Многу пати веќе се вртиме во круг со исти пишувања тука али ајде.
Тinex во цени е нешто како Веро. Сега веќе поновите маркети што ги отвараат Тinex во повеќето градови им се со намалено на квадратура, помалку избор на производи. Ветојатно сакаат да намалат трошоци.
Таков Tinex помал маркет има сега Тетово и нема ни паркинг и се две само каси една голема месара и за сувомеснати и млечни производи, во склоп на истото има и пекара, помал магацин. Tinex имаат често мал број акции неделно. Неколку пати имам видено и акции на производи на кој им истекува рокот за брзо.
Vero е голем маркет, најчесто одат и комбинаџија со Jambo. Внимаваат на тоа кој производи каде ќе се изложени. Имам слушнато дека наплаќаат за тоа каде некој производ ќе биде ставени, пример во Веро имаш и на едно место изложено рекламни полици за паштета Аргета и имаш на стандардното место каде што се и другите паштети.
Lidl oди на варијатата многу голем маркет и премногу избор производи исто на стил како Кам, Стокомак сите производи да се во самата картонска кутија како од магацин ставени на полиците . Имаат голема пекара самоуслужна, месара немаат онаква да ти сече некој колку сакаш месо.
Не знам зошто пример Kит Го, Рептил не отвараат маркети во Тетово или во повеќето други градови.
За плати не знам како е дека никаде не сум работел.