Македонска берза

Член од
5 октомври 2013
Мислења
28
Поени од реакции
71
ИДЕ ДУНАВ !

Па и да погинеш, ако знаеш ќе се спасиш. Ова е тој Дунав што Ние постарите инвеститори ги учиме помладите дека ќе се деси. Заради Дунав се гледаат финансиски показатели , биланси , па ме интересира мислења , анализи , кое е дното ? на која цена би се задржале акциите , кои акции се преценети и најмногу ќе се тумбаат , како да се задржи капиталната добивка на дигитрон кога се пресметува што топли околу срцето ?!? Аaaaa ???
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.813
Поени од реакции
17.031
Падна уса доларот , ама и нафтата, па и МСЕ....
А цените во нашите Маркети ??
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
311
Поени од реакции
273
@мијакк
Најмногу празен од, и можност за корекција има пред се кај Алкалоид, најпреценета акција по сите параметри, ништо чудно да се стабилизира на - 20% од просечната 30 која ја достигна. Има пад и кај мпт, но тоа брзо ќе поправи со резултатите од 4к кои ќе бидат најдобри од сите квартали 2024. Нлб исто простор за корекција, но со помал интензитет, - 10% од врвот ~ 59,60к. Стб е на точка на реална вредност, тука сосема мали амплитуди, за надолу не е, а за нагоре на подолг рок, краткорочно тоа е плафонот на вредноста 2800. Кмб, со простор за корекција од најмал процент, од банките сите параметри се на нејзина страна, пред се одличниот резултат и суперликвидноста. Корекција максимална 5 % од врвот ~ 31к. Реплек со предиспозиции за раст, од оваа сума 10% плус, во брзо време. Уни банка, претпоставка дека е излезена од дупка, и ако покаже резултат, добар раст за годинава, бидејќи е потценета
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2023
Мислења
64
Поени од реакции
59
Ако. Како инаку ќе купиме евтини акции.

Реално, двава нагли раста беа без реална поткрепа.
Би рекол фондови вбризгаа многу пари или едноставно искешираното од блоковите од МТУР.
KMB, ALK, TNB... отидоа нагоре вон секоја памет.

1738673105691.png
 
Член од
8 октомври 2019
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво на сите на овој форум. Не сум се пријавил многу години, но сега имам што да ве прашам. Дали вреди да се купи акција на МАКСТИЛА....фала ви на сите за одговорите и поздравите....
 
Член од
31 август 2017
Мислења
264
Поени од реакции
187
Здраво на сите на овој форум. Не сум се пријавил многу години, но сега имам што да ве прашам. Дали вреди да се купи акција на МАКСТИЛА....фала ви на сите за одговорите и поздравите....
Vo pricip kaj metalurgijata postoi ciklus ....3-4 godini minus da 5tata naplakas za site godini vo jaka pozitiva... stil raboti ok i vo godinive koga zelezarijava i ne e na nivo ali posle vojnava vo ukraina po moe licno viduvanje bi trebalo narednite nekolku godini da ima eden procvet na istava industrija ....ako vo ludata 2007ma stil fati 900den po akcija sega e na 150 ....onolku po kolku duferko i minco kriminalecot ja platija ....nataka bidi pameten vo odlukata
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
2.386
Своевремено ги пишував овие работи тука. Некој знам дека се качија. некои не на возот.

Но знам дека типов се качи на возот по само минути муабет:

 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
45
Поени од реакции
25
Заврши сагата околу Македонијатурист ? Го нема веке Доне, стапија на сцена новите играчи Промедика и Чеза Комерц, или ке биде тек је почело;)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
2.386
Ова е еден од најважните концепти. Асиметричното инвестирање. На македонска берза, тековно за ова има многу малку можности.

 
Член од
5 октомври 2013
Мислења
28
Поени од реакции
71
Ова е еден од најважните концепти. Асиметричното инвестирање. На македонска берза, тековно за ова има многу малку можности.

Ваквите вложувања во Република Македонија , на МБ , се погубни и со многу мал процент на успешност. Фрли рипче и ќе остане фрлено и рипчето , т.е парите што ти требаат ги фрлаш за да освоиш поголеми пари кои всушност и не ти требаат. Кога се мерат ризици повеќе важи народната : БОЉЕ ВРАБАЦ У РУЦИ НЕГО ГОЛУБ НА ГРАНИ . Сака да каже дека гулабот најчесто ќе летне , а додека инвеститорот се сети, лета и животот во надеж дека ќе се фати гулабот... Има и во Македонија примери не е да нема но со многу мал процент и во таа 2011та до 2014 година вложувањата во КМВ , SТB , ТNB , UNI , MPT , ALK ... од овој аспект се одличен пример за т.н. асиметрично инвестирање, но TPLF , MZT , GODEL , OHIS , Popova Kula , Eurostandard Banka , RZ и уште многу други за жал останаа за Ворен Бафет утопии. Да потсетам од спомените : TPLF беше член на СУПЕР КОТАЦИЈА на Македонската Берза како една од вкупно 2те членки заедно со КМВ во историјата на МБ. Супер котација дава посебна сигурност и секој не може да котира на супер котација на берзата ! И тука да се запрашаме дали вложувањето во TPLF кај инвеститорите предизвикало никогаш повеќе да не се занимаваат со берза ??? Најчесто ДА ! Исто да потсетам дека по КОЦКАРНИЦИТЕ и КЛАДИЛНИЦИТЕ за 10 коефициент може да направиш колку сакаш асиметрични вложувања. И не треба да чекаш за остварување на инвестицијата , туку за 1 до 2 часа се остварува. Во атлетиката пример во трчање на 100 метри инвестицијата ти се враќа за 10 секунди. Во тие 10 секунди си БОГ ! Но да се вратиме во реалноста. Има и пример на асиметрично вложување во Македонија , пример инвеститорка ги купи акциите што Фершпед ги поседуваше во РЖ Услуги. После некое време ги продаде со неколкукратна капитална добивка.
Асиметричните вложувања се погубни и кај криптовалутите поготово кај т.н. шит коини а тоа се 99 % од коините . Асиметричните вложувања можат да капитализираат добра добивка само на Американските Берзи. Елон Маск , Ворен Бафет и Бил Гејтс , и такви некои ликови , јас ги нарекувам НЕРДОВИ се државни проекти и дворски будали , со никаков живот заробен во материјализмот. Еднаш пола од богатството сите набројани го подарија , оттуѓија. И нека им стои таму све. Не ги земајте како пример за Македонските инвестиции. Тука е друг Господ , други ризици , други маалски правила , други дојави и затоа ПАМЕТ во глава. Никогаш не вложувајте во некоја инвестиција повеќе од 1 / 10 од капиталот што го поседувате и бидете спремни и на варијанта да го изгубите. Секогаш КАПИТАЛИЗИРАЈТЕ ја добивката според вашите лични цели и планови . Пресметувајте и диверзифицирајте ги сите ризици. Кога ќе прочитате за Ворен Бафет класифицирајте го како бајка од Ханс Кристијан Андерсен. Имајте на ум дека тука живееме во т.н. фалш капитализам каде успешноста на една фирма или поединец за жал зависи од политичките врски што ги поседува. Пример GRNT се надева дека ДПМНЕ ќе им дава повеќе проекти.

Не се плашете и играјте , и на берза и на кладилница и на свадби , со ум и само за арно , за убаво !
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.813
Поени од реакции
17.031
Најлошо кај нас е што и во берзата некој упикаа пријателство... Се сеќавам пред 3-4 години мислам, сакав фа купам Титан...имаше понуда на хххх динари, ставам утредента куповен налог на хххх +1а , ама го снема продажниот налог....по неколку дена го повлеков налогот ( купив друго) и ОП, пак истиот продажен налог на Титсн иста цена како предходно....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom