Луѓе што клими имате дај кажете,сите затоплени задоволни сето за мерак.Јас еве не сум задоволен од климата,имам LG 3.5KW и затоплувам 33м² ама овој месец ако не пуштам панел дома ќе измрзнам.Посебно овој месец па и со маглава во Прилеп една недела глава не кренав.Нон стоп дефрост и само паѓа температурата во собата,потоа пуштам панелот да дојди до 22-23с ама откако ќе го исклучам не можи да ја држи таа температура повторно паѓа после секој дефрост.Како што кажав загревам 33м² спуштен плафон,четири сезонски стакла,стаклена волна горе и пак не ја затоплувам просторијата ( ова зборувам за месец Јануари кога е најладно ) Оваа ми е осма сезона како се греам со клима ама за наредната решен сум да ја менувам или друга клима или на дрва за постудените месеци
А под тебе? се грее? ако не изолација неш?
Ѕидови? Голи? малтерени? изолација неш?
Колку надворешни ѕида?
На внатре други соби? греени?
Намерно се навратив на овој пост, оти гледам се жалиш...
И не, климата не троши!
Просторот е тој што троши т.е. му бега топлината.
Веројатно и некое старо ЛЏ за ладење имаш. па тоа сирото се мачи на греење.
П.С. и нема врска не го слушај најубав, та три метра, та пет метра..
штом толку години те служи, океј си е климата, сама ете, може е слаба на греење.