Целиот муабет е дека во главите на дпмновците (а очигледно и на Кано), цела младина од Комити, а и пошироко, која кур ја боли за партии, не се зависни од партија затоа што модерното време на младите им нуди 100000 алтернативни начини за заработка, мислат дека се платеници од сдс или Левица намерно дојдени да опструираат јак Вардар. Не можат да сфатат дека оваа младина не се тие имбецилите од УМС и им се повраќа од ликови ко свињата и селските фори кои ги продава на сајтот од таа квачката на Гача.
Не можат да сфатат дека ова не е 1990 година кога водачите на Комити истовремено биле главни во партија, со државни функции, дека младите не се палат на тоа НЕКОЈ ДА ИМ ДАВА ПАРИ ЗА ДА НАВИВААТ, ДА ИМ ПЛАЌА ГОСТУВАЊА, ДА ИМА ГАГА ВЛЕЗ, ДА ИМ ДАВА ПАРИ ЗА СЕ И СЕШТО. Сега е 2025 година, младите без проблем со години плаќаат сами влезници, даваат по 1000ка за гостување, секоја утакмица купуваат реквизити, не чекаат некој да им подари маица за освоен куп.
И бесцелен е секаков муабет. Жими куров имало подгрупи што не биле задоволни од ситуацијава и сакале да навиваат. Секако дека има во главно постари членови кои ниту се активни редовно, ниту се некој фактор во групата, кои за пари газ би дале и би активирале некои маалски екипи да навиваат, ама активното членство од годиниве и во ситуација кога нема официјален бојкот не оди на трибина веќе, а не па да се тргнат сите кои вистински го сакаат клубот. И Работнички имаа 30000 публика во Европа, па сите знаеме колкаво значење имаше тоа.
Пак ќе кажам, жалосно за сите нас, жалосно за цела скопска младина, а најжалосно што една партија која треба да биде најпатриотска веќе втор пат не учи од грешките од минатото. Веќе избркаа златни генерации од сите населби во претходното владеење, а сега продолжуваат на тој пат. Ќе дојдат нови генерации, ама без организација ќе се бламираат како оние што бегаа од свадбарот.