кои методи користат успешните за да стигнат до клиенти, како продаваат, како формираат цени и слично. Сепак, во овој случај, „бизнисменов“ повеќе изгледа како attention whore.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.036
Поени од реакции
12.740
Какви се тие други начини што ги знаеш за да се постигне ова во 2025? Дали си свесна каква е моменталната ситуација на ИТ пазарот, особено за јуниори? Веројатно имаш видено колку апликанти без искуство има и дека 99% од нив не се ни контактирани, бидејќи дури и јуниор позиции ги добиваат оние со барем малку искуство.
А ако стварно си верувала дека газдата прави 1500 евра од тебе, а тебе ти дава 300, зошто не најде решение веднаш, туку плачеше и остана?
Еве сеа ќе ти кажам зошто. Пошто бев врзана со договор. Конкретно позицијата за која аплицирав беше преку тренинг програма, во која имавме 2 месечен тренинг за Spring, мислејќи дека работните позиции ќе се поврзани со тој екосистем, иначе зошто некој би трошел ресурси да обучува јуниори за позиции кои не се од интерес? Договорот за тренингот беше обврзувачки, доколку ни понудеа позиција на крај, бевме обврзани да ја прифатиме и да сме во фирмата минимум 1 година мислам ( притоа платата за која би се вработиле не беше наведена ). На крај на тренингот, на тие што ни беше понудена работна позиција, договорите и платата што ни беа понудени мораше на лице место да ги потпишеме или да плаќаме пенали. Па на крај на денот не ми остануваше ништо друго освен да плачам нели :)

Знам дека може и поинаку од тоа што јас го искусив, бидејќи кај што работам моментално, иаме јуниори и се вработени со оглас за јуниори и од нив се очекува да деливираат на ниво на јуниори, а замисли платата не им е мизерна и никој не им сери над глава. И напредуваат со огромна брзина, без стрес факторот кој јас го имав. Бидејќи начинот на работа ни е поинаков, еве ако ме веруваш дете кое заврши на факс во мај, го вработивме во јуни, 85% од кодот за последниве апликации кои ги деливиравме се напишани од него. Ама вклучен е во сите дискусии од старт, слободно дава идеи, разменува мислења, добива конструктивен фидбек и може да прави грешки, пошо така се учи. Јас пример ја немав таа слобода, ако јас имав грешка тоа се одразуваше на проектот, клиентите веднаш забележуваа и секој ПР ми беше огромен стрес.
20ти се за учење, да, но тоа не значи дека некој треба да те гази во име на тој прогрес. Пошо гледам примери кај што ете можело и поинаку.

Иначе слободно можам да кажам дека најголема заработка се правеше на јуниори како мене, врзани бевме за шит плата, не шиткаа како интермидијет и разликата одеше во џеб. На сениорите или тим лидерите не правеа толку пари, они си имаа и високи плати и високо беа наплатени. Ама ние бевме жртвени јагниња .
Затоа и сум за тоа од старт да се бара достоинствена заработка. Ако веќе работата ми причинува толку високо ниво на стрес, барем компензирај ме за тоа.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.515
Поени од реакции
3.760

Ова е тоа што не го разбираат луѓево. Во батал фирма кај што треба да гинеш за ситно на крајот и учиш помалку од фирма кај што ти е на тацна и земаш поголема плата. Од моја генерација тие што имаа лизни-мазни, слободни петоци и слични дрангулии, имаа солидни плати, без прекувремено, пак највеќе успеаа и да се надградат со повеќе знаење и да стигнат до добри плати.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2025
Мислења
2
Поени од реакции
2
Еве сеа ќе ти кажам зошто. Пошто бев врзана со договор. Конкретно позицијата за која аплицирав беше преку тренинг програма, во која имавме 2 месечен тренинг за Spring, мислејќи дека работните позиции ќе се поврзани со тој екосистем, иначе зошто некој би трошел ресурси да обучува јуниори за позиции кои не се од интерес? Договорот за тренингот беше обврзувачки, доколку ни понудеа позиција на крај, бевме обврзани да ја прифатиме и да сме во фирмата минимум 1 година мислам ( притоа платата за која би се вработиле не беше наведена ). На крај на тренингот, на тие што ни беше понудена работна позиција, договорите и платата што ни беа понудени мораше на лице место да ги потпишеме или да плаќаме пенали. Па на крај на денот не ми остануваше ништо друго освен да плачам нели :)

Знам дека може и поинаку од тоа што јас го искусив, бидејќи кај што работам моментално, иаме јуниори и се вработени со оглас за јуниори и од нив се очекува да деливираат на ниво на јуниори, а замисли платата не им е мизерна и никој не им сери над глава. И напредуваат со огромна брзина, без стрес факторот кој јас го имав. Бидејќи начинот на работа ни е поинаков, еве ако ме веруваш дете кое заврши на факс во мај, го вработивме во јуни, 85% од кодот за последниве апликации кои ги деливиравме се напишани од него. Ама вклучен е во сите дискусии од старт, слободно дава идеи, разменува мислења, добива конструктивен фидбек и може да прави грешки, пошо така се учи. Јас пример ја немав таа слобода, ако јас имав грешка тоа се одразуваше на проектот, клиентите веднаш забележуваа и секој ПР ми беше огромен стрес.
20ти се за учење, да, но тоа не значи дека некој треба да те гази во име на тој прогрес. Пошо гледам примери кај што ете можело и поинаку.

Иначе слободно можам да кажам дека најголема заработка се правеше на јуниори како мене, врзани бевме за шит плата, не шиткаа како интермидијет и разликата одеше во џеб. На сениорите или тим лидерите не правеа толку пари, они си имаа и високи плати и високо беа наплатени. Ама ние бевме жртвени јагниња .
Затоа и сум за тоа од старт да се бара достоинствена заработка. Ако веќе работата ми причинува толку високо ниво на стрес, барем компензирај ме за тоа.
Е значи, си потпишала договор без ни да знаеш што потпишуваш, затоа што како почетник немаше избор? Лесно е да се зборува од позиција на некој што има можност да бира, нешто што за новите генерации е речиси невозможно. Реалноста е дека без искуство, ретко кога можеш да бираш, особено на овој пазар. Не знам кога започна со работа, но ако беше во периодот 2008-2019, кога беше златната ера, дури и луѓе што не знаеја како да стартуваат лаптоп добиваа шанса. Сега пазарот е на едно од најлошите нивоа, и од тоа што гледам околу мене, многумина не ги ни викаат на интервјуа.

Исто, која е таа фирма каде што јуниор пишува 85% од кодот и што точно испорачуваат? Бидејќи прв пат слушам вакво нешто, дури ни со помош на AI – или можеби сте го вработиле новиот Scott Wu, па за неколку месеци ќе ве замени сите

Не знам која е оваа компанија, ама од мое искуство во Македонија, колку повисока плата, толку поголем притисок. Имаше неколку компании и мал процент луѓе што имаа среќа да земаат илјадници евра и да седат пола ден, ама во повеќето фирми ако те платат добро, и те газат, а ако немаат проект за тебе – надвор си веднаш.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.371
Не сакам да генерализирам, ама еве ќе ги земам за пример ваквите бизнисмени да ги наречам, кои што викат дека во раните 20 ти треба целосно да се посветиш на работата и да си благодарен што ти овозможиле пракса, и да умираш за нивната фирма.

Јасно ми е мене, а и ваљда на повеќето дека треба стварно да пробаш да го извлечиш максимумот на почетокот на кариерата, ама таквите луѓе, газди на ИТ фирми, не сфаќат дека нивната фирма или продукт што го градат можеби не е максимумот што тебе како вработен ќе ти го понуде, пошто во дел од случаевите едноставно они гледат што побрзо да се заврше работата, да се извадат некои нови features за да може да добиват нови клиенти, и ниту на крај памет не ми е колку и дали се следат добри програмерски практики, организиран и чист код, скалабилен софтвер и дали ти навлеваш да а научиш суштината на дел од технологиите што се користат (како работе технологијата во позадина, итн) или само слепо користиш нешто, повикуваш некој функции итн.

На крајот на денот, дел од горе наведените ствари спаѓаат и на самите себе како индивидуа да се заинтересираме и да ги изучиме, ама сепак, ваљда ми а сфаќате поентата што пробуам да а доловам.

Воа погоре што го напишав, општо зборам, да не се помеша некој дека кажувам за MVP Masters т.е фирмата/продуктот на Иван, пошто не знам како е кај нив и како се организирани од тиа аспект итн.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.326

Ако сакаш ваква работа, тогаш треба да бараш позиција во фирма што развива свои продукти. Во фирми што работат outsourcing овие работи се небитни, бидејќи тие не ги планираат продуктите на долги стази. Сеа нормално има исклучоци тука, ама во Македонија повеќето од работите што се работат се такви.
Притоа, некои работи како скалабилност зависат од потребите на софтверот. Нема што да развиваш скалабилен софтвер ако планираш да имаш 1000 корисници што ќе прават по 200 акции на ден во системот.
Ова многу зависи и од самите вработени. Ако голем дел од нив не се на високо ниво, не можеш да градиш софтвер со висок квалитет. Ако тргнеш слепо да следиш стандарди што ги читаш во книги, исто ќе заглавиш. Пример книгите за добар дизајн ќе ти зборат дека треба да користиш foreign keys на ниво на база за да одржуваш податочен интегритет. Ама ако влезеш во некоја фирма кај што базата е bottleneck, ќе видиш дека тие воопшто не користат foreign keys.
Да не зборам за тоа што ваквите работи (како квалитет на софтвер) секогаш треба да се продадат на менаџментот. Ако не успеаш да им кажеш како ќе профитираат од тоа, тогаш ништо од работата :D
Според мене, најдобро е човек да влезе за почеток во мала фирма, да фати од се по нешто. После 2-3 години, откако ќе има добра основа на знаење, ќе знае во кој правец сака да се движи, можеш да почне со барање на посериозна фирма кај што ќе може да се надогради.
 
Член од
12 март 2025
Мислења
1
Поени од реакции
4
Ziveete vo uslovi na sloboden pazar, ama uste imate zaostanati sfakjanja. Gi gledate rabotnicite kako u vreme na zadrugi i preduzece. Gi delite na razmazeni i lojalni.
Da ve potsetam, IT industrijata e globalen pazar.

Ako nekoe soyboy od debar maalo nejke da mi dozvoli remote work, ke si najdam prekuokeanski startap za koj ke rabotam isklucivo remote i toa za 3-4 pati pogolemi primanja.

IT industrijata e odlicno platena, globalniot pazar na IT pozicii e ogromen i nieden rabotodavec ne zasluzil moja lojalnost samo zatoa sto delime ista grutka zemja.
Taman da apliciras kaj prekuokenskiot startap koga vo oglasot go gledash ova

Screenshot from 2025-03-12 18-49-07.png

posle gledas kolku lugje aplicirale

Screenshot from 2025-03-12 18-50-26.png

Razbudete se, ne e vekje 2012 ta. Se potesko i potesko kje se doagja do rabota vo IT bez ogled na iskustvo.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.928
Поени од реакции
37.022
Работата од дома ја ебаа морони што дремеа по пет саати на Нетфликс од службен лаптоп и што ставаа селфија на инста како се пентарат на Водно среде работен ден. Сеа сите заедно ќе кењаме во тоалети кај што седеле десет газови од сабајле, ради шо дибеци и таа една придобивка ја претворија во лакрдија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.444
Поени од реакции
18.630

Za volja na vistina ne bese samo kaj nas, a i prirodno e covek koa kje mu daes takva moznost da si ja iskoristi :D
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.380
Поени од реакции
21.904
Како тргнало, уште малку ќе има преквалификации од IT во други сектори. Пред малку ми излезе една академија која го нуди токму тоа. Така да, кој не се пронаоѓа во IT или тешко наоѓа работа, еве ви можност за грајндање како готвач, бербер, плочкар, молер, слаткар... :D

Kajgana Shop

На врв Bottom