Нажалост, народот во Америка не разбира дека тие се оние кои ке ги платат тарифите на крај. Во првиот мандат на Трамп, кога првично им воведе тарифи на Кинезите, тоа воопшто не ги спречи да увезуваат во Америка.
Ако производ направен во Кина се продаваше за $2000 во Америка, по тарифите, таа цена се качи на $3000, зошто увезувачите ја вклучија во набавната цена. Сите конкурентни Американски фирми кои имаат производство и суровини во Америка, кои дотогаш продаваа производ сличен на кинескиот за $3000, рекоа, ние нема да имаме иста цена со кинезаријава, ни го девалуира брендот, клиентите мислат дека со иста цена, и ние сме кинезарија, и ги качија своите цени на $4500+, иако, реално немаа покачување на суровините како кај Кинезите. Едноставно, ради курч, сакаш Американско, ке платиш повеќе, иако, култни Американски брендови, како American Heritage сега се произведуваат во Кина.
На крај, сите покачувања ги плаќа обичниот Американец, кој во ваква поставеност на нештата, пак купува Кинеска роба, само по надувани цени. Не ми е јасно што сака да постигне Трамп со тарифите. Кинезите и понатака увезуваат масовно, ценовно пак се под Американските производи, народот плаќа повеќе.