Братот Џими си иде од Хит дефинитивно,си јадеше суспензија од 7 меча и изгуби над три милиони.Милвоки,Гризлис и 76 се најзагрени некако да го донесат,мада
не вреди на 35 години повеќе е повреден ,а и следна година има +50 милиони во договорот незнам која екипа би иделе со трејд на пикови и некој појак играч во замена за стаклениот.
@Генерал вреди ли твоите да ризикуваат и да го донесат Џими, од сенка може да изненадат за трјд.
Добро шо ве имам толку изнервирано за вака да ми враќате? хахахахахаха
Јас уште не можам да се рехабилитирам Бриџис шо го донесовме, а го дадовме попатно Ди Виченцо и еден куп пикој за некој шо до курот не ми стига (не можи да игра под кош никако, а тоа ни требаше пошто после и Хартештајн го дадовме, а Мич е повреден), па после имав стрес шо донесовме стартер кој го бива во напад али колку шо го бива во напад е 200 пати повеќе дупе во одбрана во ликот и делото на КАТ - и сега, најискрено, го молам Господ Јанис вечерва да ни дај 70 поени па не некој во управата та му текни кој играч требаше да го бркаат и откако ќе ја ебиме сезоната (а ќе ја ебиме сигурно) да прави рибилд (само не знам со кои пикови оти непостоечки се) и да го носи гркот во тимот кој бај да веј ги начука 30 години
и ја раситна четвртата декада.
За момент нека го прифатиме и тој факт сите, а особено и сам Јанис треба да е свесен оти на 35 сигурно и тој ќе биди како Џими склон на повреди.
Џими, освен шо е со голема работа стигнал кај шо стигнал и има тужна прича како пола нигери во лигата не направил ама БАШ НИШТО во кариерата за толкав курч и препиченост да продава.
Ајде, разбирам, Коби со 5 титули да е препичен (беше егоиста), Џордан уште поќе разбирам, разбирам дури и Ле Брон да е препичен ради сето она шо го има даено на баскетот ама факинг Џими? За шо?
Една ебана титула нема во животот, настрана талентот и драјвот за баскет.
Кај и да оди прави проблеми, башка шо веќе тоа глуждојте му се кој лево кој десно, при доскок едниот му е во Богданци, другиот во Демир Капија, така да... фала ама не!11111
Добра утакмица беше Кавси Окц, 3 кои ги погодија Кавси у последната четвртина ја решија во нивна корист, Вилијамс страшно ја брани ПФ позицијата годинава но против снажни ПФ има проблеми со Бакси Јанис имаа проблем и овде Мобли и Ален и правеа доста проблеми, ме интересира како ќе играат одбрана кога ќе се врате Холмгрен не верувам дека ќе пуштаат волку корнер 3, плус додатен проблем е зонска одбрана која Кавси играа последните 5-6 минути Окц изгубен продадоа 2-3 топли 2 цигли овие погодија 3-4 тројки флоутер од плејот и полагање на Мобли-Ален. Слушав на овој подкастот што го имаат коментаторов на Арена удвојување (слушам само за нба) кажа податок петорката на Никси била на паркет 580+ минути ( преку 600 е со синоќешната утакмица) да не ги прегрее Тибодо овие како лани пошо следниот има 200 минути помалку од Никси кои се убедливо први.
Јанис вечерва има да не ресетира, комплетен никс против комплетен бакси во ПО ќе биди предност само она инкерот од тренер шо го имаат Бакси и тука да се крстиме на пролаз пошто Јанис нема кој да го чува 1 на 1 во никоја варијанта, ама баш ниту една.
Инаку, ги дадовме играчите за кур здравје и наместо прва постава и резерви сега имаме прва постава и три точки празно.
Тоа е данокот шо го плаќаш кога татко му на најдобриот играч ти го прај ростерот, а управата после добриот трејд со ОЏ требаше само да најди начин да го ували некаде Рендал, а за пиковите да донеси солидна 4 или 5 тип на играч као Марканен или пак да оди ол ин и да го брка Јанис.
Пошто ништо од тоа не се деси, а тимот е составен офанзивно да му парира на Селтикси (ако воопшто се сретнат до финале на исток) - да, тимот ќе му парира на Селтикси ама попатно Селтикс да не испадни од некој друг, а Њујорк во тоа финале на исток да биде намачкан на леб од Кавси? Пошто мене така ми изгледа и никако поинаку.
Требаше сезонава, кога веќе се свесни дека немаат клупа, да ја вади првата постава на секоја 2 утакмица и да оди ол ин на победа, на крај пак ќе имаше доволно победи да се замеша од добра позиција во ПО (шо видовме дека на крај е небитно) и ќе имаше шанси да му останата помалку повредени играчите.
Вака:
Брансон влечи повреди.
ОЏ игра цел бандажиран, само прашање на време е кога пак ќе паузира.
Мек Брајд повеќе не игра сезонава одошто игра.
КАТ ќутам да не го урочам мада некни истегна задња ложа.
Со Мич си играат топло ладно (куршташак де), еднаш го продаваат и го сместуваат во трејдови, еднаш го чекаат со душа да се врати на терен.
Прешас Апчихата се врати од повреда и го игра колку КАТ да одмори пошто нема каде.
Јас не знам со кој памет али ете, нека тераат па кога ќе дојдат пак до ПО испотепани и повредени нека објаснуваат на фан базата како тоа ја ебаа и оваа сезона со ростер кој сами го направија за да го надигра Бостон.
На крај, дупло голо.