Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Во дворот имаме од лани прекрасни мачки, да не речам персиски, 4 беа ,е сега едната најмила си ја пуштавме внатре и стана многу мирна мила питома.
Арно ама веќе мина повеќе од 8 месеци затрудне и се породи. Мала голема ,роди 4 па двете и умреа незнаевме дали нешто ги задави или од многу жешко.
Ги премести двете на прозорецот во саксијата да ги гледаме и ние ,и така да ја чуваме.
Но цело време тешко дише и таа и тие.
Денес и третото умрено. Остана уште едно дали ќе преживее кој знае. Неочекувано топло време.
Сурово многу сурово. А толку се радувавме...
 
Во кои пет шопови може да се најде трева за мачкиве, или барем семе?

81OraaWF4ZL._AC_UF350,350_QL80_.jpg

cat-gardening-blog.jpg
 
Во кои пет шопови може да се најде трева за мачкиве, или барем семе?

81OraaWF4ZL._AC_UF350,350_QL80_.jpg

cat-gardening-blog.jpg
Мислам дека семе секаде има, ама мислам дека е и џабе трошење пари тоа. Претходното маче што го имав не сакаше ни да ја помириса. А има хербални kibbles кои ги обожаваат, а мислам дека истата улога како тревата ја имаат. Јас и земам едни од DM, да ги најдам, ќе постирам слика.
Автоматски споено мислење:

@Scirea , еве, овие и ги земам јас. Првото е баш со трева за мачиња, а второто за hairballs, за да ги исфрла влакната преку измет. И двете ги обожава!
dein-bestes-katzensnack-knabbertaschen-mit-katzengras.png

dein-bestes-dodatna-hrana-za-macke-poslastica-s-govedinom-i-brusnicom.png
 
Последно уредено:
Дечки, имам мачка 1 година и неколку месеци, се вратив од работа и ја видов отечена, може е касната од нешто не знам, и се чешаше пушти гној малце од тоа место. Пред малку ѕвонев во ветеринарна што е, имаа тие за итни случаеви, али не ми се јавуваат никако, а додека се чешаше не ни даваше никој да и се приближи трчаше низ дома бегаше од сите.

Сега е смирена заспана е, али не можам јас да заспијам ме мисли - ни и се јаде ни ништо - ќе ја носам утре сабајле одма, не знам што може да напраам да не почне па да се чеша ноќеска.
 
Мала помош, имам маче старо 3 месеци и веќе месец и пол има проблем со течење на нос и солзење на очи, како и проблем со болви, за првото го изнабоцкаа на ветеринар со разни антибиотици и редовно ставање на капки и чистење со физиолошки раствор од моја страна па по два дена пак му се јавува проблемот, за второто се пробавме, од пудра, некој раствор па до апче протектор и на крај ампула и сеуште ги има… дома секој втор ден правосмукање и дезинсекција и никакво фајде…
Кај другиве мачки штом се јават болви со ампула се решава проблем но кај него како да се имуни…
Секое решение е добредојдено
 
Дома ги чуваш сите?
 
Дома ги чуваш сите?
Дома, се реши проблемот со болвите а тоа течњето на носот и кивањето испадна како предсимптом на фип(му се зоздава абдоминална течност)па сега и за тоа го лекувам месец и пол … требаше да го вдомам ова(не стигнав мајка му што е улична на времено да ја стерилизирам) ама пустото од болести не куртули…
Некој искуство со нарачка на гс 441524 лекот? Со молнопиравир статус кво е ситуацијата…
 
Тоа сакав да кажам, ако е дома болвите ќе ги снема евенутално. Ако е надвор ќе фаќа од други мачки и болвосани подруми/тревници цело време.

Само за дома да пазите кога ќе ги прочистувате мачињата пошто кај мене се створи проблем пред 2 години кога го вдомив последното маче. И туривме некоја ампула, ама болвите избегаа од кај нејзе и се пофатија на теписи и пола лето на нас и другите мачки се качуваа. Нема што не пробавме од отрови и на крај ни прекипе и во ист ден ги терапиравме мачките и истиот ден тргање цел мебел, сите теписи на перње и подовите цели од еднаш со вода и средства чистење. Цел стан сме го испрале како никогаш до сега. И за среќа се среди проблемот бидејќи не им оставивме никаде место да излезат нови јајца. Ако чистиш дел по дел и/или мачките не се терапирани истиот период ќе се пропушти некое место и ќе изникнат пак.

За мачка со фип немам искуство, ама со болви.....за жал имам. Се надевам дека ќе се среди мачето. Фипот е како ХИВ кај луѓе, го афектира имунитетниот систем и е подложно на болести.
 
Да прашам, што би требало да значи ако мачката почне зачестено да кива? Овие месец и пол мачоров почна скоро секоја ден да кива, предходно скоро ич не го правеше ова... Можно е да е на нешто алергичен, или ете да има некои проблеми со организмот.
Вака е ОК, има апетит, разигран е, нема проблеми со спиење...
 
Може да е алергија, ама помалку веројатно со оглед на тоа што само последниот месец и пол кива. Поверојатно ќе да е некаква инфекција во устата, грлото или носот, слично како при настинка кај луѓето, на пример. Може да е вирусна, бактериска или габична инфекција. А може и да е само вдишан алерген или некое страно тело (влакно, прашина, мувла...). Однеси го на ветеринар, би требало да му земат брис за да утврдат од што е.
 
Како е со закон кај нас има во населбава каде што живеам човек што не стерилизира мачките а има 4 5 ми рече ги носел мачињата да ги убие.

10 пати му објаснив и пари му понудив амс и стар е.

совет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom