Пак ќе речам, играчи со 0 придонес за клубот. Не зборам за играчи што се во лоша или никаква форма како Далот, Зиркзе, Хојлунд и Онана, туку буквално паразити што цицаат 80м од клубот а немаат никаков позитивен импакт на терен.
Се останато е плод на твојата имагинација, не сум рекол дека ќе газиме од Август
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Друга е песната кога имаш 80м фунти годишно ослободени од паразити, барем 50м у трансфер пари како производ на тие паразити и 30-40м од намалувањата што ги правеа минатиот период. У најмала рака финансиски послободни би биле и би дишел клубов, пошто нож под коска е моментално.
За успешноста на идните трансфери, изборот на профил на играчите, преплаќањето може да полемизираме секако.
- Знаци на промена има, во други времиња Доргу би бил 60м фунти платен ко ништо, со плата од 120к, сега е друга приказна.
- Во други времиња ќе се залепеа за име играчи и ќе преплатеа дебело, сега и не баш.
- Во други времиња ќе се форсираа играчи како Рашфорд и ќе им се даваа милијарда шанси и ќе праќаа луѓе од клубот да ги будат насабајле и да ги земат од дома, пошто заглавиле ноќта играјки Sony PS.Па
- Во други времиња адвокати и банкари беа дел од директорски и стручен штаб, сеа акцент имаат фудбалски луѓе.
- Мал милион други моменти.
Има работа секако и нема преку вечер да се среди ситуацијата, ама не може глуви и слепи да се правиме дека ништо не се мењава.
И да, не не' газеа Сити, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал (со играч помалку дури) на гости и тоа, не па некој друг. Исклучок Њукасл на ОТ утна 20-30 минути Аморим со тоа што ги стартуваше Ериксен и Касемиро. Дефанзивно, проблемите се сведени на индивидуални повремени киксеви, што ќе се санираат и тие секако, на еден или друг начин.