Јас не искоментирав врз основа на тоа што другите ти реплицираа пошто не ме засега, искоментирав во однос на:Во право си од а до ш. Јас под не се цвеќе за мирисање токму тоа го мислев. Ова марширање од другиве е башка категорија. Не се ни трудат да ублажат. Ама за искреноста ги поздравувам.
Сума сумарум, јадни ние со комшиите вака ќе гледаме да измериме помало зло во надеж.
Од причина што воопшто не се согласувам дека е „исто, а сепак различно“ т.е. не е ист односот на србите кон нас отколку на бугарите или грците.Србите не се совршени и безгрешни, но реално од комшиите немаме никој понаклонет кон нас од нив. Муабетот што го имаме со Србите го немаме со ниеден друг сосед. Така што... Не е баш исто. Кога Грк нѐ нарекол браќа? Пак ќе речам никој не е цвеќе за мирисање но разликата е очигледна.
Потполно ист е, дури и бетер односот - за лицемерието кое го прикажуваат кон нас со векови и не „помагаат и сакаат“ како помали браќа.
Не се работи воопшто за бирање на помало зло, туку за чисто зло.
Мене ми е сето тоа фуј.
ЕДИТ:
Колку да се знае, не те напаѓам тебе лично со ставот кој го имам туку не смееме како Македонци да дозволиме идни и сегашни генерации да читаат (макар и на форум, пошто сепак е социјална мрежа) како тоа Србите се нешо ВАУУУУУ и нешо ВАУУУУУ ни се имаат најдено во историјата кога си патиме исто, ако не и дупло повеќе во однос на другите соседи и тоа треба јасно да се каже и јасно да се знае.