Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.720
Поени од реакции
4.161
Македонче си е Македонче, отишол во град од регионов на новогодишна прослава и нормално слика од дневна прошетка со тренерка :ROFLMAO: какви панталони и фармерки само спортски стил 24/7 а последен пат спортувал кога трчал до трафиката да си купи цигари
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.193
Поени од реакции
27.884
Драга,

пред да ти ја честитам новата година, да ти раскажам љубовно-емотивно интересно премрежје што ми се деси годинава и што сакам да го оставам во годинава. Најбитно е што убава лекција и поука ќе ми биде за понатаму во животот. Па идеме ..

Годинава запознав неколку навистина добри девојки. Под добри мислам на карактерно добри со убави, изградени карактери и однесување што може да почне да се смета за wife matrial. Но... Мора да има но за да биде интересно.
И едната и другата и третата заглавени во зачарани круг по бившите. Ма џабе пишување совети со денови, потрошени часови и часови давање совети секако на нивна воља, компарации, споделување искуства... Све е џабе. Колку и да се прават паметни (според нив) дека тие веќе пораснале, созреале, научиле нешто и дека нема да ги повторуваат грешките од минатото пак си ги повторуваат. На едната типот како куче ја истерал : " Ama jbg Ska, toj mi bese prv. Ne moze on da bide tolku bezobrazen i nasilen kolku sto ja mozam da bidam naivna i da veruvam vo prazni vetuvanja deka se promenil". Друга пред неколку години прекинала со бившиот, после се смириле. Дошле до венчавка, пак тој ја рецнал си исчезнал од нејзиниот живот. Земал преку мајка му, ДА МАЈКА МУ, да ја моли да омекне ситуација девојкава да го земе назад затоа што јбг, синчето ќе остане неженето. Предходно вака омекнувала ситуација и сестра му. А синчето и братчето да ти кажам не се некое 15 - 20 годишно неискусно тинејџерче туку магаре од 35 + години. Чисто за инфо, јас мајка ми последен пат ја викнав да ме брани у 5то одд кога една глупача по ликовно не сакаше да ми ги прегледа цртежите затоа што сум и избегал еднаш од час. Тогаш мамичка ја викнав да и објасни на глупачата дека поведение и залагање на часовите се две различни работи. Не сакам да замислам на кое ниво на дно треба да паднам на овие години да ги викам мама и дада на дејт да ми менаџираат ситуација. И секако се ова повеќе кажува за девојките отколку за дечковците.

Значи да резимирам. Колку сака некоја нека е паметна, начитана, мудра, просветлена... Стокхолмскиот синдром секогаш ќе биде појак од нејзе него разумот. Затоа џабе не викаат а и ние на форумов истото го заклучивме дека што помалце време и внимание и посветуваш повеќе ќе те почитува. Што повеќе покажеш цврст став повеќе ќе има стравопочит. Ете затоа драга девојките не ги сакаат добрите момчиња.
Ама чим си избираат сами такви типови на партнери нема ние што тука многу да се замараме. Може само да ги пречекаме со исповеди во љубовните теми за некои 2-3 години (ако не и порано) кога бракот ќе почне да фаќа удолници.

Среќна нова година на тебе и на сите на форумов.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.717
Поени од реакции
115.490
Се согласувам горе доле со постот на Ска, само една работа не ми е јасна, со ништо не ни докажа дека он е добриот момак во ситуацијава, чим со три му се десило истото до него има нешто. :D

Шала на страна, да не бидам оф топик дојдов да пишам нешто околу жените ама ете Ска напишал па некако ја изгубив инспирацијата. Поентата ми е дека сите, ама буквално сите, се како родени од иста пичка. Значи имаме добри, лоши, нервозни, ментални, контрол фрикови, љубоморни итн, ама се ова е небитно кога некои нарави се исти кај сите. Пример, гледам јас фудбал, доаѓа и вика дека и е досадно, викам ајде ок смени пушти што сакаш..., пушта Канал 5, на ТВ лабаво си тера САМО ВИСТИНА со Сотир Костов и Пеце Бунтур, она чепка у телефон и секако ништо не гледа на ТВ, ама битно не е пуштен фудбал на ТВ и не може јас да гледам. Е тоа е еден од многуте примери што е жената и како и работи мозокот, у глобала суштество родено за инает и да го нервира машкиот род, али сва среќа има вагина меѓу нозете па со тоа е сопственик на најмоќното оружје во светот со кое го држи машкиот род во рака.

Да не тупам многу, среќна нова и Форца Интер.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.610
Поени од реакции
88.108
Среќна нова на сите членови овде...оваа 2024 ми беше можеби најтешката година во моиве триесет и кусур години, ваква година не посакувам ни на најголемиот душман да му се задеси. Не сакам да бидам како оние инфлуеСеркине со new year, new me ама стварно посакувам конечно да тргне новава со малце повеќе среќа на личен план...не барам многу, и со малце ќе сум задоволен.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.962
Поени од реакции
11.245
Среќна Нова на сите членови..
Само најубави желби и да ви се исполни се што сакате..

 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
450
Поени од реакции
745
15 дена без тебе кајгано. Тука ти раскинувам.

Сакајте се и почитувајте се себеси, сакајте ги тие околу вас а почитувајте ги тие што ве почитуваат. Во новата година и секоја следна до крајот имајте здравје и љубов. Среќна нова година драги мои.

Во Година 3084, 31 земјен ден и 2 севселенски денови, Столе клекна и се предаде на Господа и тука завршија сите негови писанија. Немир вечен а долг пат. И пак почнува Почетокот.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.128
Даска спремав за гости. Изморена.
Третина смажитис.:unsure: Не личеше на ништо а не остана доволно намирници за да се дополни.

Од другата соба глас од телефон : ,, Да бе како не, Грл се остаи у кујната само вас ве чекаме спремни сме. :facepalm:

Од кујната пристапувам кон правење на Тошо, не не слушнав ништо, што тоа, како бе така никој мене не ме прашува ... :rolleyes:

Се збучкуриша нешто, изблендирав шо има, мед, сенф, прелиј, рерна. Аууу вери дилишс. Од ваш крај нешто? Не, ја имав еден период пред години експериментирав рецепти, мој изум е. Изумот се роди 47 минути пред да стигнат.

Имам обетки шо ѕвонат, за денес специјални, не смее никој да рече дека не ми стојат. Баш сум симпатична, ко 8 годишно дете шо скришно се кити во собата на мајка ѝ.

Среќна Нова година дечки.
Живи, здрави, весели, без негатива.
А пред сѐ, здравјево да го сочуваме, оти денешно време е предизвик.

И една од мојот покоен татко, човечки е да се згреши, доблесно е да се исправи. Поважно е да си љубезен отколку да си во право. И така штом излезе човек низ куќна врата, нељубезност колку сакаш. Допуштете си среќа.
Идам сеа да се праам домаќинка ќе навратам пак.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.406
Поени од реакции
10.337
Новогодишна атмосвера- тапа
Новогодишна тв програма- срање у боја
Форумска новогодишна состојба- по тапа, амин.
...но, како и да е, ке ми недостасувате сите!
Имајте добар и весел дочек, бидете среќни, весели, спокојни, здрави!!!!
На тетка тие убавите, пазите со тоа петардите, да не се повредите.

:)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.459
31ви, на работа до 1. Син ми ми се јави и ми рече да дојдам и да го гушнам и заедно да гледаме огномет.
Дедо Мраз можеби не ги исполнува сите желби, ама мајка - да.
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
921
Поени од реакции
2.660
Кој админ е дедо мраз на форумов што исполнува желба за промена на јузер.
 
Член од
28 ноември 2022
Мислења
442
Поени од реакции
833
Dragi clenovi, neka Vi e Srekna novata godina. Prvenstveno bidete zdravi, drugoto ke si dojde ,,samoto po sebe,,.
//kolku izuzetno ,,mokna pesna,, , tolku super spot 2018y -zirnete go//
Zelba ,,samo zelba,, , golema mi e. Da prestaneme ,,da se samounistuvame,, pomegju sebe. Istoto go pravime ,,vo turbo mod,, 24/7.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom