- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.458
- Поени од реакции
- 16.668
Се сеќавам кога бев на тие години, немавме дома ни ТВ. Учев во Белград едно време, во улицата кај што живеев деца од 5одделение од моето училиште ,играјќи во дворот Обесија едно другарче, играле индијанци, по узор на американските филмови. И тука ви Дкопје, во мое маало, кај Зелен пазар игравме, мене ме погодија со копје од трска 2см под око.Фруги дете му се збрца стрела со шилец направен од свиткан лим од конзерва сардина. Многу деца страдаа кога игравме со испалување на празни големи конзерви од грашок, со палење на гас од смеса на Карбид и вода.Во маалото едни деца земаа од таткото ловџија патрони со црн барут , уште имам црна дамка на раката.Па истите деца, кога се копаше улицата 11 октомври најдоа рачна бомба и ја активираа со чекан, луда среќа имаа што нивното ловџиско куче, птичарот Хектор се фрли врз бомбата и поминаа само со изгореници, во Градска болница ги однесоа.А имаше и други глупости кој за среќа поминаа без проблем; деца од карши, воените згради, се качуваа на дрвата високи колку4-5 кат да гледаат како некој во станот делка 2 голи девојки, а нема завеси. Па и во Белград кога учев, една поголема девојка се соблекуваше гола поред отворен прозорец на 7 спрат, ние гледавме од терасата, некој дури одеа по стрмниот лимен кров за од поблиску да видат.Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
11 годишен ученик од 6-то одделение кој учел во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, вчера околу 14.35 часот паднал од прозорецот од вториот кат на училиштето за време на големиот одмор. Од училиштето преку соопштение истакнаа дека веднаш по известувањето за случката службите заминале на местото на...sitel.com.mk
Печено е веќе да се забрани Тик Ток.. Што треба друго да се случи за да се забрани?
Поголем од нас, 17годишен, се качуваше на крај на кровот спрема главната улица да гледа парада, еднаш паднал за среќа се фатил за ролетните на балконче од 7 спрат. Се сеќавам и подоцна, 70 тите, студирав на Машински, дечурлана од околните 4-5 катници играа Камај на терасата над зграда, се криеја така што ја прескокнуваа ѕиданаѕа ограда и висеа надвор, на фасадата, ги гледав од прозор од предавална....Глупости имало од секогаш и секаде, а ова со качување на возови треба да го спречи обезбедување на ЖТП. Тој што ќе се качи на вагон треба да плати голема парична казна, па сега со случајот се запалил и изгорел вагонот, може фа настрадаат и патници ако се качат на патнички воз... А трамвај ќе сме воведувале...