Прегледај го приврзокот 442721
Ме интересира зашто мислите дека овој нацрт план не би бил прифатлив за Русија како основ за преговори?
1. Трајна неутралност за Украина и откажување од Нато
2. Крим и деловите од 4-те региона под Руска Федерација и признавање на нивни суверенитет од Украина
3. Укинување на сите санкции кон Русија
Во глобала, главните барања на Русија.
Дури и таа ЕУ војска во демилитаризирана погранична зона не е страшен проблем, ако добро се преговара ( минимален број на војници, исклучиво со лесно/лично наоружување, присуство на Руски офицери како посматрачи, дефиниран временски рок, пример макс 2 год...).
Да, ова не е во желбите на Русија, ама за за сметка на некои отстапки, и обратно ќе се бара (ограничување на војска/оружје на Украина или слично)...
Како и да е, мислам дека ова е добра појдовна позиција за Русија и со добро преговарање на споредните точки, може да се рачуна како победа на Русија