Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
20 мај 2023
Мислења
609
Поени од реакции
2.745
Мене ми беше досаден Анора, посебно на почетокот мислим дека цел саат се развлекуваше толку бавно и све едни исти сцени гледав не знам како не заспав на пола филм. Јес да на моменти беше смешен, на моменти со некој бајат хумор што потсеќа на стара балканска комедија, ама overall ништо спешл.

Substance од друга страна интересен и со одлична презентација што се случува у Холивуд (не дека не знаевме) и желбата да се остане вечно млад, пошто нели, секогаш ќе има некој помлад и позгоден што ќе ти го земе работното место. Зачинето со хумор и налудничавост, мнооооогу налудничавост. Деми ја немам гледано у филм одамна, ете и глобус зеде за перформансот у филмов.

И на крај The wild robot ако имате потреба да си заплачете ко мало дете, а и да немате потреба филмов гарант ќе ви ја извади на површина, нема вие сакам нејќам. :) Ако не ви смета да сте бомбардирани со емоции од сите страни (хумор исто има, слатки животинчиња има) ништо друго не ви треба реално, филмов е the whole package.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
892
Поени од реакции
1.947
The Apprentice - Себастијан Стен и Џереми Стронг значииииииии врв. 10/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.162
Поени од реакции
37.737
Мене ми беше досаден Анора, посебно на почетокот мислим дека цел саат се развлекуваше толку бавно и све едни исти сцени гледав не знам како не заспав на пола филм.
Ти не си машко, затоа. :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Кога ќе ми текне само на Eraserhead .....
Уште ме прогонува. Колку само забеган филм.
Лесна земја маестро. Ќе останеш еден од најголемите на сите времиња.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.852
Поени од реакции
12.118
Mulholland Drive, Blue Velvet, The Elephant Man, се ремек дело до ремек дело и нормално тука е Твин Пикс која е револуција во сериите. Крал на надреализмот и голем уметник, нека почива во мир.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
541
Поени од реакции
1.813

Kajgana Shop

На врв Bottom