Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно ради ситуацијата во Валенсија не сака таму да оди. А немаше да му биди лошо ич, плус го имаше Столе таму ама тоа е, никој не сака да игра втора лига а Валенсија кон тоа стремат
 
Не верувам дека Валенсија или Торино на крај ќе дадат 17 милиони. Мора многу да покаже дека можат да го продадат за да ги дадат тие пари. 99% ќе се врати во Лајпциг.

Работава е да игра ова полусезона, да фати некаква форма, да покаже нешто, да се врати на мапа, па тогаш да има поголем и подобар избор.

Има полигични решенија од Торино, но веројатно овие му имаат ветено дека ќе игра, плус сигурно одел со логиката дека му е позната лигата, државата, нема да му треба време за принавикнување, а и има барем нешто покажано во Италија.
 
Не се сеќавам дека ги иман гледано Торино оваа сезона, а сепак мислам дека е подобра опција од Валенсија, кои се ужасно лоши сезонава. Прв "конкурент" за испаѓање во Сегунда, тука некаде со Ваљадолид.
Се надевам ќе му тргне нагоре формата на Елмас, веројатно при изборот на нов клуб битно му било и тоа да биде во екипа во која ќе има минутажа.
 
Jhon Durán has informed Aston Villa of his desire to join Al-Nassr.

Само да не се степаат со Бонифејс за тоа кој да потпише за Ал Наср, бидејќи само еден може.
 
Aлал им вера на Астон Вила како продаваат во Саудиска. Лани на Диаби 60 милиони му извадија, сега на Дуран 77.
 
Ебати луѓето од мочка правени, на 21год се опрости од сериозен фудбал. Демек малце пари ќе направеше низ Европа, ќе трпеше за леб
 
И фудбалот некому е професија. Од тоа што видов, 75к неделно наспроти 320к неделно.
Многу фудбалери со 2 раце би потпишале ваков договор.
 
Ебати луѓето од мочка правени, на 21год се опрости од сериозен фудбал. Демек малце пари ќе направеше низ Европа, ќе трпеше за леб

Замисли дека си фронт - енд Ангулар девелопер. Земаш одлична плата за македонски стандарди од некои си 1800 еур, со можност да одиш нагоре и да напредуваш во твојата компанија, те тапшаат по рамо дека те гледаат како иден тим лидер.

Од друга страна гледаш како индустријата е во страшна криза и компании што биле стабилни до вчера пропаѓаат, колега твој кој бил солиден девелопер му е врачен отказ преку ноќ и со месеци бара работа.

Иако си млад полека губиш и мотивација за да учиш нови технологии и фрејмворци кои ќе се бараат во иднина. Не сакаш да се замараш да учиш бекенд за да ти се прошири кругот и да станеш фул стак, па да имаш можност за повеќе работа и повисока плата.

Платата е одлична, ама имаш годишно покачување од 200 еур што инфлацијата го топи како јануарски снег што се топи во Скопје.
Гледаш како цените околу тебе растат и таа плата, иако е добра, сфаќаш дека долгорочно и не е баш најдобра за да успее да ти покрие одличен живот. Веќе не можеш да си приуштиш по 5 одмори годишно, оти кредитот за станот во Тафталиџе те стиска. Од друга страна веќе нејќеш да возиш Ауди А5 од 2012, туку сакаш да се подновиш со нешто ново, модерно од 2025.

Во меѓувреме го гледаш колегата твој што заминал пред една година и закачил некој добар фриленс клиент од САД како ужива во Шпанија и зима 3 пати повисока плата. Сфаќаш дека ти си заебаниот во случајов што си уште тука.

Еден ден ти пишува некоја Надја Шерехтовскаја од Абу Даби на Линкедин дека имаат отворена позиција кај нив и ти нуди 6 пати повисока плата од таа што ја заработуваш, бесплатен стан, бесплатна кола, многу други поволности како скратено работно време, хибридно (кога сакаш одиш во офис, кога сакаш не), Петок ти е буквално слободен ден.
Нема токсични менаџери да ти се дерат над глава и да те притискаат да работиш прекувремено, нема стрес, нема бркање рокови.

Што ќе правиш?
 
Последно уредено:

giphy.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom