Покажаа многу слабости Селтикси против Оклахома во неделата. Застана шутот за три што нормално ќе се деси и не можеа кошот да го видат. Повитални се во рекетот и Кавс и Оклахома. Ако сите се здрави во плејоф , не гледам зошто не би го повториле истото и таму што го прават до сега.
Мавс лошо си поминуваат од Божиќ католички па навака, а и не може да се каже дека е некое изненадување. Ирвинг и Лука често се повредуваат , среќа па кај Гафорд не е ништо посериозно. Победа голема колку планина против Лејкерс , мислам и вечер против Портланд ја имаат.
Грајмс , Пи Џеј и Динвиди не разочараа , проблемот е што немаат континуитет и ако не им иде шут , Клеј сигурно нема да ги вади. Од Февруари со здрави Лука и Каи ќе има реприза на сезона лани, ќе се доближат до 50-52 победи , најверојатно 4-5 место пак на запад.
Инаку и Нагетси живнаа малку , со Јокара сеа после славењето Божиќ имаат нешто полесен распоред пред се ради десеткуваните Мавс и хаосот во Мајами.
Треба 4 победи од наредните 6 и да им дишат у врат на Мемфис и Хјустон.