Здравството кај нас

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.248
Поени од реакции
9.015
Добро ви пиша @Lurtz
Ако имаш дијагноза додека си млад им кажеш да се реши сега проблемот.
Одма ке ти кажат млад си што се замараш ништо нема.

После кога проблемот ке стане посериозен ти велат кога си знаел што си чекал кај си бил до сега????

зошто тогаш да уживаме до 20-30-40 а не во 50та кога имаме врвни донтори и опрема, доктори кои со правилно насочување на пациентот може да направат многу повеќе него ли пациент без асистенција од професионалец?
Можеш да уживаш и во 50тите. Ако имаш добра среќа и си тро попаметен. Ако не....е јбг.

Ете види го лурц, на него не му треба никој, тој си знае се.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.478
Поени од реакции
10.386
Џабе правите муабет колеги, они се во право. :pipi:
Ние сме во право.
Ви пишавме сопствено искуство осетено на своја кожа од доктори кои незнаат да воспостават дијагноза.
Можеби мојата прединфарктна состојба не се прикажала на екг, ниту го виделе на ехото, но можеле да побараат да проверам тропонин.
Ебате кардиолизоте кои се сомневаа на мускулно рбетна болка или чир во желудец.
@Aceso кажи кој матичен има екг апарат во ординација, за да можеме јас и @Lurtz да се пријавиме кај него.
Втор пат ти е поставено прашањето.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.248
Поени од реакции
9.015
Ние сме во право.
Ви пишавме сопствено искуство осетено на своја кожа од доктори кои незнаат да воспостават дијагноза.
Можеби мојата прединфарктна состојба не се прикажала на екг, ниту го виделе на ехото, но можеле да побараат да проверам тропонин.
Ебате кардиолизоте кои се сомневаа на мускулно рбетна болка или чир во желудец.
@Aceso кажи кој матичен има екг апарат во ординација, за да можеме јас и @Lurtz да се пријавиме кај него.
Втор пат ти е поставено прашањето.
Жали се кај министерот. И излези на протест.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.222
Поени од реакции
19.643
Ние сме во право.
Ви пишавме сопствено искуство осетено на своја кожа од доктори кои незнаат да воспостават дијагноза.
Можеби мојата прединфарктна состојба не се прикажала на екг, ниту го виделе на ехото, но можеле да побараат да проверам тропонин.
Ебате кардиолизоте кои се сомневаа на мускулно рбетна болка или чир во желудец.
@Aceso кажи кој матичен има екг апарат во ординација, за да можеме јас и @Lurtz да се пријавиме кај него.
Втор пат ти е поставено прашањето.
Мојот матичен има во ординацијата екг апарат :)
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
714
Поени од реакции
2.203
Народот (пациентите) се медицински неписмени, не го слушаат своето тело кога им дава сигнали дека нешто не е во ред со здравјето, задоцнето се јавуваат на Доктор, не се придржуваат на препораките...
Докторите се тотално незаинтересирани за пациентите за навремено сослушување, дијагностицирање и излекување на истите, со голем број на грешки и претпоставки. СЕ е тоа шаблонски и површно без да се навлезе во суштината на проблемот и болеста.

Од мое блиско искуство доколку и едните(пациентите) и другите(докторите) размислуваат и работат како што треба ако не повеќе барем 50% би се намалила смртноста кај народот.

Жалосно, а толку многу е напредната медицината во последно време во поглед на апаратура за дијагностика, лекарства, начини на лечење, помагала..

Човечкиот фактор кај нас е најслабата карика, затоа сме болна нација.
 

Zfg

Член од
17 февруари 2022
Мислења
6
Поени од реакции
13
Во буквално секоја матична ординација има ЕКГ апарат, тоа е дел од задолжителната опрема без која ординација не може да добие лиценца за да почне со работа. Згора на тоа пред 15ина години сите ординации бесплатно набавија ЕКГ апарати бидејќи ФЗОМ рефундираше 1000 евра за набавен ЕКГ апарат.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
942
Поени од реакции
470
Кога сме веќе кај остеоартритис и слични состојби.
Едни викаат при движење,физичка активност вежбање, кревање тегови, физичка работа и друго добро влијае на коските, 'рскавицата,лигаментите.
Во смисла ги зајакнува.

Додека други викаат се ова довдедува во инфламација,повреди,трошење на 'рскавицата и воспалување.

И што е сега точно?

и дали правење на адаптивен стрес на телото и мускулите има некои бенефити?
или само инфламација и штета?

Дека сиве овие состојби настануваат од физичка работа , инфламација,кревање тежини ,трчање ,репетитивни движена...а не од седење и лежење


ПС. Би сакал да слупнам мислење од повеќе членови
.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
541
Поени од реакции
1.813
во ред, познато ми е дека екагето служи за дијагноза на разни состојби. Тоа треба повеќето да го знаат и нелекари. Тоа е теоретски. Но што станува со погоре примерот каде повеќе специјалисти не препознале ништо од тоа што го велиш.
За да има навремено откриена аномалија или дури и прединфаркт, матичниот треба да го снима скоро секој пациент, посебно постарите или ризичните групи.
Кажи ми ти дали е тоа можно, со оглед на гужвите кои се по амбулантите и пренатрупаноста на сестрата со администрација и разни интервенции? Збориме за реалност, не за што треба.
па уште подобро е ако докторот е добар дијагностичар и без тие машини. Докторот кај кој се затекнав кога ме задеси ова, беше од сосем друга бранша, но по симптомите веднаш ме стави во количка и правец ургентен. Ни екг ни бутур. Овие 5 специјалисти, 5 снимања...
Бев сведок и на "многу добро" дијагностицирање на ехо во друга болница. Помладите доктори поим немаа каде гледаат, додека нивниот постар колега не им посочи.
Така да, тоа познавање и читање на резултати и дијагностика е многу релативна работа. Некого го бива, некого не го бива, иако иста школа учеле. Џабе и трикодерот од стартрек.
Ти пиша друг член погоре,ЕКГ не служи само за дијагностика за инфаркт. Имаш цела палета од срцеви аномалии кои може да се дијагностицираат, меѓу нив доста кои знаат да бидат животозагрозувачки, со минимални или банални симптоми, буквално првиот симптом може да биде нагла смрт. Пазари некој во маркет и оп наеднаш паѓа на земја и fade to black...
Неколку пати потенцираш како на матичен не му требало ЕКГ, според тебе улогата на матичен е само да пишува рецепти и да препраќа на специјалист? Викаш татко ти бил интернист, сигурно ти објаснил како функционираат сите три нивоа на здравствениот систем. Ова е една популарна наратива во Македонија, матичен bad,специјалист good. Посебно ако е професор на факултет. А можеби најкриви за се ова се самите специјалисти. Колку пати на пракси и на вежби сум чул како специјалисти даваат епитети на матични, како неписмен, неспособен итн.
Со цел да задоволат лично его упорно тераат наратива како матични лекари биле најслабите студенти,кои ,, немале осет за медицина", а тие како најдобри нели, станале специјалисти. Реалноста во нашиот здравствен систем е дека за да станеш специјалист, не е прашањето колку знаеш туку кој знаеш. И тоа датира уште од време на Југославија па до денес. Татко професор на една катедра, ќерката на друга,синот и снаата на трета. Иста приказна и за болници во Скопје и внатрешноста. Во време на Грујо, кога правеа некоја истрага,најдоа дека грото од вработувањата на медицински вп Скопје биле фамилијарни. Го прашуваат тогашниот декан Јанкуловски што мисли тој за таа практика и овој рече нешто во смисла па зошто да немаат предност децата на професорите. Кој е тој закон кој што го забранува тоа?
Автоматски споено мислење:

Од физичка активност нема лошо. Секако ако ја практикуваш правилно и да не претеруваш. Имаш милион алтернативи на трчање ако се плашиш од трошење на рскавица- пливање, велосипедизам, веслање итн. Не знам од каде тој страв од трошење рскавица, ако практикуваш умерено трчање по меки површини. Исто така и со кревање тегови, зајакнуваш мускулатура што има само бенефит за зглобовите. Е сега,пак ќе потенцирам умереност. Ако тренираш како Рони Колман, нормално е да се повредуваш. :D
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Мојот матичен има во ординацијата екг апарат :)
Ооо, г-ѓице Чолисмо, далеку си инаку ќе те прашав за препорака. Овие другиве сите имаат ама никој не кажува каде.
Ти пиша друг член погоре,ЕКГ не служи само за дијагностика за инфаркт. Имаш цела палета од срцеви аномалии кои може да се дијагностицираат, меѓу нив доста кои знаат да бидат животозагрозувачки,
добро де, знам. Не мора да учиш шест години. Тоа ваљда од општа култура сите би требало да го знаат. Додуша новиве генерации, не знам колку знаат.
Неколку пати потенцираш како на матичен не му требало ЕКГ, според тебе улогата на матичен е само да пишува рецепти и да препраќа на специјалист?
па друга улога не сум видел дека имаат. Освен при вироза, тро појќе се ангажираат со стетоскопот.
Викаш татко ти бил интернист, сигурно ти објаснил како функционираат сите три нивоа на здравствениот систем.
не, него тоа што сега го нарекуваме матичен лекар. Покрај другите работни места. И нигде не реков дека матичните се лошите, другите се добрите. Прочитај погоре за специјалистите колку се заинтересирани да те стават на екг или ехо при "редовни контроли".
Т.н. матични, претходно ги нарекувавме само општи лекари, многу повеќе се ангажираа во примарната, но зависно од место каде работат имаа и други обврски. Пример породување, ако веќе инсистирате. Но, веројатно никој од вас не работел во места каде немало друг да изврши породување, па ќе го сметате за уште еден бисер. Тој период 70ти 80ти немало многу од она што вие сега го имате и за дијагностика и за третирање, но ете, се обидувале да спасат што повеќе. Немале со што да утврдат дали лицето е дијабетичар на пример, на терен. Ако сега тие уреди им фаќаат прашина, бадијала им се набавени. Можда треба правилник каде и ова ќе се уреди кај матичните, да се користат периодично, кај ризичните групи.
Така да на секој еден од нив му е вредно знаењето, бездруго. Битно е како и дали го применува тоа знаење, во какви услови итн.
Ако ова го искомбинираме со оној јаден мој термин, добиваме кашапопара која баш и не зависи од министерството.
Можеш да уживаш и во 50тите. Ако имаш добра среќа и си тро попаметен. Ако не....е јбг.

Ете види го лурц, на него не му треба никој, тој си знае се.
како пациент, да. А тоа е далеку побитно од тоа како го разбираат светот докторите и како се третирани меѓусебно. Премногу докторски грешки од понашање по шаблон, рутинска незаинтересираност или ноншаланс е премногу. Затоа приватни установи се полни, во надеж да добијат подобар третман.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.248
Поени од реакции
9.015
Ооо, г-ѓице Чолисмо, далеку си инаку ќе те прашав за препорака. Овие другиве сите имаат ама никој не кажува каде.
добро де, знам. Не мора да учиш шест години. Тоа ваљда од општа култура сите би требало да го знаат. Додуша новиве генерации, не знам колку знаат.
па друга улога не сум видел дека имаат. Освен при вироза, тро појќе се ангажираат со стетоскопот.
не, него тоа што сега го нарекуваме матичен лекар. Покрај другите работни места. И нигде не реков дека матичните се лошите, другите се добрите. Прочитај погоре за специјалистите колку се заинтересирани да те стават на екг или ехо при "редовни контроли".
Т.н. матични, претходно ги нарекувавме само општи лекари, многу повеќе се ангажираа во примарната, но зависно од место каде работат имаа и други обврски. Пример породување, ако веќе инсистирате. Но, веројатно никој од вас не работел во места каде немало друг да изврши породување, па ќе го сметате за уште еден бисер. Тој период 70ти 80ти немало многу од она што вие сега го имате и за дијагностика и за третирање, но ете, се обидувале да спасат што повеќе. Немале со што да утврдат дали лицето е дијабетичар на пример, на терен. Ако сега тие уреди им фаќаат прашина, бадијала им се набавени. Можда треба правилник каде и ова ќе се уреди кај матичните, да се користат периодично, кај ризичните групи.
Така да на секој еден од нив му е вредно знаењето, бездруго. Битно е како и дали го применува тоа знаење, во какви услови итн.
Ако ова го искомбинираме со оној јаден мој термин, добиваме кашапопара која баш и не зависи од министерството.
како пациент, да. А тоа е далеку побитно од тоа како го разбираат светот докторите и како се третирани меѓусебно. Премногу докторски грешки од понашање по шаблон, рутинска незаинтересираност или ноншаланс е премногу. Затоа приватни установи се полни, во надеж да добијат подобар третман.
Објасни колегата Хеј Арнолд, што е проблемот во здравството кај нас.

Се вработуваат и обучуваат само роднини кои после одат во приватни установи.

Во приватните каков третман ќе добијат е друг муабет.

Затоа и склучив патничко осигурување за не дај боже ако треба со медицински авион да ме земат од Петровец и носат што подалеку од таму!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.750
Поени од реакции
37.745
Кадаифчо, ти немаш појма какво мизерија од здравство имаме, какви глупи дијагностичари имаме...од искуство ти зборам.
@Aceso 10 дена имав градна болка, бол и позади во средина на грбот, трнење на лева рака, изнемоштенист, тешко дишење...сите прединфарктни симптоми, но нашиве кардиолизи тапа.
Направив 5 екг на различни апарати, пет еха на срце и сите ми рекоа дека се е во ред.
Ме праќаа на гастро, на ортопед, за на крај да завршам со стент.
Што друго да кажам
...како ма? зарем никој не ти направи лабораториска анализа за тропонин? една од дијагностичка насока воопшто дали си имала инфаркт или не!
...кога човек има симптоми градна болка ...итн, по 12 ч и 24 вредноста на тропонин иде до таван и е висок више од десет дена, тоа е протеин ослободен во крвоток поради оштетување на срцевиот мускул (некроза на миокардот) еден од дијагностичка насока за инфаркт, моментален или прележан,


... како што читам, никој не го спомнува, само ЕКГ апаратура која прашање дури да го најдеш кардиологот, па кој ќе го чита, колку знаат да ги видат превртените надоле од горе нормалните срцеви пикови или воопшто да ги нема што пишуваш ти дрка не се покажува на екг хартијата или кај пософистицирани ЕКГ апарати дијагнозата сама се испишува т.е го читаат текстот што самиот апарат го пишува на екг листата, без да се размисли за можна техничка грешка на апаратот,

...затоа прво трк до лабораторија ,,тропонин,, , па после нека реагира кардиологот со екг и др методи...

...си слушнала за ,,ticagrelol,,?
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.439
Поени од реакции
23.321
Муабетот за барањата ми беше дека се иницирани од пациентите, а матичните само даваат упат без преглед на фактичка состојба, и дали уопште треба да се прати тој пациент на такво испитување. Тука нема шанси да одам кај матичен и сугестивно да барам упат за било какво испитување, може вратата да ми ја покаже во првите 3 мин од прегледот.
Добро утро? Зошто матичните доктори да си губат нерви и време натпреварувајќи се со Сизиф кој има позалудна работа? Зборував буквално за ова пред неколку страни, ПЗЗ е приватизиран и системот на капитација директно зависи од пациентите, пациент може да смени матичен доктор без никаква причина, едноставно така му текнало. Матичниот ако следи медицина базирана на докази тогаш подобро нека не започнува со работа, ќе банкротира и ќе стави клуч на ординацијата за помалку од еден месец. Кој е тој толку мрднат што ќе следи препораки за антибиотици, упати, боледувања во ваков систем? Ова убаво звучи од страна, вака-така треба да работиш као демек не знаат они како треба. Во меѓувреме во реалниот свет 9 од 10 пациенти бараат антибиотик при прво поткашлување ама не, треба по 30 минути да трошиш време да ја едуцираш кога се пие цитералот за да 15 минути по тоа ти стигне нотификација одјавен пациент (вистински настан).

Во однос на ЕКГ во ПЗУ, неколку пати имам дијагностицирано инфаркт дури и кај пациенти кои немале сериозни симптоми и/или не сакале да одат до кардиологија сум ги убедил и се живи благодарение на тоа. За разлика од многу јас не се потпирам многу на специјалистите као нешто да се од Рајот излезени, какви кадри веќе доаѓаат и допрва доаѓаат јас искрено се плашам за себе си и за моите утре за не дај Боже ако притреба нешто. Имам безброј случаеви за нивна неписменост (најновиот е од завчера) која не само што не го подобрила туку и го влошила здравјето на пациентите.

Се почна муабет за инфаркт па еве еден интересен случај што ми остана во сеќавање од пред речиси една година - пациент со видлива SТ елевација и силна градна болка го праќам во кардиологија од каде читам извештај кој вели дека бил добар човекот. Наредниот ден пак доаѓа со истите работи, го праќам повторно а низ муабет го прашувам семејството дали му направиле тест за тропонин, ми викаат ништо не му зеле за лабораторија. Одат пак таму, таму пак му викаат дека бил добар, семејството барале тест "како што рекол матичниот", му направиле по некое време натегање и убедување и види види тропонин 4000. Иститот ден му ставиле 2 стента и сега за сега фала Богу си е добар човекот.

Е сега задолжително #нотолл, знам и за матични кои се тотално незаинтересирани или неписмени, знам и од тука хорор приказни, поентата ми е дека не е толку црно/бело и дека најголем дел од населението нема поим како функционира здравството и зошто се прават некои работи кои се прават.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.750
Поени од реакции
37.745
... ајде една ретроспектива за македонското Јавно здравство од анализираните податоци за 2023 година, 85% од средствата за специјалистичко консултативна здравствена заштита се кон здравствените услуги обезбедени во Јавното здравство, а 15% од средствата се за услуги во Приватното здравство.

...здравствените услуги во болничката здравствена заштита се остваруваат во јавните здравствени установи: Општите болници, Клиничките болници, Специјалните болници, Универзитетските клиники, како и во приватните болнички здравствени установи, за 2023 година 109 јавни здравствени установи.

Screenshot 02-14-2025 15.54.40.png

... покрај Јавните здравствени установи, со упатите од матичните лекари за повисоко ниво на здравствена заштита, осигурениците можат да ја добијат здравствена услуга и од приватни специјалистичко консултативни здравствени установи со кои ФЗОРСМ има склучено договор, а ги има 159 ПЗУ кои вршат специјалистичко консултативна здравствена заштита во медицински дејности од кои 13 се специјалистички лаборатории, а другите се од интерна медицина, физикална медицина и оториноларингологија.

Screenshot 02-14-2025 16.57.34.png

Screenshot 02-14-2025 17.03.22.png

Screenshot 02-14-2025 17.03.39.png

...и на крај на ова званична стаистика на ФЗОСРМ за македонското здравство во 2023 година, кои лекови биле најпрепишувани на рецепт, а со тоа најкористени од населението.

Screenshot 02-14-2025 17.01.20.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom