Абе на вас изгледа не ви е јасно колку пара се врти од дилање бело
Многу е тешко да им објасниш на луѓе што не се движеле во такви кругови.
250 евра во тој свет се како мастика да си купил, ти им викаш деца на негова возраст купуваат по неколку станови од дилање, они се запнале татко му плаќал за телефонот и го вадел од затвори.
Едно е да дилаш трава на фаци со пет пари во џеб, скриен во некое маалско ќоше, па одма да те пикнат во зствор ко жртвено јагне, друго е кога за големци дилаш бело во дискотеки и кафичи, а клиентела ти се децата на политичарите и други богаташи (газди, доктори, адвокати, професори на факултети итн), инфлеунсерите и сите други лопови. Тогаш грб ти се тие за кои дилаш, а богами и тие на кои им дилаш,
затоа што ако излезе јавно дека детето на некој богаташ е на бело, одма е дамка за фамилијата.
Кога ќе добиеш улога каква што полека добивал он, твоите родители веќе немаат дете, со се партали може да ги купи и продаде.
Проблемот со нив е што воопшто дозволиле да влезе во такви кругови.