Можеби мери пулс на ситуација и сака да ти пријде на начин на којшто не би се осмелил да пријде на Муслиманка.
Не знам што сакаш да ти кажеме. Велиш баш мој тип, ама Муслиман е никогаш не би. Ако очекуваш охрабрување, што има врска, љубовта не знае за граница и слични виножита, овде многу тешко.
Прашај едноставно, од нас тој многу подобро знае зошто. Не знам дали е наш државјанин дали му е добар македонскиот, можеби и тоа е работата, јас вака како тазе гурбетчија тоа правев, следев шеми на однесување, ќе седнам некаде ќе набљудував кој профил луѓе таму се движат. Многу е важно да си добар посматрач кога си сам и можеш да се потпреш само на својот памет.
Следен пат, едноставно професионално прашај го.
Извинете, можеби не сте свесни ама вака и вака работата. Јас отворено би прашала да не има некаков проблем. Можеби причината е 512тата на лево од тоа што мислиш. Мене ми е голем притисок така да сум набљудувана а да не знам зошто. Така приметам ли јас одма, добар ден, повели сакаше да прашаш нешто. И тоа е тоа. Штом си пишала а не сакаш ништо со него , однесувањето ти пречи и треба да се санира .
Е сега и ти ако размислуваш за дечкото, вака ќе ти кажам. Со сигурност. Кој и да е, ако е вистинскиот со однесувањето нема да те натера да поставиш прашање на форум и секое солење памет за него би ти било вишок. Маж многу јасно дава до знаење кога не си игра со тебе. Затоа се вика маж, не мушмула.