Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум задоволен од оваа првенство. Реално одигравме над своите можности. Нерешено ради не искуство со далеку посилната Унгарија, пораз од Холандија со огромна помош од ИХФ, победа над Гвинеја лесна, во втората група нерешено со Австрија повторно ради неискуство, победа над Катар која се држеше до последен шут со циркузантите од Холандија. Реално на овој тим со ваков Кузмановски и Митев ни фали десен бек за да на наредно првенство Европско или Светско играме минимум четвртфинале. Огромен напредок во играта, има уште работа се разбира но сме на добар пат. Ако Лазаров го оттргне својот инает, ако овие деца имаат среќа со повредите се ке биде како што треба.
Во сабота нека уживаат нека играат ослободени од притисок и најдобро што знаат па дај боже да се случи и некое чудо ( сепак да не се надеваме премногу Франција е во питање)
 
2026 Danska, Norveska i Svedska
2027 Germanija
2028 Portugalija, Spanija, Svajcarija
2029 Francija Germanija
2030 Ceska Danska Polska
2031 Danska Island Norveska
2032 Francija Germanija
Монопол на Данска, ова година светско, вгодина европско, 2022 европско имаа исто Данците, 2023 Шведска...
 
Баш ме интересира во кој дел го гледаш тој инат на Лазаров?

Еве пример во играта со два пикери која упорно ја форсираше со Унгарија и Холандија и ако гледаше дека не функционира... Само како пример го зедов тој дел во играта, но ке напоменам дека навистина заврши неверојатна работа со овој тим...
 
Ајде сега Унгарија - Австрија едно нерешено и да биде супер интересно в сабота :D. Ах 2та бода од Австро-Унгарија како добро би ни дошле сега...
 

Нели трети треба да бидеме во моментов ? Меѓусебен дуел се гледа а таму Холандија е подобра од нас

Да завршиме 2 на крај треба
1) Унгарија со Австрија вечер да одиграат нерешено
2) Ние да победиме против Франција
3) Холандија да изгуби или нерешено против Австрија
4) Унгарија да има полоша гол разлика од нас

Во превод шансите ни се скоро никакви, треба чудо да се случи :D
 
Нели трети треба да бидеме во моментов ? Меѓусебен дуел се гледа а таму Холандија е подобра од нас
Не сега сме втори…
Ама Унгарија ако победи или Австрија 3ти ке бидеме. Нерешено најдобрс опција.
 
Ајде сега Унгарија - Австрија едно нерешено и да биде супер интересно в сабота :D. Ах 2та бода од Австро-Унгарија како добро би ни дошле сега...
Доволно ќе беше Австрија да ја тепаме, за да ни оди во прилог и распоредов, па полесно ќе беше сега. Франција си осигура прво место во групата, па не верувам дека би се трошела пред 1/4-финалето.
 
Доволно ќе беше Австрија да ја тепаме, за да ни оди во прилог и распоредов, па полесно ќе беше сега. Франција си осигура прво место во групата, па не верувам дека би се трошела пред 1/4-финалето.
А можевме реално само многу грешки…
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom