Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.057
Поени од реакции
1.116
Најголемото нешто како човек е да го смениш ставот кон другиот... посебно ако забележиш и најмал сомнеж дека си бил неправеден кон другиот.
Молчењето понекогаш може да е поголемо зло и од самото зборување... ако мислата останатала иста....
Грешка си за молчењето, самиот Господ Исус Христос рекол:,,Не го осквернува човек тоа што влегува низ устата, туку она што излегува ", тоа значи дека секој човек треба да молчи, особено пред вистината да не кажува лага, бидејќи за секој лош збор ќе му биде судено, особено ако продолжи понатаму исто.
Христијанството јас го гледам како златен клуч кој води до рајот и до вечен живот, самиот Христос кажал дека кој верува во мене, ќе има вечен живот и кој ги почитува заповедите и ги запази ќе има вечен живот, а тука го имаме и покајанието како врата која што се отвора низ која може да влезе душата на човекот до Господ.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
300
Поени од реакции
248
Wooooow. Те навреди „пијаница и наркоман“? И Моцарт бил пијаница, па што? Морисон бил и пијаница и наркоман..... Па оставиле дела зад себе и тоа какви. Вака извадени од контекст може така ти личат моите ставови.
На нет се можам да најдам, и вистини и полувистини и невистини. Јас Хептаграм го прашав што тоа Телема донесе вака накратко да ни каже, не јас да барам на друго место. Вака гледајки како избегнуваш одговори се повеќе ми личиш на друг лик од форумов, познат по неодговарање на поставени прашања.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.571
Поени од реакции
3.366
За да не ме разбереш погрешно, Сметам дека телемата како философија има добри поенти.
1. Нема стари и нови еони, секоја милисекунда е нов еон. Избегна одговор од кога (1904) го рачунате за „нов“, кога се појавил “законот“. Што тоа револуционерно се случи во таа година? Што придонесе за човештвото? Нели е Човештвото пред се?
2. Ништо мене не ми значи, ништо помалку или повеќе од хуманистистичкиот манифест или секуларизмот. Зборувам како философија или како пишана реч. Не зборувам за праксите и веќе реков не ме интересираат како што ни тебе не треба да те интересират туѓите пракси. Ниту можеш да знаеш секој какви пракси има.
Можда се поклапа со годината кога го укинале Етерот од менделевиот систем..само гласно размислувам..

Да де, и Маркс, еден од најпознатите антихристи од поново време, викаше дека „...религијата е опиум за народот...„, така да ако се повикуваш на Маркс, за Бога ќе дознаеш-никогаш.

Туку, ајде подобјасни кој Е Бог и како Он фунционира, кога истово на никого до денешниов ден ем не му е јасно, ем не му е објавено од самиот Бог.
На прашањето кој е Бог и како функционира сеуште немам утврдено во главата дефинитивно а знам кај го нема на пример во икони,бројаници и ред други помагала на кои се ,,палат" верниците за воспоставување на контакт со Него..
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
1.057
Поени од реакции
1.116
На прашањето кој е Бог и како функционира сеуште немам утврдено во главата дефинитивно а знам кај го нема на пример во икони,бројаници и ред други помагала на кои се ,,палат" верниците за воспоставување на контакт со Него..
Бог е тој што ја создал вселената, земјата и се што ја опкружува земјата, Бог е вечната светлината што не заоѓа, Оној што го создал човекот според неговото лице и затоа човекот уште се нарекува лице творение на Господ.
Адам и Ева го виделе Господ биде биле во рајот, а после каснувањето од плодот на сознанието станале грешни и смртни и биле протерани од рајот и пуштени во земјата. Оттогаш настапува размножувањето на луѓето низ земјата и со текот на годините и делење на повеќе племиња.
Исус Христос е тој совршен Бог кој е тројство во едно и слегол на земјата во облик на човек заради ослободување и прошка на гревовите со тоа што проштевал гревови и бил распнат и воскреснал заради гревот за да се ослободиме од гревот. Откако воскреснал Христос, истата таа сила со која воскреснал живее во нас луѓето, така да иако правиме поделба на луѓето сепак секој ја носи таа сила со која Христос воскресе и со секое вдишување и издишување на воздухот го изговараме името на Нашиот Бог Исус Христос.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.198
Поени од реакции
5.414
На прашањето кој е Бог и како функционира сеуште немам утврдено во главата дефинитивно а знам кај го нема на пример во икони,бројаници и ред други помагала на кои се ,,палат" верниците за воспоставување на контакт со Него..
На прашањето „Кој Е Бог„ не можат да одговорат во потполност ниту Боговидците, така да не мораш да „мозгаш„ премногу по тоа прашање. На верата во Бога не и‘ е потребно „кршење на гла‘та„, туку едноставно и простодушно прифаќање на Божјите вистини.

Самите икони, небитно чиј лик е насликан, се нарекуваат „прозорец кон Небесата„ и тие навистина се чудотворни, затоа што самата икона е веќе посветена, а ликот од иконата „слуша„ кога му се обраќаме со некоја молба или потреба.

Бројаниците имаат сосема друга улога во животот од верните и не се поврзани со никаков „контакт„ со Бога, туку со „тренирање на умот„ и негово насочување кон живиот Бог.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.315
Не ме навреди ништо. Тоа ти е собрано од стариот еон... не смееш да гукнеш ништо за пророците и месиите, ќе се навредат господата...

Не важи тоа во новиот еон. Сам мора да откриеш кој е твојот идеал што може да го достигнеш сега, на Земјата додека одиш меѓу живите!

Јас само ти посочив како почна муабетот и до што дојде. :coffee:
Ти започна со тоа дека Телема е догма и дека е како другите религии, па за на крај дојде до тоа дека тебе сепак ти е ок Телема, но јас ја разбирам како догма, и ти смета јас што пишувам и како пишувам на форумов.
Ха :)

Абе, љубовта е закон, љубов под волја.
Другото е ветер...
 
И пак избегнување на одговор. Тоа што не си ме разбрал можеби донекаде е и и моја вина. Ниедно учење/философија/религија не е догма сама по себе додека ти не ја прифатиш како догма. Ти очигледно си ја прифатил како догма. Тоа за тебе е зацементирано и вечно. Нема ништо вечно, Се тече, се се менува, нели?
За да не избегнеш пак, еве го прашањето поввторно. Кои се тие придобивки за човештвото кои Телемата ги „донела“?
 
Не може за другиот ти да зборуваш дека разбрал како догма или не знам што...
Тоа се глупости. Кога самиот човек ќе зборува дека верува во догма и догмата спасува - тогаш може да се коментира, како што зборуваат христијаните: тие самите тврдат дека догма значи непроменливост, постојаност, совршеност и апсолутно дејствува позитивно секаде и кон секому таа догма!
Без истражување, без напор, дури и ги убедуваат оние кои се „бедни по дух“ токму тие се врвот и голема награда ќе имаат!
И да, грев - мора да имаш грев!

Кога ќе видам дека не оди работата со Телема, не постои авторитет кој што може да ме осудува зошто не сум повеќе Телемит, како што е ислам или христијанството. Така да, намали со тоа „за тебе ова е догма“. Фалусов мој ти знаеш за мене што е Телема. Од друга страна реков дека Телема за прв пат зборува јавно дека Телема ќе заврши, како и се дурго пред нејзе - човештвото останува! Не постои крај...
Догма е тоа? :)
Во твојот ум може да е сешто, дејствувај како разбираш и ќе видиш како е...

Очигледно не може да зборуваш за мене што како сум прифатил, иако ти е ок така да мислиш заради некои твои фикс идеи.... :)

Телема не може да ти донесе ништо, ако ти не работиш и не дејствуваш според Законот на Телема, освен да ти донесе философија и алатки за дејствување!
Мора да знаеш, да имаш храброст да пробуваш, да дејствуваш...

Ако дејствуваш и научиш кои се алатките и како да се користат следува:
Слобода, Живот, Љубов и Светлина.
Liberty, Life, Love, Light - L.L.L.L. под еден Закон односно Law.
Но, само и ако само дејствуваш според Законот на Телема.

Види ја
Liber L.L.L.L.L. De Lege Libellum за подетално што зборувам, бидејќи тука може само површно да се зборува, затоа и цитати и линкови, за оние кои навистина ги интересираат нештата!

Не може да имаш Слобода, ако не сакаш слобода и си закован за догма и гревот ти виси над срцето непотребно.
Не може да имаш Живот ако не сакаш да се спознаеш и живееш до максимум сега и тука.
Не може да имаш Љубов ако имаш ограничуавње заради догма и „така рекол богот“, односно „општеството“ и моралноста и етиката која Е менлива.
Не може да имаш Светлина ако не работиш и не разбереш дека темнината постои само на оваа мрачна планета, а дека надвор од нејзе сонцето нит зајдува нит изгрева.

Сега, не знам дали смеам да ти опнам линкови за да прочиташ и да се запознаеш подобро со ова што го зборам.
Бидејќи ова е толку површно што едвај и да загребува на површината...

П.С. Телема донесе ако ништо друго идеја дека секој може да верува во што сака, како сака, до кај сака и каде му е волја ако тоа не значи заморување на другиот и дека не постојат богови кои ќе се откажат од тебе ако ти си се спознал и дејствува човек исполнувајќи се до максимум!
Апсолутно спротивно од стариот еон!

Донесе идеја дека секој е центар на универзум, дел од универзум и врзан со другите... каде и да е, дури и на најосамениот врв :)

Исто Ипси зборуваше и за некакви историски настани кои се темелат на Телемитската доктрина на Слобода и Живот на поединецот. Но треба да побараш ако те интересираат такви нешта... јас не успеав бидјеќи ептен бледо се сеќавам, не знам ни на која тема се зборуваше...
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2018
Мислења
1.571
Поени од реакции
3.366
На прашањето „Кој Е Бог„ не можат да одговорат во потполност ниту Боговидците, така да не мораш да „мозгаш„ премногу по тоа прашање. На верата во Бога не и‘ е потребно „кршење на гла‘та„, туку едноставно и простодушно прифаќање на Божјите вистини.

Самите икони, небитно чиј лик е насликан, се нарекуваат „прозорец кон Небесата„ и тие навистина се чудотворни, затоа што самата икона е веќе посветена, а ликот од иконата „слуша„ кога му се обраќаме со некоја молба или потреба.

Бројаниците имаат сосема друга улога во животот од верните и не се поврзани со никаков „контакт„ со Бога, туку со „тренирање на умот„ и негово насочување кон живиот Бог.
Твојата верзија на Исус преточен во внатрешниот глас ти вика-Седи мирен брату све е ок,читај посланија пости и уживај имаме екипа(монаси) која се моли за нашите души а твое е само да ги прифатиш Божјите вистини..

Мојата верзија на Исус ми вика со свирење и реметење во кревет со влечење на ќебето ко будење во војска во 5 сабајле-Ајде станувај брату акција сакам да видам..Не дреми ко мисир доста ти е спиење!Ја не ги пратив моите ученици да идат да видат што се дешава во храмот и да ме информираат околу овие што тргуваа таму(и да седнеме да разгледаме кои демократски средства ги имаме на располагање и како да реагираме) него сам отидов и пичвајз направив..

Иконата сама на себе не може да си помогне и бара човечка помош во вид на шајка да ја закачи на ѕидот,и ако го знаеме тој факт тогаш како може нешто да ти помогне кое е понемоќно од тебе..
 
Човек, Бог живее во нас, Бог не е само во Рајот, Бог го исполнува човекот и се што ни е дадено, ни е дадено од Бог. Внатре ние носиме божанска енергија, носиме душа, Бог е најмоќниот владетел на нашите души, може душата во Рајот да ти ја прими, а може и да ја прати во пеколот и само тој ја има таа власт.
За да се спасат луѓето го прати својот син Господ Исус Христос да дојде да ги спаси луѓето и преку покајание и причест со пречистите тело и крв христови ние да се спасуваме, но не е само тоа, треба да тежнееме кон молитвата и кон постот - каде што се воздржуваме најмногу од лоши помисли.
Можеш да се правиш како фарисејот дека си праведен и да ги кажуваш делата што си ги направил, но тоа е само воздигнување напразно, се додека не признаеш дека си грешен пред Господ Исус Христос и да побараш прошка за гревовите и да размислуваш за тоа, залудно е едноставно и душата живее во темнина.
Иконите се создадени од луѓе кои ги виделе Исус Христос, пресветата мајка божја Богородица, Јован Крстител и т.н. и тие фактички сведочат да еден начин за вистината и има некои од иконите што мироточат и крвоточат. Иконите јасно ни го покажуваат ликот Христов, на нашиот создател кој го спасува својот народ и кој е од неговото стадо ќе го чуе неговиот глас и ќе појде кај него.
Христос е само вистинскиот Бог, се другото е лага, изопачено, нешто што е создадено од оној човекоубиецот, повеќето луѓе паѓаат во таа лага и тие веруваат во Антихристот. Само Христос може да ги спаси луѓето за да одат во рајот, другите луѓе што веруваат во другите религии, нека им се молат на непостоечките богови нивни и тие си ставаат само потежок суд пред Господ. Блажени се оние кои преминаа во Христијанството затоа што по големата милост божја ќе бидат спасени.
Тешко на оние луѓе кои што не ќе се покајат, кои нема да ги исплашат своите гревови и нема да имаат марамче навлаженото со солзи и од кое солзи течат.
Христос воскресе од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие од гробовите живот им даде.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.198
Поени од реакции
5.414
Твојата верзија на Исус преточен во внатрешниот глас ти вика-Седи мирен брату све е ок,читај посланија пости и уживај имаме екипа(монаси) која се моли за нашите души а твое е само да ги прифатиш Божјите вистини..

Мојата верзија на Исус ми вика со свирење и реметење во кревет со влечење на ќебето ко будење во војска во 5 сабајле-Ајде станувај брату акција сакам да видам..Не дреми ко мисир доста ти е спиење!Ја не ги пратив моите ученици да идат да видат што се дешава во храмот и да ме информираат околу овие што тргуваа таму(и да седнеме да разгледаме кои демократски средства ги имаме на располагање и како да реагираме) него сам отидов и пичвајз направив..

Иконата сама на себе не може да си помогне и бара човечка помош во вид на шајка да ја закачи на ѕидот,и ако го знаеме тој факт тогаш како може нешто да ти помогне кое е понемоќно од тебе..
Хм....како и секој протестант, и ти си имаш некој свој „исус„.
ОК, штом така велиш...
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
553
Поени од реакции
955
Го кршам заветот 1225.
1 и 1 е 10. 2 и 2 е 4. Пи е константа. Скалата има 7 тонови. Човештвото постои и твори во овој домен. Каде е Исус, каде е Телема, каде е Алах?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.414
Поени од реакции
4.783
...секој што се идентификува со одредено верување и се изјаснува како припадник на тоа дружение, вера или што и да е, е верник.Тоа му беше поентата на @Херман
...а тоа што дискусиите брзо прераснуваат во кавги е и основата на секое верување.Наречи ја Догма, Философија или Религија, се е едно те исто....црно или бело,или си со мене или против мене :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom