Најекономично греење и ладење

Член од
12 јануари 2025
Мислења
9
Поени од реакции
18
Ne daikin...i sveti daikin da e bez greach normalno deka kje smrzne... mrznenjeto go sprechuva samo greenje :)

zatoa si treba greach i vo odvodot po cela dolzina dodeka ne iskapi nekade kondenzatot. kaj mene e smrznata pola terasa od shto kapi voda od site strani. zdravje boze planiram dolna tacna i sekoja so svoj greach a vo odvodnata cefka isto greach i da si bidam raat suv slednoto zimo. bukvalno lizgalishte imam okolu klimi i ne samo okolu niv tuku i site 4 oluci od kukjata se zamrznati. ednostavno ladno e .. na ladno vodata mrzne.

za razlika od olucite i klimite (malku kje go proshiram muabetov) godinava pred da gi izoliram cheshmite vo dvorot si staviv greach vo lenta po 1-2m od ali ekspres i ene ja cheshmata si techi bez problem i na -5 nadvor. a ne e nekoj troshok 20W/m e potroshuvachkata .. vo 2dena kje istroshi 5denari struja

Функционира и вака без греачи ама не е предвидено за на тераса.
Новата нордик серија на Даикин доаѓа со греач на тацна и опционално може да се порача греач за одвод.
Вака изгледа греачот за одвод има ознаки DHH25A.

Screenshot_20250119_141230_Chrome.jpg

На надворешната има оставено приклучоци за овој греач а одводната лула има дополнителен отвор странично кај што овој греач поминува.
Вака се инсталира објаснето чекор по чекор.
Screenshot_20250119_140051_Adobe Acrobat.jpg

Ова е кратко видео од новиот нордик. Прикажан е греачот на тацна кој е прекриен со алуминиумска фолија. Исто се гледа на видеото како изгледа лулата и приклучоците за греачот со бројки 1,2 и уземљење. Објаснува човекот ама не е на англиски.

Автоматски споено мислење:

Еве да видат тие што дефростот им е како по часовник на секои 30мин/60мин како тоа се решавало во минатото кај On/Офф климите.
Со сетирање на еден џампер или поточно тајмер тој проверува на секои 30/60/90мин дали е време за дефрост ....а тоа ефтино решение нема врска со новиот Интелигентен дефрост кој е вграден и во најефтините модели на ГРЕЕ таканаречен ИНТЕЛИГЕНТЕН Дефрост.

Прегледај го приврзокот 440716

Прегледај го приврзокот 440715

Кај старите On/OFF клими се сетирал џампер, за да после одредено време 30/60/90мин проверува дели е време за дефрост или не, и како по часовник ја тера во Дефрост...што гледаме и денес нажалост се случува кај одредени Марки/Модели нема да генерализирам.
Заклучок....овде за правилно да се одреди дефростот фалат многу хардвесрки делови кој ја прават климата ефтина да се направи....фали електроника/сонди/софтвер да мери куп параметри како притисоци на фреонот, температури внатрешни/надворешни итн итн па да електрониката одреди дали е време за дефрост или не, што интелигентни уреди како оние на ГРЕЕ го имаат ;)
Вакво слично нешто и сега има кај Даикин нордик модел. Џампер 8 на матична плоча. Со негово исклучување интелегентен дефрост продолжува но изменувачот се загрева на повисока температура. Времетраењето на дефрост се зголемува за +2 минути. Ако максимално е 12 минути сега е 14.
"Лошо" е тоа што на секои 180 минути прави дополнителен дефрост.

Еве шема кај се наоѓа на матичната jumper J8
Screenshot_20250118_192200_Gallery.jpg

Еве што вели
"Improves defrosting performance by enabling the onsite setting of this function in the event frost remains when the equipment is used for heating operation under extremely low temperatures and severe environmental conditions"

А ова е што кажа стручњакот на Даикин
" The J8 cut increases the compressor frequency and the defrost out temperature (longer defrost operation), but also adds security 180 minutes defrost."
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2019
Мислења
1.259
Поени од реакции
3.004
Вадете тоа лулињата и тацните.... и онака кога ќе смрзнат ќе тече по тераса :vozbud:

Ме разбуди сабајле брачетка ми... иди помогај климава не можи од 18С појче да стопли.... ко појдов шо че видам....
5 пати им имав речено да го тргнат лулето ќе им смрзне.... и на крај пак јас си играв со ѓезвето :pos:

Кај мене Митсу LN лабаво си тече без лула без тацна.... убавини

Тацната на AP-тo и кај мене бескорисна :(
Со секој дефрост си прави нов слон на мраз во тацната и си прелива по тераса....
Ама внатре си е чиста без наслаги на мраз.... ни греачи ни бутури!

Вечерва ќе е најладна за сезонава до сега, на балкон моментално вика -5.7С....
Климичките наизменично си прават дефрости, не се осеќаат флуктуации на температурата во просторот подома, идемо на спавање....

Screenshot 2025-01-20 at 02.11.10.png
 
Последно уредено:
Член од
21 април 2008
Мислења
271
Поени од реакции
131
Кај мене одличноси грее, 23степени/24 приквечер. 8.2 киловата просек по ден овој месец.

Вчера сабајле прв пат ми се случи цревото од лулето замрзнало , а и некако е по права линија и не сум го забакарил до сеа и цела тераса вода ми е , додека не огрее сонце тревата нема да се осуши.
 
Член од
21 април 2008
Мислења
271
Поени од реакции
131
Денес прв пат мерев конечно, прво додека стигна пд али апаратчето, па батерија да земам за напојување

Околу еден саат следев како ке покажува на надворешна 5 степени темп.

Зададена 23степ. Претежно работеше со 315вати во прва брзина (инаку кај мене цело време е на автоматски)
Влезна25,5 плус минус 0.2. Излезна 39

На зададена 24 претежно работеше со 400 вати , а може да спушти и многу повеке на било која темп.
Влезна 25,5 излезна 42 со ептен мали корекции

Внатре 23 степ на другиот крај од климата A4B95CBB-3B0B-453F-B28F-E4880B0BC9AD.jpeg

Е сеа не знам да пресметам јас цоп тие работи, добро ли е или не ја бива работата?
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.970
Поени од реакции
11.270
Ќе испадне на крај дека климите "на кои им фали пола електроника" се подобри во однос на замрзнување..
Т.е. со суви дефрости избегнуваат трупање на мраз!

Кај мене до сега не замрзнала, лулето со одвод си стои (во едно буре спроведено, а бурето замрзнува).
Битно ни клиндури, ни мразови ни ништо.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
132
Поени од реакции
25
Луѓе што клими имате дај кажете,сите затоплени задоволни сето за мерак.Јас еве не сум задоволен од климата,имам LG 3.5KW и затоплувам 33м² ама овој месец ако не пуштам панел дома ќе измрзнам.Посебно овој месец па и со маглава во Прилеп една недела глава не кренав.Нон стоп дефрост и само паѓа температурата во собата,потоа пуштам панелот да дојди до 22-23с ама откако ќе го исклучам не можи да ја држи таа температура повторно паѓа после секој дефрост.Како што кажав загревам 33м² спуштен плафон,четири сезонски стакла,стаклена волна горе и пак не ја затоплувам просторијата ( ова зборувам за месец Јануари кога е најладно ) Оваа ми е осма сезона како се греам со клима ама за наредната решен сум да ја менувам или друга клима или на дрва за постудените месеци
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
56
Поени од реакции
153

Така испаѓа :) Мојата 6 години стара Тундра 5.5 нема никогаш замрзнато иако нема греачи на надворешната, ама затоа прави сув дефрост на секој саат под 2 степени а лулето ми е извадено па си истекува слободно.
 
Член од
29 август 2019
Мислења
1.259
Поени од реакции
3.004
Луѓе што клими имате дај кажете,сите затоплени задоволни сето за мерак.Јас еве не сум задоволен од климата,имам LG 3.5KW и затоплувам 33м² ама овој месец ако не пуштам панел дома ќе измрзнам.Посебно овој месец па и со маглава во Прилеп една недела глава не кренав.Нон стоп дефрост и само паѓа температурата во собата,потоа пуштам панелот да дојди до 22-23с ама откако ќе го исклучам не можи да ја држи таа температура повторно паѓа после секој дефрост.Како што кажав загревам 33м² спуштен плафон,четири сезонски стакла,стаклена волна горе и пак не ја затоплувам просторијата ( ова зборувам за месец Јануари кога е најладно ) Оваа ми е осма сезона како се греам со клима ама за наредната решен сум да ја менувам или друга клима или на дрва за постудените месеци
Веројатно моделот кој го имаш нема доволен капацитет да ти го загрее просторот на понискиве температури.
Провери колкав максимален капацитет има твојот модел на -7С или пиши конкретно кој е моделот да видиме дали има еуровент сертификат и што вика тој.

За 33м2 особено ако си во куќа сигурно имаш поголеми загуби... па за пониски температури ќе ти треба помоќен модел на 3.5kw или пак 5kw модел.
 
7 март 2017
Мислења
156
Поени од реакции
187
Луѓе што клими имате дај кажете,сите затоплени задоволни сето за мерак.Јас еве не сум задоволен од климата,имам LG 3.5KW и затоплувам 33м² ама овој месец ако не пуштам панел дома ќе измрзнам.Посебно овој месец па и со маглава во Прилеп една недела глава не кренав.Нон стоп дефрост и само паѓа температурата во собата,потоа пуштам панелот да дојди до 22-23с ама откако ќе го исклучам не можи да ја држи таа температура повторно паѓа после секој дефрост.Како што кажав загревам 33м² спуштен плафон,четири сезонски стакла,стаклена волна горе и пак не ја затоплувам просторијата ( ова зборувам за месец Јануари кога е најладно ) Оваа ми е осма сезона како се греам со клима ама за наредната решен сум да ја менувам или друга клима или на дрва за постудените месеци
stoplen za merak, 66kvadrati od prilika. eve ja smetkata za struja komplet..so gotvenje, frizideri, bojler, peralni

1737660240304.png

eve ja temperaturata kako se dvizela cel mesec. do 4ti januari ne bevme doma zatoa i se odrzuvashe okolu 21C. Posle toa redovno e megju 22 i 24

1737661024659.png
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2012
Мислења
132
Поени од реакции
25
stoplen za merak, 66kvadrati od prilika. eve ja smetkata za struja komplet..so gotvenje, frizideri, bojler, peralni

Прегледај го приврзокот 441167

eve ja temperaturata kako se dvizela cel mesec. do 4ti januari ne bevme doma zatoa i se odrzuvashe okolu 21C. Posle toa redovno e megju 22 i 24

Прегледај го приврзокот 441171
Која клима ја користиш колку kw e ,мојава еден степен не можи да крени овој период.Го пуштам и панелот да затопли
 
Член од
7 март 2017
Мислења
156
Поени од реакции
187
Која клима ја користиш колку kw e ,мојава еден степен не можи да крени овој период.Го пуштам и панелот да затопли
abe vekje dosaden stanav :) imam povekje pati pishuvano.

po eden daikin od 2Kw vo spalnata i vo detskata. eden daikin od 3.5kw vo dnevna i eden vivax aeri vo trpezarija+kujna. daikinot e onoj najeftiniot model sensira

spalnata e 10m2; detskata 12; dnevnata spoena e so trpezarijata i kujnata i zaedno imaat okolu 44m2
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
132
Поени од реакции
25
Едно прашање до поупатените,дали има некаква улога далечината на цевките од надворешната до внатрешната единица,кај мене се една позади друга ги дели само ѕидот па се мислам да не е преблиску?
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.332
Поени од реакции
5.407
Едно прашање до поупатените,дали има некаква улога далечината на цевките од надворешната до внатрешната единица,кај мене се една позади друга ги дели само ѕидот па се мислам да не е преблиску?
Od vnatresnata do nadvoresnata edinica treba da ima minimum 3 metri bakarni cevki ako nema prostor togas visokot od trite metri cevki se vrti vo krug pozadi nadvoresnata edinica
 
Kajgana Shop

На врв Bottom