И пак избегнување на одговор. Тоа што не си ме разбрал можеби донекаде е и и моја вина. Ниедно учење/философија/религија не е догма сама по себе додека ти не ја прифатиш како догма. Ти очигледно си ја прифатил како догма. Тоа за тебе е зацементирано и вечно. Нема ништо вечно, Се тече, се се менува, нели?
За да не избегнеш пак, еве го прашањето поввторно. Кои се тие придобивки за човештвото кои Телемата ги „донела“?
Не може за другиот ти да зборуваш дека разбрал како догма или не знам што...
Тоа се глупости. Кога самиот човек ќе зборува дека верува во догма и догмата спасува - тогаш може да се коментира, како што зборуваат христијаните: тие самите тврдат дека догма значи непроменливост, постојаност, совршеност и апсолутно дејствува позитивно секаде и кон секому таа догма!
Без истражување, без напор, дури и ги убедуваат оние кои се „бедни по дух“ токму тие се врвот и голема награда ќе имаат!
И да, грев - мора да имаш грев!
Кога ќе видам дека не оди работата со Телема, не постои авторитет кој што може да ме осудува зошто не сум повеќе Телемит, како што е ислам или христијанството. Така да, намали со тоа „за тебе ова е догма“. Фалусов мој ти знаеш за мене што е Телема. Од друга страна реков дека Телема за прв пат зборува јавно дека Телема ќе заврши, како и се дурго пред нејзе - човештвото останува! Не постои крај...
Догма е тоа?
Во твојот ум може да е сешто, дејствувај како разбираш и ќе видиш како е...
Очигледно не може да зборуваш за мене што како сум прифатил, иако ти е ок така да мислиш заради некои твои фикс идеи....
Телема не може да ти донесе ништо, ако ти не работиш и не дејствуваш според Законот на Телема, освен да ти донесе философија и алатки за дејствување!
Мора да знаеш, да имаш храброст да пробуваш, да дејствуваш...
Ако дејствуваш и научиш кои се алатките и како да се користат следува:
Слобода, Живот, Љубов и Светлина.
Liberty, Life, Love, Light - L.L.L.L. под еден Закон односно Law.
Но, само и ако само дејствуваш според Законот на Телема.
Види ја Liber L.L.L.L.L. De Lege Libellum за подетално што зборувам, бидејќи тука може само површно да се зборува, затоа и цитати и линкови, за оние кои навистина ги интересираат нештата!
Не може да имаш Слобода, ако не сакаш слобода и си закован за догма и гревот ти виси над срцето непотребно.
Не може да имаш Живот ако не сакаш да се спознаеш и живееш до максимум сега и тука.
Не може да имаш Љубов ако имаш ограничуавње заради догма и „така рекол богот“, односно „општеството“ и моралноста и етиката која Е менлива.
Не може да имаш Светлина ако не работиш и не разбереш дека темнината постои само на оваа мрачна планета, а дека надвор од нејзе сонцето нит зајдува нит изгрева.
Сега, не знам дали смеам да ти опнам
линкови за да прочиташ и да се запознаеш подобро со ова што го зборам.
Бидејќи ова е толку површно што едвај и да загребува на површината...
П.С. Телема донесе ако ништо друго идеја дека секој може да верува во што сака, како сака, до кај сака и каде му е волја ако тоа не значи заморување на другиот и дека не постојат богови кои ќе се откажат од тебе ако ти си се спознал и дејствува човек исполнувајќи се до максимум!
Апсолутно спротивно од стариот еон!
Донесе идеја дека секој е центар на универзум, дел од универзум и врзан со другите... каде и да е, дури и на најосамениот врв
Исто Ипси зборуваше и за некакви историски настани кои се темелат на Телемитската доктрина на Слобода и Живот на поединецот. Но треба да побараш ако те интересираат такви нешта... јас не успеав бидјеќи ептен бледо се сеќавам, не знам ни на која тема се зборуваше...