Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
10 декември 2024
Мислења
22
Поени од реакции
18
За Козле не знам. За Ѓорче делумно, Хром.
Изведбата однадвор е класика. Внатре е битно како е изведено. Воглавно скоро сите имаат проблем со со занаетчиска изведба. Или негде тече или таркетот се подига или влезните врати се катастрофа...единствено што би земал стан со најмалку фалинки и најголем одзив за нивно исправање е Бонанца, Јован. Сендвич ѕидови направи и меѓу становите, скоро па ништо не се слуша. Единствен проблем беше климата па одма ја корегираа. Другите поголеми фирми кај нас се доста терсене па и при барање во гарантен рок да ти средат некој проблем.

И треба да имате голема среќа со инвеститорите оти многу од нив со години немаат имотни, како овие
одат во стечај или прават други скаламуции и тогаш е тешко вам. А однапред не знаете дали фирмата ќе се одлучи за стечај па да си го собере кајмакот.
Има такви случаи и Аеродром, К Вода, кај нас без имотни. Ние сме таков случај ради стечај и уцена на т.н. главни доверители да ги земат сите станови-тоа е газдата на една поголема невладина организација, со мноогу пари за адвокати. И џабе ви е преддоговор во тие случаи.

Така да, за нови згради главно тие се проблемите. Ако знае некој конкретно со фирми како е Козле кај што барате али генерално проблемите се тие за нова зграда.
Автоматски споено мислење:
Пример кажав за Козле, ја сум од Аеродром цел живот, секако дека сакам во Аеродром да си најдам ама со тие цени (вештачки) можам само паркинг место да си купам (така е зборот), ама најверојатно ќе земам во Аеродром во нова зграда ама гледам и други опции во животот, не само стан. Муабетот е што сите го занемеруваат фактот за имотен лист, што е мислам НАЈБИТЕН фактор во целиов муабет според мене за стан (внатрешно се ќе си преуредиш и преправиш со пари и ќе ти е како што сакаш ТИ, дури и од аспект на цевки, кабли, плочки), џабе ти се пресметки за кредити и исплаќања кога на крајот на денот, може да ти дојде некој X човек (државата) и да ти го земе, како што кажа ти, тој преддоговор ништо не ти значи. Јасно ми е за проблемите со изведбата со занаетчиите (ама има нешто и во материјалите и изведбата внатрешно, како што кажа сендвич ѕид, тип на цевки, тип/вид на санитарија, плочки дали се порцелан или керамика, дали се од Италија или Турција итн.) во таа бранша сум лично и ги познавам работите, само не сум правник.
Целиов муабет ми беше конкретно за убедувањево со кредитите и инвестирањето во становите, дека тој што сака да земе, нема да дојде на форум за некој да му направи пресметка, туку ќе си отиде до банка и ќе си праша и ќе си добие најточен одговор од тука.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Па како прво би се сопрела градежната офанзива во Скопје во која се гради зграда буквално сегде кај што има 10 метри простор, без притоа да се води сметка дека ниту водоводната мрежа ниту патната инфрастуктура на пример не се предвидени за толкав број на згради. Како второ становите би станале подостапни за обичниот народ на кој тие станови вистински му се потребни. Како трето би се натерале овие што сега инвестираат во станови да станат финансиски пописмени и да почнат да инвестираат во нешто друго.

Sent from my SM-S921B using Tapatalk
Ја преценувате бројката на “инвеститори” и “перачи на пари” дека толку значајно влијае на цената на становите. Убедливо најголем процент зашто се купуваат станови е поради домување. Скопскиот регион бележи раст на население и број на домаќинства, а се намалува број на членови на домаќинство. Поминати се деновите кога три генерации живееле под ист кров, и младите што се 26 или 28 години нагоре бараат домување а не семејна заедница. Затоа и најголема популарност на станови со одредена големина или на запад познати ко “прв дом”. Плус доселување од страна си го прави своето. Сите имаме еден куп колеги што не се родум од Скопје а си имаат купено станови тука. Згради како Настел Тафталиџе се дупка полни, населени со млади брачни парови.

Тука на темава се пробува да се аплицира фалична логика кај што државен тренд (намалување популација) влијае на цени на недвижнини за специфична локација (цена на станови во Аеродром и Карпош). Луѓе се иселуваат од државава, значи цените на станови во Карпош и Аеродром треба да паднат. Коренот на овие две работи, зошто се случува тоа што се случува, е сосема различен, и едната работа нема врска со другата.

Исто на темава се збори колку многу скокнале цените на становите и не можел нормален човек да си ги дозволи, ама целиов муабет се прави за три скопски населби.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
277
Поени од реакции
435

Не пробувај да им докажуваш. Секако ке реплицираат со глупости. Овде во Мк треба лебот да биде 10 денари, платите 2,000 евра, становите 500 евра во центар и дебар маало, а никој ништо да не работи.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.691
Во врска со повлекување на “зголемената исплата” можеш во било кое време да направиш некој вид на рефинансирање или како и да би било правилно до вредност од 85% од моменталната вредност на имотот.
Прост пример си купил стан у капиштец за 50000€, си исплатил 10000 и должиш уште 40000 така
Бараш банката да ти направи рефинансирање праќаат проценител ти кажува твојот стан вреди 100000 сега значи можеш да земеш 45000€ на име на него ( за што ќе ги трошиш твое си е банката не ја интересира )
за предвремена исплата незнам дали имаат некој таков лимит ама се што сум ставил одвише до сега било прифатено
Не добиваш физички пари од рефинансирањето, туку ти се намалува loan to value ratio, и тоа може да го искористиш за добивање подобра каматна стапка, исплаќање годишно помал дел од вредноста на станот, или исплаќање само на каматата доколку стигнеш до тие фамозни 50%.

Нема лимит на предвремена исплата, може и да го дуплираш и триплираш износот на амортизацијата.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.379
Поени од реакции
18.518
Не пробувај да им докажуваш. Секако ке реплицираат со глупости. Овде во Мк треба лебот да биде 10 денари, платите 2,000 евра, становите 500 евра во центар и дебар маало, а никој ништо да не работи.
Vidi idealno bi bilo da e taka, megjutoa ima svetski trend lugjeto da se pikaat vo strogo gradsko podracje i toa gi kreva cenite u vis.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.749
Поени од реакции
5.500
Не добиваш физички пари од рефинансирањето, туку ти се намалува loan to value ratio, и тоа може да го искористиш за добивање подобра каматна стапка, исплаќање годишно помал дел од вредноста на станот, или исплаќање само на каматата доколку стигнеш до тие фамозни 50%.

Нема лимит на предвремена исплата, може и да го дуплираш и триплираш износот на амортизацијата.
Можеш да подигнеш и пари доколку сакаш/имаш потреба, нормално тоа може (и веројатно ќе влијае) да ти влијае на каматната стапка како што наведе
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
277
Поени од реакции
435
Vidi idealno bi bilo da e taka, megjutoa ima svetski trend lugjeto da se pikaat vo strogo gradsko podracje i toa gi kreva cenite u vis.
Па така е, многу луѓе го рачунаат и времето во поголемите светски градови. Такада ако се живее подалеку на поефтино место ке има повеќе патување а и трошоци за кола/транспорт. Вака плаќаат повеќе пари за кирија или рата да купат поскап имот во центар. Тоа и ја турка цената нагоре. Ама на 10 минути пешки си сегде.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.854
Поени од реакции
12.387
Ццц, овој поскап за 300 евра од оној што го нудеа кај собрание. За тој кај собрание го прашаа продавачот без собранието колку чини.
Не па вие, пазарна логика, не знаеме ние ништо, 200е квадрат, кој сум јас да судам некому за цениве. И слични леви a.h. муабети.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.854
Поени од реакции
12.387
Дајмонд, при пребарување ова се добива

да, вака исто и на Парк Авенија. Глупи американци, таму миљон долари квадрат
 
Последно уредено:
Член од
24 август 2017
Мислења
598
Поени од реакции
1.363
^^До прва тек и ќе плачет, чест на мали исклучоци ама едно 80% од градежни комп. се еден биг шит, овие шо земаја станбени кредити господ нека им напомош.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
454
Поени од реакции
614
Дајмонд

да, вака исто и на Парк Авенија. Глупи американци, таму миљон долари квадрат
yep, буквално истите проблеми :D

Kajgana Shop

На врв Bottom