Што се случува со животниве во државава?

  • Креатор на темата Креатор на темата Blackcomb
  • Време на започнување Време на започнување
Ме потсети на видеово, сигурно не е готвење у печка тоа што е добро за животните.
Јади си месо, се е тоа ок ако е твој избор, ама секој што јаде месо убива годишно по десетина ако не и повеќе животни. Тука се губи правото да се суди а и се губи логиката да се чуваат миленичиња.
Па и јадењето растенија не е помалку болно. Агрокултурата и производството на растенија уништува милион инсекти и помали животни, и нивните живеалишта. Фер ли е да не јадиш месо, а да користиш други животински производи како кожна јакна и чизми, волнен шал и волнени чорапи, козметички производи тестирани на животни, парацетамол/бруфен, амоксиклав, исто така тестирани на животни и сл? Во индустријата за растителна храна и те како се користат агресивни методи за производство и одгледување кои ја уништуваат и природата и биодиверзитетот.
 
Нејадење месо е етичка ствар, целата фора е у линијата на помал отпор односно правање што е можно помала штета. Рачунај дека кога јадеш свинско тоа животно што го јадеш имало емоции поголеми од кучето што го чуваш дома. Нема логика да јадеш месо и у исто време да се залажуваш со чување кучиња....тоа ми е поентата. Ја не те напаѓам, лицемерието е дел од секого....само ми смета кога вака јавно се бара жртвено јагне како овој што го тепаше кучето. Никој што јаде месо не е подобар од него.
 
Тоа ќе се покаже од кога ќе заврши СП.
Успехот ќе го мерам по фреквенција на постови од тригерирани вегани на фејсбук. Мада очекувам повеќе штета него фајде да има од ова особена со толка популација кози камили голуби и што не/
 
Успехот ќе го мерам по фреквенција на постови од тригерирани вегани на фејсбук. Мада очекувам повеќе штета него фајде да има од ова особена со толка популација кози камили голуби и што не/
Шо па сеа камилите и голубите ти сметаат?
 
Нејадење месо е етичка ствар, целата фора е у линијата на помал отпор односно правање што е можно помала штета. Рачунај дека кога јадеш свинско тоа животно што го јадеш имало емоции поголеми од кучето што го чуваш дома. Нема логика да јадеш месо и у исто време да се залажуваш со чување кучиња....тоа ми е поентата. Ја не те напаѓам, лицемерието е дел од секого....само ми смета кога вака јавно се бара жртвено јагне како овој што го тепаше кучето. Никој што јаде месо не е подобар од него.
Ама изборот на тоа дали ќе јадеш месо или не, не се сведува само на етика и морал, туку и на други фактори, па и на свесност и грижа за себе и сопствениот живот. Човековата физиологија со причина е приспособена да вари месо.

И не, целта не треба да биде да се избегне лицемерието, затоа што човекот бил и секогаш ќе биде лицемерно и дволично суштество (тоа го имаш на двете страни), туку да се стремиме кон решенија кои ќе бидат помалку штетни за живите суштества. Не мора да бидиме строги вегетаријанци или вегани за да покажеме етичност, туку изборите што ги правиме во животов да ги правиме водејќи се од принципи на помала штета на секое живо битие.
 
Кучињата се едни од најбезполезни животни а воедно и најиздигнати на пиедестал. Нема никаков бенефит од нив, ни млеко ни месо ни јајца само гомна влакна смрдеа и крлежи.
За ситуацијата со кучињата вината е во државата институциите и кучкарите, за да се реши проблемот потребни се законски регулативи каде ќе е потребно пасош дозвола и целосна одговорност за кучето, сакаш да чуваш ќе си плаќаш данок регистрација и превземаш секаква одговорност.
Кучкарите се арогантни и лицемерни по овие прашања, тие кучиња на улица на овој или на оној начин се донесени пуштени размножени токму од нив, луѓето што не чуваат кучиња немаат никаква вина тука а тие се најмногу засегнати.
Кучкарите не разбираат дека ако за нив тоа животно е нај нај за друг е смрдлива недефинирана форма на живот полна со крлежи и остали паразити и не сака да има никаква интеракција со нив, не пак да се мисли дали ќе го нападне глутница низ град.
 
дарлинг, ти како кучкарка, не се плашиш некогаш скитници да не ти ја направат салата пудлата додека го шеташ?
Шознам да имав куче ќе ми беше страв. И немаше да биде пудлица туку од оние померанец.
 
Шознам да имав куче ќе ми беше страв. И немаше да биде пудлица туку од оние померанец.

значи и ти си од оние што зборат за права некакви а не се засегнати никако.
 
значи и ти си од оние што зборат за права некакви а не се засегнати никако.
Тоа не можеш да го искусиш ти, но поинтелигентните секогаш зборуваат за подобро, дури и кога не се засегнати.
 
Има Протокол за убивање животни, било еутаназија, било во Кланична индустрија, посебно има муслимански протокол за јагњињата... Е сега има и грозоморен начин на Дерење животни, на живо, така и тука се Дереа јагњиња и јариња, можеби се уште
 
Ама изборот на тоа дали ќе јадеш месо или не, не се сведува само на етика и морал, туку и на други фактори, па и на свесност и грижа за себе и сопствениот живот. Човековата физиологија со причина е приспособена да вари месо.

И не, целта не треба да биде да се избегне лицемерието, затоа што човекот бил и секогаш ќе биде лицемерно и дволично суштество (тоа го имаш на двете страни), туку да се стремиме кон решенија кои ќе бидат помалку штетни за живите суштества. Не мора да бидиме строги вегетаријанци или вегани за да покажеме етичност, туку изборите што ги правиме во животов да ги правиме водејќи се од принципи на помала штета на секое живо битие.
Да беше приспособена живо ќе го јадевме....ама тоа се други причи. Животот не е едноставен секако, по некоја жртва е потребно да се даде тук таму. А алтернативи у исхрана има еден куп ама не е проблемот тоа.....проблемот е у желба за ждерење животни, некој тип на вампиризам...цицање на енергија. Чување животни од друга страна е сатисфакција која ја неутрализира од друга страна агонијата у која се наоѓаме заради фактот што и ние сме на некој начин третирани така.
Иначе на темава.....решение постои, може да се фатат животните и да се однесат на некои локации направени за тоа. Кастрирање и чување додека не умрат. Оние кои треба да се казнат се оние душегрижници кои зимаат животни по дома па после ги пуштаат на улица....а и за тоа има начин, ако сака некој да го реши проблемот.
 
И сега некој ќе се најде да ми рече а за луѓето нели ти е жал…Тоа што ми е жал за страдањето на животните не значи дека не ми жал и за страдањето на луѓето. Всушност, страдањето е исто, и во двата случаи сите живи суштества заслужуваат да бидат поштедени од тоа. Но, ние луѓето имаме способност да работиме, да заработиме и да се бориме за своите права и тоа ни дава можност за да се организираме во општеството, и да се залагаме за подобар живот. Животните тоа не го можат и наша одговорност е да им обезбедиме достоинствени услови за живеење и живот без страдање.
Пишав и погоре. Мене ич не ми е гајле за луѓето колку и да е непопуларно мислење. Секој си одоговара за кармата што си ја има нанесено. Така што и тие кучиња што ги напраѓаат и јадат се дел од некој кармички долг. Исто и тие што убиваат кучиња од забава. Мене никад ме нема ни нападнато ни каснато куче ваљда затоа што никогаш не сум имал зли намери кон животни. А со луѓе и обиди од луѓе се потешко функционирам.
Затоа и заслужуваме вонземјани да не држат како екперименти во зоолошка.
 
Како на Анима Мунди не им смета кога летно време се прска против комарци и се убиваат илјадници комарци?
Ако не па да ги остават комарците да касаат луѓе а? Каква глупа споредба еј.
 
Ако не па да ги остават комарците да касаат луѓе а? Каква глупа споредба еј.
Остај ги Менгеле екипава. Викаат прво дека од куче се немало корист атоа што не давало ништо материјално корисно. А никој не гледа дали кучето емотивно ти помага. Секако луѓе без емоции тоа може да го тврдат. За време на короната имаше ретарди што тврдеа дела мачките шират и дека треба да се истераат надвор од дома. АКо не и да ги убиваа. Јеботе у сред век се враќаме.

Па сега комарци спомињаат кои што се најоглеми преносители на зарази. Никој здраво разумен не би жалел комарец затоа што кај што немаш корист, имаш дури и штета и тоа огромна по здравјето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom