Здраво ми треба малку помош. Татко ми планира да купи Peugeot 2008, модел произведен во 2020 година, со мотор 1.2 PureTech 131 hp. Автомобилот моментално се наоѓа во Германија, купено е од салон (го вози прв газда). Еден роднина го прегледа возилото пред некоj ден и рече дека возилото е коска, добро зачуван, каросериски, внатре, со многу опрема, тихо работел моторот, снажен и сл. Има поминато без малко 60.000 км.
Сепак, при истражувањето на интернет, прочитав доста информации и рецензии дека овој бензински мотор е релативно проблематичен. Конкретно дека ребрестиот каиш му е потопен во масло, се троши побрзо од очекуваното и се препорачува негова замена на секои 50.000 километри. Дополнително, се споменува дека од каишот што се троши, ситни честички често jа затнуваат маслената пумпа, што претсавува голем проблем, башка што го пише дека има голема потрошувачка на масло.
Со оглед на тоа дека цената на автомобилот, вклучувајќи ги сите трошоци(купување, префрлање, транспорт, царина) до регистрација, би била околу 14.000 евра, за возило старо 4ипол години и не е лоша зделка. Ако може да сподели некоj искуства во однос на овој мотор.
Благодарам однапред
Da ,,ne propustam,, da pomognam nekomu so znaenjeto i informaciite koi gi ,,imam skladirano vo glava,,.
Podaleku od toj motor!
Jas imam Pezo 308 t9 1.6hdi 120hp , prezadovolen. Ne mi e cel ,,da go favoriziram,, motorot ili kolata konkretno. Poentata e druga.
Kolata ja odrzuvam vo ovlasten servis Euroimpex.
Serviserite glava ,,ne znaat,, kade im e od problemi so toj puretech motor. Kako i od dizel 1.5hdi so ,,lanceto 7mm,, koe se resava so nova bregasta i lanec od 8mm sto e ,,masna cena,,.
No puretech ,,zaobikoli na sirok lak,,. Ne postoi covek koj rekol ,,dobra masina,,.
Zacleni se na fb grupata ,,Peugeot club Srbija,, i prasaj slobodno, ima mehanicari, patalci, ke dobies precizna ,,informacija,, okoku toj motor.
Sekoe dobro!