На 3:25 магијата и генијалноста на Никола Јокиќ.
Nikola Jokic got his triple-double before the fourth quarter against the Miami Heat. He finished the night with 24 points, 12 rebounds, 10 assists. Find Denv...
www.youtube.com
Откако пратам НБА на „малите екрани“ (нешо шо од МКД новинарите редовно го слушавме како изрека), можам да речам дека сум благословен од Бога шо сум се родил и живеел во ера кога сум можел (барем на ТВ пренос) да видам ѕверки како:
- Џордан
- Шек *(заради него ја сакам НБА и центрите)
- Олајџувон
- Партик Јуинг (мојот омилен играч од мојот омилен тим)
- Коби (го почитував ради техничката совршеност во баскетот, како лик не ми беше омилен)
- Стеф Кари (не може да го мразиш Стеф или било каква негативна емоција да имаш кон него, начисто го обожавам)
- Дончич и Јокич, *особено вториот кој е најдоминантен играч последните неколку сезони и игра во прајмот, а првиот со го уништува исиот.
Едноставно, пресреќни треба да сме шо можиме вакви ѕверки да гледаме и да сме сведоци на магија на теренот. Сите овие се синоним или на невероватен талент или на невероватен талент искомбиниран со постојана и макотрпна работа преку тренинг. Премногу е добро да се одгледа утакмица каде знаеш дека можда ќе видиш потег кој потоа ќе се раскажува со декади (не со денови, недели, месеци... со декади).
Криво ми е Винс Картер шо нема титула, еден од омилените беше исто.
Ајверсон, во секој случај.
Исто жалам што никогаш не сум можел (нормално ради времето во кое играле) да ги гледам во директен пренос на ТВ ѕверките Бил Расел и Вилт Чемберлејн, а прерано шо замина Дражен Петрович пошто неговите години во НБА доаѓаа (иако на таа позиција доминираше Џордан и Дрекслер).
Еден ден, многу години после нас, кога некој ќе повлечи црта и ќе речи кои центри беа незапирили во однос на ненаоѓање начин на контраигра и едноставно не може да го победиш на терен, Јокич ќе биде едно од имињата - рамо до рамо со овие погоре.
Само дај Боже да освои барем уште 1 титула за да го валидализираат на тој начин - иако во моите очи и со една освоена е ЦАР под обрачите.