Serie A 2024/25

Кој?


  • Вкупно гласачи
    73
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.660
Поени од реакции
15.343
Ако некој стартува на топка, не значи дека не може да направиш фаул. И црвени се добиваат, доколку има опасен старт, без разлика дали прво ја собрал топката, а потоа и играчот.


Е сега, што е финтата околу тоа "прво старт на топка", кога се гледа за пенал, е тоа дали после стартот имаме ситуација во која фудбалерот може да продолжи со акцијата, да дојде до топка или да продолжи акцијата. Најчесто во вакви ситуации, нема простор за такво нешто.

А плус се гледа и интензитет. По правила, што е фаул на средина на терен, тоа е и во 16м, во реалноста е малку поинаку и тука се гледа интензитет. Иако па во други милион ситуации ќе пресудат глупи пенали, но тоа е друга тема.


Колку што читав некои објаснувања, не знам дали се од комуникацијата помеѓу судиите или од судиската комисија, на овие две работи се вадат затоа што не досудиле пенал.



А тоа дека можеш со една нога да стартуваш на топка и потоа со друга да го собереш или после старт на топка, противничкиот фудбалер да има можност да ја продолжи акцијата, а ти да го собереш и да нема елементи за пенал, се глупости.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.977
Поени од реакции
23.549
Како може пенал и црвен кога стартува на топка?

Не реков црвен, реков само картон, идем според вашите аршини
Според мене не требаше да биде пенал било која од ситуациите
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
7.093
Поени од реакции
24.570
Не реков црвен, реков само картон, идем според вашите аршини
Според мене не требаше да биде пенал било која од ситуациите
Па ако не требало да биде пенал за она на Павловиќ врз Турам ондак не требаше да биде ниту фаул за Тео при третиот поништен гол.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.500
Поени од реакции
7.885
Не знам зашто се инатат Миланезите кога Интер беше оштетен, инаку на Милан му беше повеќе потребна победа него на Интер. Не знам оваа година дали 5-то место во Италија води во ЛШ а Милан тешко да стигне еден од Јувентус или Аталанта за тоа 4-то место.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.569
Поени од реакции
7.208
Окафор во Наполи за 1.5М, опција за целосен откуп за 23.5М летоска.
Конте врие, го бараше Гарначо му го донесоа Окафор што не помина медицински прегледи у Лајпциг. Како планира Де Лаурентис овој да преживее тренинг на Конте не знам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.273
Поени од реакции
118.284
Не реков црвен, реков само картон, идем според вашите аршини
Според мене не требаше да биде пенал било која од ситуациите
Аха, значи една спорна/погрешна одлука треба да ја оправдаш со друга исправно досудена одлука само за да докажеш некоја своја правдина? Види, да барам пенал за она од Бисек искрено треба да сум почнал од вчера со гледање фудбал или да не знам кој спорт го гледам.
Она над Турам е пенал по сите параметри, колку сакате тешете се дека Тео после тоа на топка стартувал, битното е дека пред тоа Павловиќ со сопнува Турам, подолу и слика ќе ставам. Не зборам од инает или пристрасност, или дека судијата не коштал бодови, само констатирам очигледна работа.

Еве чисто илустративно, прошло коло против Лече при 0-0 резултат играше еден играч на Лече со рака во 16ник, гледам по странициве на ФБ квичеа дека било пенал, јас прв кажав дека не е. Нема везе што не му беше залепена раката за тело, едноставно преблиску беше играчот на Лече до играчот на Интер и немаше време да реагира.

Еве ти и слика од тоа со Павловиќ.
Screenshot_20250203_122234_Facebook.jpg
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.569
Поени од реакции
7.208
Не си легнувајте пред 12, Милан како запнаа на трансфер пазаров последниве 2 саати и шуто и рогато регистрираа. :pos: последен Сотил од Фиорентина.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.259
Поени од реакции
68.933
Како не знае Конте со играчи не те разбрав?

Оти од една страна кажуваш едно, од друга дека не знае „вака“ со играчи. Како е тоа вака? Да направи од Пепе и Џакерини да изгледаат како пристојни фудбалери? Да направи од Мозес, Маркос Алонсо и факинг Вилијан привремено да изгледаат како играчишта? Да направи од Јуан Жесус и рРахмани пристоен штоперски пар? Да направи од МекТоминеј стрелец од средината на теренот?
MeкТоминеј во младински категории играше како напаѓач. Исто и во првиот состав често играше како втор напаѓач, впрочем лани чинам и втор стрелец беше во екипата. Нема ништо различно Конте направено со него.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.660
Поени од реакции
15.343
MeкТоминеј во младински категории играше како напаѓач. Исто и во првиот состав често играше како втор напаѓач, впрочем лани чинам и втор стрелец беше во екипата. Нема ништо различно Конте направено со него.
Негова и најголема предност била да препознае и да искористи простор. И Тен Хаг минатата сезона му даде слична улога и постигна 7 гола. Ваму го има Лукаку, што му оди во корист. Нормално, Конте знае и многу подобро и почесто да го доведе во таква ситуација.

А и во Италија, тоа што физички е доста силен, доаѓа повеќе до израз отколку во ПЛ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.273
Поени од реакции
118.284
А и во Италија, тоа што физички е доста силен, доаѓа повеќе до израз отколку во ПЛ.
Се додека не дојдат настапите во Европа каде ќе изгледа како изгубен германец против екипи што знаат фудбал и што не се викаат Лече и Монца.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.286
Поени од реакции
18.565
MeкТоминеј во младински категории играше како напаѓач. Исто и во првиот состав често играше како втор напаѓач, впрочем лани чинам и втор стрелец беше во екипата. Нема ништо различно Конте направено со него.
Да не излезе дека скриен Руни купија Наполи :icon_lol:

Не сме деца мислам да се заебаваме. МекТоминеј е еден нешто натпросечен британски полу-копач. Не е онака класичен, да не знае да оди, има нешто малку техника, ама тоа е сосема малку, онака. Кариерата му се состои од неколку просечни сезони во најлошиот Јунајтед што било кој член на форумов го има гледано.

Во било кој од Јуве-Интер-Милан овој би флопнал јако, онака, би бил закован на клупа до полусезона и пратен на позајмица во Фулам.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.259
Поени од реакции
68.933
Да не излезе дека скриен Руни купија Наполи :icon_lol:

Не сме деца мислам да се заебаваме. МекТоминеј е еден нешто натпросечен британски полу-копач. Не е онака класичен, да не знае да оди, има нешто малку техника, ама тоа е сосема малку, онака. Кариерата му се состои од неколку просечни сезони во најлошиот Јунајтед што било кој член на форумов го има гледано.

Во било кој од Јуве-Интер-Милан овој би флопнал јако, онака, би бил закован на клупа до полусезона и пратен на позајмица во Фулам.
Не ти го разбирам одговорот. Никаде не реков дека МекТоминеј е класа играч, ниту пак пишав нешто околу неговиот квалитет воопшто. Туку дека Конте нема никаква тактичка генијалност направено со него. Игра исто што и во Јунајтед.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.259
Поени од реакции
68.933
Бреј, за малце дно ке пробиев. :pos: Таман да прашам што е со измениве во 17-та минута, ми текна дека е всушност продолжеток на утакмица. A фино си пишува.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom