Залевски имаше два моменти, едниот топ асистенција, другиот кога се издрибла самиот себе и ладно ја изнесе топката во гол-аут и сите се правите како да не видовте па мора Ио овде да шири негативизам
Инаку за утакмицата, затоа што многу се фокусираме на Интер па не сме задоволни од ова или она... а Милан да ги загледаш, она беше 90 минути преживување па ако убодат нешто на контра, за нивна среќа убодеа еднаш. Нам ни фалеше свежина кај некои играчи, посебно во завршницата. Фудбалот некогаш е многу нереален спорт, со 3 стативи, со два поништени гола (добро, едниот беше дебел офсајд), со 63% посед на топка, 100 удари кон гол, на крајот за малку ќе изгубевме. Да влезеше таа на Бисек на пример, имавме доволно време за пресврт како што се изгубија тие, ама тоа е, некогаш нејќе.
Нема потреба од паника, само да изротира добро мистерот, да одмори некои играчи и да дојдеме егал со Наполи, тие под притисок никогаш не одиграле како што треба. Конте ги одржува во живот додека може но нема да тераат долго ако ги притиснеме. Се уште сме во игра, лошиот старт не чини многу, пет бода изгубивме од Милан и треба тоа да се надомести.