МИЈАЦИ! Има ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум Мијак...ТРЕСОНЧАНЕЦ сум по татко.
Има и интернет страна за селото www.tresonce.com.mk малку постара е,ама има добра содржина.
 
Луѓе ај ако може нешто повеќе да ми кажете за потеклото на Мијаците и општо некои поважни карактеристики за нив.
На факултет ни бараа информации за тоа кои се всушност Мијаците, а јас имам некои елементарни познавања, но не доволно за да можам да напишам нешто околу тоа.
 
Луѓе ај ако може нешто повеќе да ми кажете за потеклото на Мијаците и општо некои поважни карактеристики за нив.
На факултет ни бараа информации за тоа кои се всушност Мијаците, а јас имам некои елементарни познавања, но не доволно за да можам да напишам нешто околу тоа.

ќе ти цитирам од книга...само да ја најдам, ќе ти напишам некој пост подоле...
 
ќе ти цитирам од книга...само да ја најдам, ќе ти напишам некој пост подоле...

Кажи ми само која книга ја имаш да не цитираме од истата книга и двајцата :smir:
бај д веј јас ја иам од Др. Петар Поповски - Мијаците Потомци На Античките и Прастари Жители на Матија(Денешна Албанија) :helou:
 
Книгата се вика АНТОЛОГИЈА ЗА МИЈАЧКИТЕ ВЕЛИКАНО од Кузман Смилевски

Ридско-планинскиот простор во западниот дел на Македонија,со карактеристичните две поголеми речни долини- делот од кањонот на Радика кон Бошков мост и долината на Мала река,со планинските делови на Дешат и Крчин на север и северозапад Стогово на југозапад, и на најголемиот планински масив Бистра на југоисток, во географска смисла ја сочинуваат регионалната целина која е позната под заедничкото име МИЈАЧИЈА.
 
За потекото на Мијаците...

Во македонската историја во која се евидентирани десетина племиња(Дарданци, Пеонци, Драговити, Динкесити идр.) спаѓаат и Мијаците. Потврдено е дека најголемиот дел од населението во мијачкиот крај во Македонија го сочинувале Македонци преселени од Албанија под разни околности кои со тоа ја зацврстиле старата словенска основа во населбите во Мала,Долна и делот на Горна река.

Почетокот на создавање на мијачки населби во македонската етничка територија е врзан за 15 век, во времето на формирање на т.н "бази" во крстосувачкиот период, кој го зафатил и Балканот, односно и македонската етничка територија. Тие бази служеле за разни потреби како што се прифаќањето на болни, ранети војници, нивно погребување или лекување и опоравување и се формирале како своевидни центри во организирањето на целокупната реализација на логистичката поддршка на тие војни.
Во Мијачијата се развиле населби од 2 основни типа- збиени населби,какви што се населбите Лазарополе, Ехловец, Гари, Осој, Могорче, Росоки, Селце-мијачко и Сушица и рабиени населби со мала од 12-30 семејства, како што се Галичник и Тресонче, во кои родовите формирале мали населби-маала, прилично оддалечени едни од други.
 
Ок :smir:

"Мијаците се онаа племенска група во македонскиот словенски род кои себе си се сметаат за потомци на најстарите жители на Балканот,на Пелазгите и Мионите(Минејците) и за легитимни претставници на Античките Македонци,на Филип и Александар Македонски. Модифицираното име Мијаци(од Минејци) се јавува уште во времето на Комитополутите,на третата македонска династија,на цар Самоил,од чија средина изникнал охридскиот патријарх Јован Дебарски,кој на Охридската црква и дал нова смисла,димензија и значење,обновувајќи го тенденциозното потиснато име Јустинијана Прва Охридска.Тоа е посебна етногена група меѓу Македоските Словени која се одликува со силно изразена стара словенска(старомакедонска)основа. Ниедно друго население од централниот тип немало и нема поголема стремеж за самостојност и независност одошто Мијаците.Тие се гордеат со своето име и со своите благородни генетски особености.Во нивната стара словенска(македонска) основа имаат нешто свое,својствено и самостојно.По својата природа се кротки,тивки,бистри,остроумни,мудри,интелегентни,стамени,одважни и даровити луѓе,а по својот надворешен изглед се одликуваат со изразита привлечност и убавина,како,впрочем,и целиот словенски род.Во однос на другите еднородни и инородни племенски групи на балканските простори кои ги опкружуваат,се сметаат за повозвишени,поинтелегентни и понапредни во секој поглед."

Понатаму има и нешто за територијата на која живееле - Матија односно територијата на денешна Албанија.Ако ти треба и тоа кажи ке го напишам:smir::helou:
 
Доволно е.
Ви благодарам и на двајцата. :smir:
 
Конкретно за "моето" (на татко ми) Тресонче постеи ја интернет страната www.tresonce.com.mk...а сега за ПЛЕМЕНСКИТЕ ОДЛИКИ НА МИЈАЦИТЕ...

За племенските одлики на мијаците, по многу што специфчен македонски ентитет, до сега најтемелни и најобемни истражувања има извршено најстариот македонски етнолог Д-р Томо Смиљаниќ-Брадина. Тој своите научни сознанија ги има објавено во своите десетина книги во докторската дисертација посветена на разликите меѓу Мијаците и Брсјаците, одбранета на францускиот факултет во Клермон 1930год.
Според истражувањата на овој прв македонски доктор на етнолошки науки, роден во Тресонче,племенсата организација на Мијаците се зачувала се до крајот на 18век., кога почнала да се распаѓа под налетот на паричното стопанство и на македонските простори. Инаку е општо познато и научно утрврдено дека мијачкиот крај е едниствената по долготрајна македонска оаза на патријахален живот, при што и се задржале некои специфичности во животот на овој македонски ентитет, кои ретко или воопшто не ги среќаваме кај другите македнски племиња.
Името МИЈАЦИ,науката се уште не го кажала последниот збор, како и од каде и по што Мијаците го добиле своето име,иако за него имаме претпоставки и во објавените и необјавените спомнати трудови на Брадина.
Интересно е да се напомене,дека Ѓоргија Пулески не случајно кажал дека се Мијаците, Македонците воопшто потомци на Александар Македонски само со срцето, туку и со разумот.
Дијалектот со кој кореспондираат Миајците е своевиден само за ова македонско племе. Тој го носи името "мијачки" и "галички" и се смета како исклучително архаичен во македонскиот јазик, кој децидно ги утврдиле спецификите, кој не се среќаваат кај другите македонски дијалекти.

Кажи ми само која книга ја имаш да не цитираме од истата книга и двајцата :smir:
бај д веј јас ја иам од Др. Петар Поповски - Мијаците Потомци На Античките и Прастари Жители на Матија(Денешна Албанија) :helou:

Тој е од Лазаропле, јас ја имам од Кузман Смилевски, тој е Тресочанец.:helou:
 
Ај за Ехловец нешто повеќе. И ако има некоја книга за Ехловец кажете!
Стајте и некоа слика ако имате!
 
Хмм неам sorry :toe:
Отидов ја да потискам :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom