Факт е дека Арсенал е слаб напред, иако даваме голови, и лани бевме со 90+ голови, тоа е единствениот дел кој Артета го нема средено како што треба.
Одбраната е коска, има играчи за ротација, замените се добри. Средината исто. Ама затоа нападот не е.
Зависиме од Сака и Одегард, и нивната комбинација, и за жал годинава двајцата се повредија на подолг период, што дефинитивно се одразува на играта.
Фали напаѓач, Каи е супер играч за замислата што ја има Артета, и врши работа во моментов, ама треба подобар од него, за да може да се ротира.
Фали и добро и директно крило, Мартинели за жал, не е тоа.
Тешко да ја добуткаме сезонава вака до крај, освен ако нешто не се повампири Мартинели/Тросард, ама не верувам.
Од друга страна, и за Пул не очекувам дека до крај ќе ја задржи истата форма, Салах е нереален сезонава, не знам до кога ќе тера вака. Имаат среќа ги избегнаа повредите на клучните играчи (Салах, ВВД, Гравенберг), ако им се повредат 1 или 2 од овие ќе видиме колку се стабилни.
Во секој случај се во пол-позиција.